Годинава на класната ќе и подариме нејзин портрет. Го нацрта една наша соученичка. На мајка ми ќе и купам калапи за колачи што се во форма на срце, ѕвезда итн. Ме интересира што мислите вие за поклонот на класната? Иначе сум 4 година, во 3 и купивме книга и беше пресреќна (професорка е по македонски), во 2 чанта и ја носи сеуште, а во 1 парфем. Секако покрај портретот ќе има и цвеќе и некоја честитка
Јас издејствував да си ја донесам мајками утре кај мене, да го помини денот со мене...знам дека тоа и е најголем подарок и не сака ништо повеќе.
На мама и купив црвен патичник,многу елегантен.Зборувавме пред извесно време како паричникот и се исцепал и треба да си купи нов,па јас и купив,баш каков што таа сака.Многу ке се израдува,знам
Речено - сторено! Ние и купивме домашни папучки. Меки, нежни, во розева боја Ги ставивме во кесенце, и напишавме честитка и внатре ставивме 500 грамска Дорина, од нејзината омилена. И на сето тоа додадовме едно многу убаво саксиско цвеќе. Сега уште и пижами да добие за роденден и мераци ќе биде
Јас со сестра ми не знаеме што да и купиме на мајка ми. Сме и купувале и обетки, и часовник, и нешто за домаќинството и незнам што уште не и сега не знаеме што. Некоја идеа?
Епа јас им предложив карикатура ама некако не прифатија, и јас морав да се сложам со мнозинството за портрет. Можеби е премногу нарцисоиден поклонот, но сепак е поклон.. и баш ми е мило што ти се свиѓа
Mi smo žene zmajice, rođene kraljice, anđeli nas stvorili da bi muške lomili zbog nas su pesme pevali, ponos gubili, vodili rat i zato nam SRECAN OSMI MART!
Почита љубовта што им ја даваме секој ден е нај добар поклон. Јас ке и поклонам само едно цвеке ама ке ја почитувам и сакам секој ден
Би сакала утре бар да можам да ја гушнам мајка ми, ми недостасува, некако така повеќе во последно време но ќе се задоволам само со тоа што ќе ја чујам.
Празник ко празник, но сепак духот на празников не треба да тлее само на овој ден, ами секој ден од годинава ... Сепак не е било што и не се работи за било кој, ами за Мајка. Ја навистнина немам некој посебен однос ко што имав некад со неа, ама си ја сакам и секој ден и го кажувам тоа, сакам да знае, несакам само еднаш во годинава да и пружам внимание а после да се изгубам цела година . Ама утре ке ја изненадиме со очувот, решивме што да и поклониме И сакам секој ден да чуствува дека е нејзин ден. Живот и брат ми има подарено, а тоа не е малку
Па,за да не ми го премислат мислењето,ќе ви честитам тука Среќен 8ми Март!Бидете почесто така весели и насмеани,но сепак останете и силни,горди и издржливи,понекогаш бидете како нежни цвеќенца,а понекогаш бидете како лавици! Ве сакам жени! Форумов ни е доказ дека и многу жени на едно место можат да функционираат и да се разбираат Одберете си цветче