Денес нема да се видам со мајка ми,и многу ми е криво! Поклон сеуште и немам земено,ама ќе и однесам нареден пат кога ќе си одам,ама не е тоа тоа Мамче,среќен празник Те сакам
Денес, на овој убав датум, сакам да и посветам неколку пишани збора на една женичка. ЖЕНИШТЕ!!! Мама. Мама е најмама од сите мами на светов. Мајка. Мачка да е - мајка да е, ама како мојата мајка нема да е! Од сите мајки на светов, тебе те сакам најмногу. И ми требаш најмногу. Зашто без тебе сум јас едно пусто говедо, грешно до небеса и назад, диво животно чиј рев никој не го слуша. Ти си мамо свеж цвет 365, некогаш и ден повеќе, денови во годината. Ти си солза радосница во задоволно детско око. Ти си спасот кога сите работи одат надолу. Ти си сликар кога сликата на рајот ќе ја навлажни бес и ќе и ги растури боите. Ти си учител кога часовите за лекциите на животот сум ги преспала. Ти си градежен работник кога на сите патишта ќе им дојде патот. Ти си кројачка кога ќе воочиш дека животот ми скроил погрешно руво. Ти си готвачка, подготвена да го заблажи горчливиот вкус во устата. Ти си мајка... каква што сите мајки треба да бидат. Не ти подарувам цвеќе. Ќе ти го подарам мојот збор... дека никогаш нема да те разочарам.
Среќен 8 март на сите девојки од форумов. Среќен 8 март мајка ми. Биди ми секогаш среќна, насмеана и весела Еве поклон од мене до сите
[СДК] Сакам да кажам... Несакам ништо да кажам. Единствено сакам на сите припаднички на понежниот пол од се срце да им го честитам празникот и да им посакам многу денови исполнети со среќа
[СДК] Сакам да кажам... Сакам да им го честитам празникот на сите припаднички на понежниот пол(феминки ) со желби за успех здравје и многу многу љубов и голема почит! поздрав!!!
Среќен осми март.Имајте среќа и здравје.Секој ден нека ви биде `како празник` исполнет со убави и незаборавни моменти.