Подобро е времето од претходниот, ама стојам на став дека протести мора да се прават вон работно време, посебно ако се бара поддршка од јавноста
А кој 8ми март го славите, германскиот или рускиот, и зошто? Инаку, во недела бил одржан, јер неработен ден
Ај утре Бтв... Мене ич не ми сметаат и кафани и прослави и слично за „празников„ Оти реално и празник е, само ние си го земаме здраво за готово. Се додека прославувачите знаат што прославуваат. Жалното е што многумина не знааат.
8 март е ден на жената, не ден на женските организации Драги женски организации. Ние, македонските жени бараме во духот на 8ми март како ден на жените и особено како ден на ЖЕНИТЕ РАБОТНИЧКИ маршовите за 8 март да се организираат надвор од работното време. Да, за сите што не сте знаеле, 8ми март е меѓународен ден на жените работнички. https://www.theage.com.au/national/...nternational-women-s-day-20210305-p5786b.html Исто така, престанете да си го присвојувате 8ми март. 8ми Март не е ден на женските организации. На 8ми март маршираат ЖЕНИ, не женски организации. Жени мајки, жени работнички, жени кои не издржуваат семејства со пари од невладините организации и кои СЕ ЗАВИСНИ од работните места кои не смеат да ги напуштат за да отидат на вашата приватна осмомартовска "забава". Оти опстанокот на општеството зависи од трудот на жените, оти опстанокот на капитализмот стои на грбот на домашната работа која ја извршуваат жените. Разединени сме безгласни, заедно сме силни. Не ги разединувајте жените, дајте им ЕДНАКВА МОЖНОСТ на сите жени да го изразат револтот кон државата. Оти сите сме револтирани, сите сме бесни, СИТЕ НЕ БОЛИ Среќен 8ми март. За поклон од мене ќе добиете постери од научнички, математичарки и инженерки оти денес ги славиме жените. ДА НЕ БИДАТ ЗАБОРАВЕНИ!!! https://www.amightygirl.com/blog?p=23086
Здраво, не знам дали прашањето е за тука но, каде можам да купам престилка (ќептар) со натпис пример за најдобрата мајка, баба за 8ми март? Можи и онлајн.