Ви посакувам смелост да мечтаете и храброст да ги остварите сите ваши желби. Запомнете дека секогаш можете да бидете сè што ќе посакате! Не занемарувајте ја силата на женственоста – почитувајте ја и негувајте ја. СЕКОГАШ бидете сакани и насмевнати! СРЕЌЕН 8-ми МАРТ!
sreken 8 mart na site zenicki na forumov i ne samo osmi mart,tuku sekoj den da vi e sreken i ispolnet...
Секој осми март на мајка ми и припремам изненадување , проследено со рози Претходиот осми март и подарив карти за концертот на еден нејзин омилен пејач .
Еве сега пак се ближи 8ми март јас го обожавам секогаш сум си добивала поклончиња од мама .од сестра ми,вујна ми,баба ми ,дечко ми ама највеќе се радувам од идната ми свекрва-секој 8ми март ми дава иљадарче ,спакувано во мало украсно ќесиче веќе 5-6години по ред.затоа кај неа обавезно одам зошто знам какво поклонче ме чека. а и јас сакам многу да подарувам,секогаш ќе ги потпрашам моиве што им треба и со тоа ќе ги изненадам.секако не само на 8ми март
и јас многу си го сакам овој празник иако уште не сум жена си се радувам на поклоните кои ги добивам од моите од дечкото од сестра ми и јас се трудам да ги изненадам со нешто што им се допаѓа на тој ден се збираме со другарките во некое кафуле и си го славиме празникот.е сега оваа година се поклопува со карневалот и ке биде права лудница ке има и маскирани луѓе и дотерани жени едно е сигурно ке си го прославам празникот дента а вечерта ме чека карневалска журка.
8ми март е меѓународен ден на жените. Празник на жените а не на мајките, мајките си имаат друг специјален ден во годината Како и да е, јас си чуствувам некоја специфична носталгична раскенканост на овој ден. Особено кога ќе ми текне на училиште како правевме секакви честитки и оригинални подароци за мајките. Па цел град мириса на каранфили, ружи и лалиња. Па луѓе трчаат и создаваат калабалак сличен на оној новогодишниот затоа што знаат дека ќе добијат една чврга ако не им купат на драгите барем еден цвет Мајка ми секогаш ми велеше - немој да ти текнало каранфил да ми дадеш, поглупаво цвеќе не постои Така да јас и татко ми исплашени до помочување и купувавме исклучиво мимози, само тие си ги сака. А ко за беља никогаш не ни сакала подароци, а особено не за 8ми март, а ние сакавме секогаш да ја изненадиме со некоја ситница смешкајќи се ко Мамли - е на! За инат еве ти нешто, и не се прај дека не те радува Искрено повеќе ги сакав миговите поминати со тато шетајќи по сите цвеќарници. И оној миг кога мајка ми не успеваше да ја сокрие насмевката. Многу ме нервираат модерните мрчења во однос на празников - комунистички бил, не го одбележувам. Ја мајката! Ми доаѓа да ги треснам сосе сите комунистички режими на светов почнувајќи од оној на Мао Це Тунг до тој на Кастро по глава! Динг! Ајт ќут! Еден празник имаме и тој сакаат да ни го деградираат Не дека очекувам некој подарок, но очекувам мало внимание. Макар колегата или другарот направил да се почуствувам како горда женска тој ден со по некој убав и искрен комплимент. Еден 8ми март уште долго ќе го помнам. Бев на гости кај другарка ми. Сабајле се будиме и наоѓаме две ружи до креветот. Дедо и кој е навистина многу стар и многу работи не може самиот да ги прави без помош, замолил една роднина да ни купи ружи од пазар, од оние вештачките. Другарка ми доби дури и со црвени танга гаќички, јас без гаќичките. И на ружите имаше оставено две искинати ливченца од тетратка по линии и напишано со пенкало. За внука ми За другарка и на внука ми, и го заборавив името Се пресмеав до насолзување. Какво внимание! Најнеоригиналните кичести рози станаа најубави и најоригиналните подароци во еден миг! Е ова ти е 8ми март!
jaс едноставно си сакам празници,без разлика дали биле комунистички,наши,странски какви и да биле си ги сакам убаво е да се празнува,праникот ти дава повод да му одадеш внимание,почит на некој близок.во ова забрзано време каде нон стоп трчаме да исполниме некоја цел,трчаме на работа,на школо,дома,ни требаат празниците за да застанеме да ни текне некому да искажеме внимание дали со поклон или со убава честитка,убав збор.убаво би било кога секој ден би ни текнувало да им искажеме почит и љубов на блиските,ама ете,немаме време,брзаме,се нервираме за нешо,не ни текнува,или немаме волја да се замараме у моментот. сум добивала поклони за 8 март,но слично на пирамидка,поклон,кој ми има останато у секавање е цвеке.спиев на 8 мартовското утро,тогашниот дечко ми беше трета смена на работа и на вракање од работа рано сабајлето застанал со колата и ми купил цвеке.колегите шо биле со него го зезале-аман бе,ние жени дома имаме па не им се секираме толку,као ти за девојката дојде и ме разбуди од спиење со бакнежи и букет во рацете. тој 8 март нема да го заборавам.
Да и јас тоа сакав да го кажам.Постојано со некој се закачувам околу тоа,се нервирам кога ке ми кажат празник на мајките.На овој ден ЖЕНИТЕ се избориле за своите права,а не само мајките. Како и да е,јас си сметам дека и мене ми е празник и си го славам,а и уште како помала почнаа моите подароци да ми купуваат. Инаку на мајка ми секогаш и купуваме заедно со сестра ми подарок.Ја прашаме што и треба,таа каже и ние и го купиме.Подобро така одколку да и купиме нешто што безвезе ке стои и за ништо нема да користи.
Би ја изненадила со карти за концертот на Сергеј Четкович...доколку јас не би се паничела во гужва.. Жал ми е мамо...Али ќе ти го купам ЦД то
Јас оваа година за жал нема да сум дома за 8-ми Март, па мамо и бабо, ќе ми извините, ама ќе добиете подароци со неколку дена задоцнување. Се‘ што можам да направам тој ден е да им се јавам и по телефон да им честитам... ако не сум премногу нервозна поради колоквиумот.
8 ми март и го честитам на свекрва ми. толку знам да ја изненадам и да и приредам нешто феноменално. Така ќе биде и оваа година сум во акција на размислување да го подготвам моето изненадување ја познавам што сака и каков и е стилот и ќе добие супер и од срце поклонче.