Малку е без врска за 6 да купиш за другите не. Или земи по еден каранфил за сите или ништо за никого.
Јас и купив крема за брчки (пудра не користи), ваљда нема да се налути. И купив и парфем и кармини. На свеки марама и кармини. На сестра сет обетки.
Го прочитавте ова? Ненормална работа http://www.fakulteti.mk/news/18-03-...rgovski_centri_skapi_chanti_i_chasovnici.aspx
Среќен 8- март жении се најубаво ви посакувам, секој ден да ви е 8-ми март!!! Успут дајте ми предлог на свеки во најава што да и купам? Од подароци до сега што сум и однела има колекција, марама, ташна, накит... размислував убав чадор да и купам, што мислите?
Или некое цвеќе што траае и идејата ти е добра за чадор има убави во томтејлор и уште нешто можеш освен чадор некој лак за нокти
Мене ми се блуе од ДОМАЌИНСКИ АПАРАТИ на попуст. Да ми купи мене тоа некој за ОСМИ ФАКИНГ МАРТ ќе му ја треснам теслата на попуст купена од глава. Празников е во чест на жените кои се избореле да имаме каде каде поеднакви права кон што треба да се стремиме, а не да биде користен како алатка повторно да не стават во загради. Подарок за домаќинството не е подарок за жената. Жените не се слугинки.
Жени, среќен 8ми март! Се надевам дека барем денес ќе се инспирираме да сме фини една према друга, да сфатиме дека е океј да сакаш да си мајка и да не сакаш да си мајка, дека е океј да сакаш кариера и да не сакаш кариера, дека е океј да си различна, а сепак иста со останатите жени. Учете си ги ќерките да бидат силни и да не се плашат да го остваруваат она што го сакаат без разлика на тоа што општеството има да кажи, и учете си ги синовите да ги почитуваат таквите жени, со свое јас, со сила, со идентитет! Жени, мајки, баби, сестри, брачеди- нека ви е среќен празникот на жената!
Среќен празник, среќен 8ми март! Нека денов биде потсетник за тоа до каде сме стасале, и уште колку треба да постигнеме во иднина. Заедно за женските права, заедно за еднаквост. пс: И доколку никој не ви подарил цвеќе, одете и сама купете си 10 Важна е пораката, не поклонот.