1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

8 Март

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од emce-kremce, 4 март 2010.

  1. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.121
    Зошто 8ми Март го дефинираат како празник на мајките? Зарем не е празник на жената?!!
     
  2. ma4o4female

    ma4o4female Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    482
    Допаѓања:
    352
    Да!!! Осми март е празник на жената. Всушност, тоа е празник кој се слави во чест на загинатите жени за време на штрајк во Њујорк во 1946 година. Денес, се смета дека овој празник не треба да се слави (на начин како што го славиме ние), туку само треба да се одбележи. Мислам дека постоеше друг празник само за мајката, ама не сум сигурна. Значи да не се прават утре „фешти“ од видот кафеана, пиење, купување злато на професорките :fubar: , туку само едноставно одбележување. Па вака не правиме за Денот на Независноста колку за Осми март. Каде отиде глупавоста на човекот. :fubar: :x :swear:
     
  3. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.698
    На мајка ми ќе и подарам цвеќе во знак на почит, а тоа не го правам само за денот на жената, туку секој ден, бидејќи почитта не е нешто што треба да се подарува во одреден ден од годината.
    Како што спомнавте погоре, 8ми март е ден на жената, односно ден кога е изборена половата рамноправност помеѓу мажите и жените. Не ден на мајката, ден на порадување џинџурашки и сл.
    Ние сме една од ретките земји каде што овој ден е прогласен за државен празник, но воедно сме и ретките, па ако не и единствените што го прославуваме на ваков начин. ;)
     
  4. Latinna

    Latinna Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 декември 2010
    Пораки:
    125
    Допаѓања:
    108
    Мене мајка ми ми нарача еден исклучително корисен подарок,лак за коса.Е што де,и се истрошил,практична е жената. :D :lol:
    Го мразам овој наш менталитет,големите кавалери и мажишта цела година со жената праат муабет само ,,Тури ми да јадам,, и сл,а на 8-ми правец златара,па некој ланец ко ќе ти донесе ти жива среќна.Има уште полошо,да ми донесе вештачка ружа.
    Јас би да ми донесе и едно бомбонче,немам против,ама да е од срце.И да не биде само на 8-ми,почесто по едно бомбонче да ми дава би била посреќна отколку цела година нејќе во очи да ме погледне а сега ми симнува ѕвезди од небото. |(
    Тоа беше за поклоните,туку ме чуди гледав на една српска емисија,анкета,зошто го славиме 8-ми март?Верувале или не,само едно девојче знаеше.Другиве туткуни,никој да не знае ?!Аман бе! :fubar: Дури една па,после долго размисување рече - А,да знам..тоа беше нешто поврзано со библијата...
    Само три точки можамм да ставам ...
    Го сакам како празник,да не ме сметате за некое намќориште што во јајцето бара влакно,ама па кога веќе го славиме барем да си знаеме што славиме!
    И ајде уште тука да ви честитам Среќен 8-ми март женички!
     
    На girl1985 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.846
    Вчера во автобус видов едно мало девојче со мајка и држеше од корпици за колачи, цевки, колаж во боја и превртена пластична чаша рачно изработен букет со цвеќиња од мартијалите. Толку прецизно, шарено и интересно го направила, сакаше сите во автобусот да видат што правела во школо за мајка и.
    Ме потести на мене кога бев мала, јас секогаш правев по три честитики затоа што живеам со баба и тетка и едвај чекав да им ги подарам, а тие да ми ги испофалат честитките, демек тоа е најубавиот поклон што го добиле. :lol: Никогаш не го занемарувам празников, сега најчесто подарувам цвеќе или книга.
     
    На Phyramide му/ѝ се допаѓа ова.
  6. firequeenn

    firequeenn Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    1.981
    Допаѓања:
    5.715
    Бев задоцнета за во школо и зедов со такси ..Кога влегов внатре таксистот ми даде една црвена роза ..толку пријатно ме изненади неможам да ви опишам :) јас му годадов привезокот од клучевите незнам зошто така ми дојде ..и веднаш си го стави кај освежувачите на колата и ми кажа дека нема да го тргне во скоро време :)
    -oваа случка ми го разубави денот :)
    Среќен 8ми Март! :* :wasntme:
     

    Прикачени фајлови:

    На Rosy му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Minka

    Minka Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    13
    Како и секаде, така и во вашата професија секако има исклучоци. Сакам само со сите вас да го споделам моето денешно случување. Ќерка ми е трето одделение, и ја воспитувам во принцип дека е подобро нешто од срце да направи и даде, отколку да купам било што. И поради тоа, но и од причина што во нејзиното одделение парите се собирани по принцип на рекет и јавно прозивање зошто не е платено и кое дете не учествувало, дури и на честитка е напишано, одлучивме веќе втора година по ред таа самата нешто да и направи. Лани и подари нејзино рачно направено прекрасно ланче, кое ме кошташе и повеќе отколку што собираа, ама ајде, парите не се важни, а и кое ланче никогаш не го ставила на вратот. Годинава и купив керамичка здела која ја користиме за пинџур и со силиконски лепак и монистри прекрасно ја дотера и украси. Секако, останатите заеднички и купиле сребрен накит. Кога го погледнала подарокот на ќерка ми, насмевката и била заледена на лицето. Во смисла како убаво било. Затоа сега ќерка ми дома плаче и вика дека и е најгрозен ден во годината. Кој е сега виновен, тој мој став кој и го пренесувам и неа, или сите оние малограѓани кои со подароци купуваат наставници како што е нашава? Пари собираат за Нова година, за 8 Март, за крај на година. Се мислам кога ќе собираат пари и за нејзиниот роденден? Секако, утре ќе одам на еден разговор кај наставничката, малку воспитно поправно да добие, но овој пат од родител.
     
    На zarah му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Shana

    Shana Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    1.505
    Нит сум добила подарок нит сум купила бидејки сметам дека е све искомерцијализирано, впрочем како и се друго. Подарок од сопругот ми е тоа што ме третира еднакво секој ден во годината.
    Се јавив, честитав телефонски на жените кои ми значат и сметам дека тоа е доволно.

    Честитки и до Вас, драги феминки.

    Подароци, т.е. што ми е потребно си купувам сама бидејки сум се образувала, имам свој денар и право на глас, одам во кафани кога сакам а не само еднаш во годината, се благодарение на жените кои пред 100 години се потрудиле да ни го обезбедат ова право. Редно е нив да ги споменеме и да им се заблагодариме. Епа Клара Цеткин, благодариме.
     
    На slavica999, Minka, Annath и 2 други им се допаѓа ова.
  9. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.330
    Допаѓања:
    47.735
    Пол:
    Женски
    За мене најубав подарок е она што мите деца ќе ми го направат сами со помош на учителките во градинка и школо.Колку се само среќни кога ќе ми донесат честитка напишана со детски ракопис и цветови направени од кутија за јајца.
    Напишале СРЕЌЕН ПРАЗНИК МАМО МОЈА.
    Се друго се купува секој ден.
    Јас знам кога бев мала и барав пари на мајка ми да и купам нешто за 8-ми март.Мајка ми и ден денес ги чува некои украси керамички,такви тогаш се купуваше.
    Секој ден треба да е празник и секој треба да ја знае улогата на жената во општеството,Која е достојна за секаква почит.
     
    На Minka и Annath им се допаѓа ова.
  10. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.817
    Минка, јас Ви се извинувам од името на мојата професија. Срамота! Но, и кај син ми е така, се собираат пари, па секогаш има родители (блиски до штабот, верувам) на кои им е малку по колку пари се собираат, па се агитира.. Кај нас на давањето на свидетелствата во прво одделение едната наставничка вака кажа „ За да не се мачите вака секој да трча да ни купува цвеќе, најдобро во иднина соберете пари од сите и купете по еден подарок за наставничките“ (две се, син ми е во целодневна). Што да кажам, поотворено, здравје. Не можам да опишам колку ми се згади... Од нискоста, од нечовечноста, од простотијата... Што да прави на пр. детенцето кое едноставно нема 200 ден, кога се собираат пари за наставничките? Им пречи се од комунизмот, ама од ова не се откажуваат. И јас сум за нешто направено од рачињата на децата, ама бев експресно одбиена од родителите („срамота било“). Што да Ви кажам... Ден во кој место да се гордееме, се срамиме од полот и од професијата. Прегратки и бакнежи за Вашата малечка принцеза. Би сакал да можам да и објаснам на таа невина и кревка душичка дека бисерот останува бисер и тогаш кога некој нема да го препознае. Но, еден ден ќе Ви биде благодарна за вредностите на кои ја учите.
     
    На LoOnyD, Minka, MadHatter и 3 други им се допаѓа ова.
  11. Minka

    Minka Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    13
    Многу убаво кажано, секој ден треба да е празник. Сеуште ги чувам честитките од децата што ми ги направиле, но ги лепам во нивни дневник. Имам три деца, и три дневника кои ги пишувам уште од кога се зачнати, со сите нивни слики од ехо, честитки и цртежи. Им ги пишував додека не научија самите да пишуваат, потоа им ги оставив на нив самите. Колку само направени и нацртани работи имам, тоа ми е најголемата среќа, а не подароците купени по не знам која цена. Иако и тоа не го забораваат, но секогаш гледаат да биде она што ми е потребно и сум имала во план да си купам, или пак знаат дека со една книга нема да промашат. Меѓутоа знаат дека сум противник на официјално купување подароци за токму овој ден. Или кога маж ми доаѓајки од работи ми набрал ружа од дворот и на врата се појавува со ружа во рацете во обичен ден. Тоа е нешто незаменливо.
     
    На Bieber-Fever и thinkerbell им се допаѓа ова.
  12. baby.90

    baby.90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    457
    Допаѓања:
    197

    Верувај Lioness и мене ми е мнооогу подобро да и однесам цвеќе отколку такви работи, што убави букетчиња слатки правеа блиску до школото да ти е мерак секој ден цвеќе да купуваш.
    Само во мојот клас имаше луѓе кои и беа блиски, ама неможеа да си дозволат да им купат сами нешто такво, па затоа сите собиравме пари. Просто кажано си беше се како по порачка.
    Инаку јас никогаш не сум се замарала со купување за класна итн давав пари и честитав празник, а што како и од каде ќе купат не ни прашував.
    Класните ми се менуваа секоја година, се погоди една која ни го фрли цвеќето, можела да се отруе од тоа цвеќе, а мислам дека беше букет од неколку кринови :D :D :D
    Вие супер сте поминале :)
    Mојата учителка во основно школо, не тераше да собираме пари за една соученичка, која и беше нејзе роднина, зошто била болна имала бронхитис и не доаѓаше во школо извесен период, па да сме ја израдувале. Деца што знаат, ајде собирај пари, еднаш и купи златни обетки, а наредниот пат кога пак се разболе,собиравме пари и и учителката и купи златно ланче и и го однесе демек од сите нас :devil: па сега вие видите какви луѓе има...
     
  13. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.640
    Би се надоврзала на темава за учителките. Ќе зборувам од лично искуство.
    На мојата учителка од градинка и забавиште и купувавме по еден букет за 8ми март. Мајките наши се организираат, дават по 100ден. и купуваа букет. На жената насмевката не и се симнуваше тој ден. Еве и ден денес кога ќе ги видам сликите и се чита од очите дека е навистина среќна. Сите ќе не гушнеше и бакнеше и паметам дека по појадокот не честеше со бонбончиња.
    Ама учителката од 1во до 4то одд. не беше таква. Имавме една соученичка чија мајка беше газ и гашти со учителката и таа беше главна за купувањето подароци. Сите дававме по 200ден. и мајката ги земаше и купуваше, секако по нарачка. И девојчето и го даваше, а ние како вишок во позадина седевме. Нејзе ќе ја гушнеше, а на нас ни едно фала. Подарокот не и беше ниеднаш промашен, ама таа никогаш не покажа задоволство и среќа дека добила подарок од учениците.
    Класната од 5то до 8мо ни велеше ништо да не и купуваме. Ама сепак, ќе соберевме колку-толку и купувавме. Секогаш бевме оригинални, ама не бевме сложни. Така да, последнава година јас сама и купив поклон, а другите не знам колку собрале ама само со една ружа се појавија, која кошташе околу 200ден.(а во клас бевме 27 ученици). Сите не гушна и не бакна и рече дека не и бил важен подарокот, туку вниманието. :) Ете, и таа си имаше обичај да не чести со бонбонче.
    Годинава на новата класна и купивме комплет обетки со привезок од сваровски. Девојката остана запрепастена кога не виде во цвеќето и поклонот во раце. Не очекувала такво нешто... :)
    Сепак беше пресреќна. На наредниот класен час и таа честеше. :)

    Зборот ми беше дека не сите наставнички, учителки, професорки се исти. Не сите нарачуваат, некои искрено се радуваат на поклонот, ама има и такви на кои пред се им е поклонот, а не вниманието.
    За жал, токму тие, кои се пред се прихолози и кои треба да внимаваат на детската приха и чувства, ги уништуваат со ледената насмевка. Можат барем да одглумат и да не ги повредуваат децата.
    Minka, би било добро кога би имало повеќе мајки како тебе. Еден ден, ќерка ти ќе ти биде благодарна на тоа што денес ја учиш. :)
     
    На Minka му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Мене лично 8ми март ми е премногу глупав празник.
    Сум за почитување на истиот, обрнување на внимание кое сметам треба да се случува секој ден, но не сум за фештите кои се прават. Собирање од работа во кафана, свечени ручеци, играње по маси и така натаму. :^)

    Од прво до четврто со душа го чекав празников. На училиште правевме разно-разни честитки и подарочиња за мајките.
    Една година правевме честитки на кои залепивме парчиња од миље, милје, како и да се вика. Така везени, бели светчиња и преубаво изгледаше. Друга година боевме шишиња. Трета година правевме цвеќиња и последната година пластични шишиња од кисела вода исековме на пола. Односно родителите требаше да го направат тоа за нас за да не се испоисечеме. Потоа долната половинка ја цепеа како да има ресички за да изгледа на трева, и внатре ставивме цветчиња.

    За учителките најчесто рози, исто и за наставничките од петто до осмо, освен една година кога се залетавме и и купивме Swarovski брош со цел памет, и таа и го даде на ќерка си. Барем еднаш да го ставеше на неа, чисто од култура. :swear:
    Во средно не паметам што сме зимале, затоа што од толку подароци, за полугодие, крај година, 8ми март и не паметам веќе. Првата година знам купија некое исушено цвеќе, за греота беше. А втората ако не се лажам чанта од Ферги.
    Оваа година по моја иницијатива земавме убав букет и Леонидас бонбониера.

    На мајка ми и купуваме цвеќе. Рози, кали или пак букетче од женичките кои продаваат на улица, затоа што обожава такви цветчиња, особено мирисот кој го доловуваат тие. :)
     
  15. RiRii

    RiRii Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2011
    Пораки:
    211
    Допаѓања:
    45
    Пол:
    Женски
    8-ми Март

    Првен да им го честитам 8-ми Март на сите мајки(жени) :)
    Ај да започнам дали вие купувате,правите смаи подарок за својата мајка?Ме интерсира ај предложете неколку идеи,оти уште малку и ке дојде...
     
  16. Alesii

    Alesii Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2012
    Пораки:
    1.125
    Допаѓања:
    841
    8-ми Март

    браво за темава
    јас секоја година и купувам нешто на мајка ми..и ептен се чуствувам среќно кога и подарувам нешто
    малце порано али ипак СРЕЌЕН ОСМИ МАРТ ФЕМИНКИ
    ПС.да препорачам нешто
    накит
    срце
    мече
    парфем
    ташна
    новчаник....
    убаво спакувани :*
    Би ви препорачала не цвеќиња може некој ги сака али се сушат бргу и се џабе дадени пари
    :!:
    Се надевам дека помогнав па ќе слушнемe и други совети од различни феминки :)
     
  17. MaCa-J

    MaCa-J Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2011
    Пораки:
    604
    Допаѓања:
    135
    Па интересен ми е празникот 8-ми Март затоа што им даваме до знаење на нашите мајки, наставнички, роднини, пријателки... колку ни се важни и колку ги сакаме. :) Но, исто така сакам да кажам и дека не треба тоа да го покажуваме само овој ден, туку секој ден во годината! :!:
    Обично на овој ден на мојата мајка и купувам некое цвеќе, некој украс и сл. меѓутоа со една честитка во стилот ,,Мамо, нека ти е среќен овој осми март, од твојата ќерка...'' итн. Значи сакам да кажам дека битно е да види дека ја сакам, дека многу ми е битно што е секогаш со мене.. подарокот не е битен воопшто, никогаш не сум се трудела да биде нешто woow затоа што не е ни потребно.. :)
    За наставнички се собираме деца, даваме пари и се договараме што ќе купиме, па неколку деца од класот идат и купуваат.. обично купуваме само за класната, а индивидуално кој сака си купува и за другите :)
    Подарокот обично е некоја чанта, саат за на рака, букет цвеќе итн. До сега класната наша била задоволна од нашиот подарок (барем така мислам, затоа што така се однесува) и сега оваа година ќе се потрудиме пак да ја изненадиме со нешто. :)
     
  18. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.833
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Јас секогаш сум го гледала денов на друг начин, од причина што после два дена на мајка ми и е роденден. Затоа не ни станувало збор за тоа дали да се купува или не. Прашањето е што да се купи?
    Затоа за 8-ми Март најчесто само голем букет, а подарокот подоцна. Или на 8-ми и роденденскиот подарок, а за роденденот една мала прослава.
    Како и да е, никогаш не сме биле со празни раце. Подароците секако, нешто практично, нешто што и треба на жената. Иако додека бевме мали, со сестра ми подарувавме најразлични глупости, креативни, ама смешни. :)

    Не ми пречи денов, напротив.
    Сите жени сакаат цвеќиња, мало внимание.
     
  19. soncenceto.matea

    soncenceto.matea Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2012
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    57
    Феминки дајте некој предлог за 8 март за идната моја свекрва?новчаник,марама,бижутерија,парфем и украси сум и купувала 5-6 години наназад,се мислам годинава за папучи за по дома,што мислите?
     
  20. Princess.S

    Princess.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    652
    Девојки, може да ве прашам нешто? Сакам на мама да и` купам една црвена роза и ќе и` напишам нешто. За повеќе - не можам. Прашањето беше отприлика колку е една роза? Без тие хартии, глупости, само една црвена машничка. Ако знае некоја ве молам да ми кажете. А и успат, на што се радувате вие? На купен подарок (како парфеми) или пак некоја лична творба (како песничка)? :wasntme: