На баба ми веќе и купив паричник,секако утре ќе одам по добар букет на цвеќиња.Мислам и на мајка ми исто да и купам паричник и секако голем букет цвеќе.Значи подароците ќе бидат слични,различни букети цвеќе и различни паричници,ама идејава мислам ми е полн погодок.Од причина што мајка ми одамна бара паричник,па одлично се совпаѓа, исто и баба ми.На тетки,стрини и останатите роднини не планирам да им купувам ништо.Може некое цвеќе,не сум за трошење,штедам,па додека можам да издржам да штедам ок е(пошто кај мене пари не стојат).
Во основно имав класен раководител и баш убаво ни беше во одделението. Додека сите други даваа пари и поклони, ние не се замаравме. Е во средно, имав класна чиј што син учеше во мојот клас. Секогаш го носевме со нас кога купувавме за да ни каже дали ќе и се бендиса подарокот на мајка му. Сега кога ќе се сетам какви се работи сме и купувале, ќе паднам од стол! Една година и зедовме од тие ќерамичките кукли, ги знаете високи, слаби, црни што беа! Следната и купивме исто огромен украс, ама само јас и другарка ми знаевме што е всушност подарокот - тоа беше една огромна жирафа свртена наопаку со газот горе а главата долу, никој не и го наоѓаше крајот. Битно нас ни се допаѓаше Потоа и купивме брош, нараквица и ланче комплет, тие барем си ги износи, ја гледавме на часовите. Наредната година пак се вративме на украсите само овој беше со нормална големина, и дадовме многу убава кутија за накит. Ама секогаш беше задоволна. Злато и купивме само на крајот во 4та година, за разделбата. Мислам прстен дека беше од бело злато. Можеби и тогаш беше претеран поклонот, ама ајде. На мајка ми од секогаш и купувам по нешто, дали цвеќе, украс, книга. Утре ќе и купам прслук - ем и треба, ем ќе го износи. И цвеќе ќе и земам и тоа е тоа.
Жената е како цвеќето.. Треба во секој миг да ја полеваш.. со нежност, со љубов..со насмевки.. За да расте да ја покаже својата Големина и Убавина и само тогаш ќе и се Восхитуваш.. Среќен 8-ми Март
Станав во 7 саат да купам ружи за припадниците на понежниот пол во мојата фамилија Тој па едниот ми вика 150 денари ружа , ваков квалитет нема ни во Америка.... му ги најдов истите ружи 20 метра подоле за 80 ден .... Им честитав на сите празникот и толку од мене за денов
Нека им е честит празникот на сите припаднички од понежниот пол... славете по своја желба, но не заборавајте дека на денешниот ден жените излегле да се борат за својата рамноправност со мажите, во одбрана на своите човекови права, а не за славење по кафани
Среќен ден на куранфилчињата Досадни сте со каранфилите, кокичиња подаруавјте му, ако немате пари за нешто друго.