па можиш да ја изненандиш со некое поклонче, не мора да е некој голем поклон, али мала пажња на ниедна девојка нема лошо да и дојде
@Tutan јас сметам дека девојка ти на 16 години е доволно голема за да и купиш подарок за 8-ми март,посебно ако одите подолго време.Купи и еден голем црвен каранфил завиткан во фолија со машничка од цвеќарница или ако имаш повеќе пари букет со неколку такви црвени каранфили од цвеќарница.Можеш и еден мал женски парфем или дезодоранс и тоа во ќесичка торбичка од книжарница купени да и ги подариш.Исто и една честитка со црвени каранфили или ружи по повод празникот со напишана честитка со посвета внатре сето тоа да го ставиш во таа ќесичка торбичка од книжарница да и ги подариш.И секако,да ја бакнеш и силно да ја прегрнеш честитајќи и го празникот кажувајќи дека многу ја сакаш.
Ви благодарам мнооогу. Секако дека немаше да ја оставам без поклон. Но барем се одлучив што ќе и подарам. Ви благодарам уште еднаш за советите.
Не' наредиле убаво... А, се пријави насилство врз жена, изигнорирано е. Во Македонија нема цивилизација, туку снајди се па живеј, како во џунгла... Жените се обично оние што страдаат најмногу тука. 8-ми Март не би требало да се слави во кафана, туку на улица со транспаренти... Секако, со надеж дека ќе се помрднеме чекор напред.
Пaпи секaкo декa се' тoa ми е кристaлнo јaснo и се сoглaсувaм сo тебе. Сaмo сметaв декa темaвa не е сooдветнa зa вaкви сериoзни дебaти пa зaтoa и кoментaрoт пoгoре ми беше шегa. Акo немa тaквa темa, a мислaм декa имaше некoјa пoврзaнa сo феминизмoт, дa oтвoриме пa јaс сo зaдoвoлствo ќе си гo дaдaм свoетo мислење тaму. А тукa дa ви честитaм нa сите среќен прaзник. Стремете се преку целa гoдинa дa јa зaчувaте еднaквoстa и рaмнoпрaвнoстa, a не сaмo денескa дa се рaдувaте нa цвеќињa.
Бидејќи понекогаш одлучувам во последен момент, сега сакам порано, па да ве прашам за совет што да и купам на мајка ми за 8ми март? Не сакам стандардни поклони како парфеми и букети. Љубител е на книги, многу сака да чита, меѓутоа за еден роденден и купив книга, па сега сакам нешто поразлично.
За жал нема да бидам дома тој ден... ќе и го честитам преку телефон или ќе и купи сестра ми нешто во мое име.
Бидејки се ближи денот да си почнеме малце со време. За мајка ми знам што ке купам. Али не знам за идната ми свекрва. Планирам една ташна или новчаник со цвеќе нешто во саксија мало а што има предиспозиции за да расте големо ама го кажав ова Што мислите вие што би бил нај идеален подарок за вашите мајки, баби, тетки, вујни па и идни свекрви