било што само да не е украс, сметам дека треба да се купи нешто што самта жена ќе го користи. Можеш ташна да и купиш.
Лани на мајка ми и напишавме песна По еден стих за секоја буква од „Среќен 8ми март мила мамо“. Компјутерски и ставивме рамка со срциња, ја испринтавме на фото хартија, и и купивме цвеќе. Беше пресреќна! Оваа година планираме да и купиме некои убави пижами и папучи за по дома, по можност во иста боја. За празников секогаш сме на мисла што да и купиме, затоа што и е роденден една недела после тоа. Може годинава ќе и ги дадеме прво пижамите, па за роденденот папучите
За моја мама јас веќе купив крем балетанки,и и ги дадов Не издржа срце јуначко Битно многу сум и ги погодила и се допаѓаат :up:
Преку глава ми е веќе од огромните букетишта кои ги добиваше мајка изминативе 2-3 години, па оваа година решив, а мнозинството, поточно машката страна се согласи и ќе ѝ купиме убаво и штосно кошулче и се мислиме дали болеро или некое убаво блузе за одозгора. Меѓутоа, мајка е вистинска среќничка - роденденот ѝ е неколку дена по празников, па одсекогаш сме купувале два поклона и ги делиме - едниот на 8-ми, другиот на роденденот. Оваа година сакале-нејќеле, ќе ја "прелажеме" со саксиско цвеќе, колку да го одбележиме празникот, а нели и дека мајка не лудува по собни цвеќиња ко тинејџерка по Џастин Бибер , па цвеќето ќе ѝ дојде ко кец на десетка и после напаѓаме со кошулчето, или што и да купиме друго.
Леле колку вазни и саксии и имам купувано на мајка ми како помала. Ене ги во подрум си стојат така, може слободно една тезга да си отвориме и да ги продаваме. И имам поклонувано многу честитки кои самата и ги правев и ептен и се драги па гледам ги чува и нив. Сега веќе обично и зимам нешто што знам дека и треба. Стално викала не сакам поклон, не сакам само овој ден почит и внимание, но знам дека тој ден сепак очекува нешто...макар тоа било и роза скината од нашиот двор. Овојпат и земав преубав прстен со кремаст камен бидејќи сака такви.
Не ја преземам одговорноста за поклон на класната. Ќе дадам пари како и секоја година и друг нека се вртка низ продавници и нека ја преземе одговорноста ако е утнат поклонот зашто мене од организации ми прели чашата. За мајка ми да соберам уште некој денар и ќе и купам книга која успат ми фали да ја пополнам мојата омилена трилогија и знам дека и мајка ми ја сака книгата. А може и некој друг жанр по нејзин вкус..
За 8 Март, цвеќе се поклонува на жените колку што знам. Ај за поблизок роднина или за родител да купиш нешто побитно, нешто што знаеш дека го сакаат, им се допаѓа, изненадување и сл. Само исто како случајот за валентајн, не треба денов да ти биде повод да ја изненадиш мајка ти. За да се одбележи конкретно празникот сметам дека цвеќенце е доволно. Се се, ама најглупо ми е она собирање пари за класни, учителки, професори и ај тоа, наместо цвеќе се купува сва и свашта - вазни, уметнички слики, накит со астрономски цени што жената ни за свадба не добила таков поклон
Јас и купив уште пред 2 недели и веднаш и го дадов. Купив новчаник кој го меркаше подолго време, ама пустото пари не и остануваа да си го купи. Не издржав и уште вечерта и го дадов. Колку беше пресреќна. Колку се задоволува со ситнурии, ама од срце.
Ќе подарам годинава од срце само на најпосебните личности,лани малку претерав со подароци,не се каам но според делата сфатив кои навистина ми се блиски луѓе. На мама планирам да и купам или блуза или нешто како сад со топчиња такво сакаше.
