1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

7 причини зошто еден маж би се откажал од секс

Дискусија во 'Секс' започната од anastasija85, 25 декември 2010.

  1. anastasija85

    anastasija85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    555
    Допаѓања:
    1.027
    [​IMG]

    Во пракса многу жени, уште од времето кога биле помали, знаат дека мажите секогаш го сакаат сексот. Дека би направиле се за да го добијат и дека ќе се втурнат по се што носи сукна и се движи.

    Затоа, кога една (веќе порасната) жена е во расположение за секс-закачкувања, најверојатно нема да има нешто пошокантно од тоа да чуе извинување од видот на: “Не сега мила, ме боли главата”.

    Моменталната реакција е самообвинување: “затоа што сум дебела” или “затоа што ми се мали градите. Но … еве ја и чистата вистина: Машките сексуални проблеми немаат никаква врска со големината на градникот или вашата половина. Покрај тоа – најчесто тие немаат никаква врска со вас воопшто.

    Преглед на тоа кои се вистинските причини за недостаток на сексуална желба кај мажите – дури и при совршена можност.

    1. Остареното момче
    Иако тоа е нормален дел од стареењето, за 40-50 годишните мажи ерекциите не се (веќе) автоматски реакции. На нив им треба посебно, еротски подесување. Ако во моментов еден маж не размислува за секс и вие одеднаш му кажете: “Ајде да одиме сега во спалната” треба реакцијата да му биде: “О, тоа звучи супер”, но на оваа возраст тој, всушност, си мисли: “Дали ќе можам”?”.

    2. Премногу големите очекувања
    Обвинувајте ја Виаграта и нејзините братучеди. Бројот на мажите со проблеми во сексот кои инстинктивно се заинтересирани за лекови со очекувањето дека тие ќе ги решат проблемите, е огромен. Но, работите всушност не се случуваат така. Парадокс, според експерти е дека овие производи предизвикуваат повеќе асексуални односи, отколку било што друго во историјата. И не затоа што не се добри лекови. Кај 65% до 85% од случаите тие помагаат за остварување на сексуален чин. Но, кога еден маж нема 100% сексуална самодоверба, тој се очајува, смета дека е единствениот, пропаднат и тоа – и после земањето Виагра! Целосно фијаско, што често целосно ги откажува од сексуални обиди.
    Покрај тоа, треба да се напомене дека често проблемите кај мажите се повеќе психолошки отколку физиолошки. Затоа, кога еден маж одлучи да посегна кон Виаграта или другите PDE5 инхибитори, потребно е прво да побара консултација со психијатар/сексолог. Кога има наталожени и нерешени емоционални проблеми, лекот може и да не го даде ефектот што го очекуваме.

    3. Цигарите
    Пушењето ги стеснува крвните садовите и го намалува крвотокот – не само во крвоносните садови што водат кон срцето. Крвните садови на пенисот се и почувствителни, затоа што се помали. А помал доток на крв – потешко воспоставување ерекција. После толку јасна и недвосмислена реченица има ли смисла да кажуваме повеќе?!

    4. Стомакот на Дедо Мраз
    Големиот стомак на вашиот сакан може и понекогаш да ви се допаѓа, но со сигурност не му помага во сексот. Тоа е така, бидејќи мастите на стомакот се различни од мастите во останатиот дел од телото.
    Мастите на стомакот го содржат ензимот ароматаза, што го претвора тестостеронот – хормонот одговорен за либидото – во женскиот хормон естроген. Помалку тестостерон значи и намалено либидо, а со тоа и желба за секс.

    5. Не се сите системи исправни
    За една ерекција е потребно многу системи во телото на мажот да функционираат правилно. Крвниот систем треба да е во нормала, за да обезбедува крв до пенисот, нервниот систем треба да ги пренесува сигналите, хормоналниот систем мора да обезбедува тестостерон, за да се добие вистинската хемиска формула… Тоа значи дека сексуалната дисфункција е навремено предупредување за можен сериозен медицински проблем. Навистина сериозен: Коронарната срцева болест (исхемична болест на срцето) обично се развива три години после првите знаци на еректилна дисфункција; дијабетес – после осум години еректилна дисфункција, а кај мажите со висок крвен притисок, еректилната дисфункција предупредува исто така за можен срцев удар и мозочен удар. Во овој случај еректилната дисфункција е симптом, индикатор за тоа колку е опасен високиот артериален притисок. Таа покажува дека можноста од срцев удар или мозочен удар е поголема отколку кај мажите со висок крвен притисок, но без еректилни проблеми.

    6. Емоционален товар

    Некои мажи не само што носат “емоционален товар” со себе, туку се и едноставно потиснати од психо-остатоците од минатите врски. Ако еден маж е поминал во сложена разделба, а партнерката му била многу критична кон него како кон љубовник, тој – многу е веројатно – сака врска, но не е сигурен дека ќе биде способен да се справи како маж.

    7. Неговата свест е премногу “загрижена”
    Во многу случаи, мажот бара секс за да му послужи како растовар од тензиите, но некои ситуации можат да го натераат неговото либидо да “заспие зимски сон”. Понекогаш човек може да е толку загрижен за решавањето на проблеми од секојдневниот живот да сексуалноста му остане последното нешто за што воопшто се сеќава. Стресот, исто така, може да е причина за силен замор, која на крајот од денот целосно уништува. Покрај тоа, определен тип однесување, поврзан со стресот – пушење, пиење, прејадување, употреба на лекови, исто така, влијаат на либидото.
     
    На najnajsexy56 и Alexandro_No1 им се допаѓа ова.
  2. Gkatzopulu

    Gkatzopulu Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2010
    Пораки:
    46
    Допаѓања:
    9
    Bi sakala dami odgovorite koj se pricinite za zenite t.e.obratno od mazite.Toa go prasuvam oti poznavam prijatelka koj ima problem so seksot.Ima ljubov od dvete strani postojat vo brakot.Sekojdnevno ima stres,za sitnici se karat so mazot nejzin.Od rabota premnogu ima stres.Toa mi go objasnuvase prijatelkata mi.Taa saka da znae sto e pricinata sto nemoze da custvuva zadovolstvo seks.Ima problemi zdrastveni isto ima debelina golema na teleto.Pozdrav

    [mod-kirilica:38h5soh5][/mod-kirilica:38h5soh5]
     
  3. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.332
    Допаѓања:
    47.812
    Пол:
    Женски
    Како што си напишала ,другарка ти е најверојатно незадоволна од изгледот на своето тело и тоа е сигурно причина број 1 за немање желба-несигурноста.
    А исто така и стресот е голем фактор во оваа ситуација.
    Депресијата исто може да ја намали желбата за секс,која може да биде предизвикана од секојдневните расправии.Треба многу работи да се надминат,за повторно да се воспстави нормална врска. :inlove:
     
    На Arjanit2021 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    Мој совет е другарката да оди контра на она дека стресот треба да и ја намали зелбата за секс, т.е. да го „убива„ стресот со секс барем кај мене секогаш успева :D . Во врска со изгледот или дебелината кај мазите изгледот е битен дури не те освојат, ама тие се веќе заедно и тој не ни размислува за нејзиниот изглед премногу дури имаат секс, така да нека не се оптоварува многу со тоа. Сум читала и статии како мазите не мислат при секс многу на изгледот на партнерката, туку на задоволството. Ова сега ќе звучи малку нескромно ама јас изгледам многу привлечно, а дечко ми при секс го пали мојата напаленост, а не се насочува на мојот изглед или не претерано ова го имам приметено и сме го коментирале заедно. Сексот е повеќе резултат на замислите кои ги создаваме и со тоа се возбудуваме до максимум, не е многу визуелен, па изгледот не е пресуден за узивање во секс(Сигурно ви се случило да не ви е сексуално привлечен тип кој изгледа фантастично).И нека се врати другарката на сексот, греота е да го нема ;) .
     
    На Ana.brojka му/ѝ се допаѓа ова.
  5. -црноока-

    -црноока- Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јули 2022
    Пораки:
    552
    Допаѓања:
    3.252
    [​IMG]
     
    На Arjanit2021 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Aнонимус_

    Aнонимус_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 август 2022
    Пораки:
    486
    Допаѓања:
    1.455
    Пол:
    Машки
    Многу е 7 :D нема толку :shake: