Кога бев дома и купував на мајка ми и бабите саксиско цвеќе. Сега сум далеку и се спасив од купување плус мажена, се зголемува трошокот. Свекрва, етрви.. За мене поубав поклон од цвеќе нема. Лани добив од фирмата карта за спа и базен, а само на една колешка и подарив букет цвеќе. Толку беше среќна, очите солзи и се наполнија кога и го подарив, рече дека ни ќерка и досега и нема подарено и честитано 8ми март. Тука не обраќаат воопшто внимание на овој празник.
Јас само на баба ми и стрина ми ќе подарам. За стрина ми купив кристал, маховит ахат. За баба ми домаќински работи и купка Балеа од ДМ земав голема. За свекрвата не се трошам. Лани и купив кактус со преубава саксија, ме фати околу 500 ден. Ниту фала не кажа, ниту нешто она ми зеде. Затоа годинава нема да и купам ништо, ниту нејзе ниту на јатрвата. Ме изнервира вчера. И купив преубави крофни дури од Неготино и ги донесов бидејќи знам дека сака такви работи. Не ги ни допре. Ја прашав зошто ме прашува од кај биле, викам купени се, пак прашува од каде и кажувам и ми вика ау не бегај таму во Неготино врие од корона. И си ги земав и реков ОК јас ќе ги јадам ако има корона од мене ќе се заразиш. Планирав да направам гест да и купам нешто ама после тоа со крофните ноу ноу. Кај нас во нашиот град врие од корона. Раздавенки од гробишта може да јаде и од слаткарница пред една недела може да купува тулумби и еклери ама крофни од Неготино со корона се. Во превод од мене штом е не сака ништо, епа нема ни да добие, немам вишок пари секако.
Изгледа имаш проблем со свекрвата ти Како и да е, мајка му е на сопругот, една ружа земи и. Барем јас би и зела...
А кои права ги немаме па за сега да протестирам? Ова е празник кога се добиени женските права, а не секоја година да протестираме. Па не сум во земја од третиот свет за да кажам дека не сум задоволна
И мене ме интересира истото. Зашто јас повеќе се чувствувам како да живеам во Пакистан, а не во земја која тежнее да биде дел од ЕУ и покрај тоа што имаме право на глас, образование, кариера, семејство... Јас, како женско, се чувствувам угнетено овде во Македонија.