Што да му/и купам..? Девојки а што да и купам на идната ми свекрва за 8ми март ? Ептен едноставно жена е, ни шминки користи нит нешто посебно.. Ваши идеи, предлози ? Што сте подарувале на свекрвите ? Што ќе подарите.. ? Фала од напред
Што да му/и купам..? Бидејќи е идна и не се знае дали ќе биде , цвеќе е сосема доволно и убава пажња. Секоја жена го сака, а ако и купиш некој си подарок дали ќе и го погодиш, дали ќе и се допаѓа, што ќе кажат комшивките ..... Ако сака можеш и некое саксиско цвеќе (знаеш дали има по дома и дали ужива во нив) иако и некој букет ќе ти заврши работа. Ако навистина сакаш подарок имаш све и свашта- марама, престилка, крпи за во кујна, шољи за кафе, тацни за слатко, здели за овошје... мада ова повеќе ми личи на роденденски подарок, мада како сакаш
Што да му/и купам..? Девојки сакам помош да ми кажете што да и подарам на мајка ми за 8-ми март. Лани и купив едно големо како вазна и многу цвеќиња, не сакам и сега да биде исто . ај ве молам кажете.
Прославите за 8-ми март полека но сигурно почнуваат да преоѓаат во циркуз. Се слави по кафани, се качува по маси па се игра до сабајле. Повеќе сум за тоа да се одржи некој симболичен марш, парада, трибини, дебати каде што ќе се кажат некои работи од историски и современ аспект, коктел забави каде што ќе се собираат пари за жени болни од рак на дојка, волонтирање во организации за заштита на жените и сл. Подарување на букети, кафани, шетање наваму наваму само пошто е 8-ми март ми е некако безвезе. На некој начин се деградира сето она за коешто се бореле жените во минатото. Им имам кажано на моите поблиски дека ниту поклонувам, ниту пак јас сакам нешто да добијам.
Јас и сестра ми сабајлево се одлучивме да и земеме филџани на мама и пар долна облека Знам дека ќе и се допаднат филџаните бидејќи шетале со сестра ми и многу и се допаднале.. Предходната година ништо не и подарив (шејм он ми ) но затоа и дадов топла прегратка и од срце и го честитав празникот.. Инаку, јас од бившиот дечко секогаш добивав ружа на овој ден, но на сегашниов и да му нацртам тешко дека ќе ми ја обои а не нешто друго.. Што е до прославите, се согласувам дека не е тоа што беше порано.. Се се измодернизира некако и чудно е..
Дали ќе подарите цвеќе или подарок? Јас мислам дека е претерано да се купува скап подарок (како на пример накит), а па да не зборам професорките со злато што ги наполнавме Јас лично на мајка ми ќе и подарам цвеќе во саксија и сум против купување скап подарок за 8ми март. Вашиот став во врска со ова?
Овој ден одамна го изгуби вистинското значење. Се е комерцијала сега. Влегуваш во цвеќара и цвеќињата за 100% ја качиле цената. Влегуваш во гифт шоп, исто. Кога купувам гледам да биде практично. На пример мајка ми воопшто не е љубител на цеќиња и повеќе би им се израдувала на обетки од 30 денари од Битпазар. Баба ми пак, обожава цвеќки. Значи се зависи од карактерот на жената. И не го признавам купувањето на подароци за девојките од страна на момчињата. На страна се ова, ми се допаѓа еуфоријата со маживе. Вчера купував за колешките на татко ми. Бре што мажи имаше собрано. Кој од кој поизгубен и неодлучен. Срцки.
Јас секогаш и купувам козметика, парфеми, некои од нејзините креми, а лани и купив плус „цвеќе“ од бајадери(од краш негде 250 ден) и беше најоригиналното цвеќе што го доби дента ете ви плус идеа
Јас годинава на никој ништо нема да купам нека ми извинат ама јас не работам, кога ќе работам ќе ги почестам. Инаку јас си добив поклон од дечко ми чевли , а од мама новчаник. Фала и и јас кога ќе се вработам ќе и купам