Девојки најпрвин честит празник Цело време дискутираме која што ќе купи поклон за празиков, а воопшто не сме продискутирале зошто се слави овој празник. Зошто 8-ми март се слави како празник на жените? На 8-ми март, 1857 година, во Њујорк почнал штрајкот на работниците во фабриките за текстил, барајќи подобри услови за работа за жените. На истиот ден, на истото место, 51 година покасно, жените повторно побарале права. Во штрајкот од 1908 година, работниците биле затворени во фабрика, од која не можеле да излезат. Притоа избил пожар во кој пострадале 129 жени. Во знак на сеќавање на овој настан, една година подоцна, за прв пат е одбележан 8-ми март. Во 1910 година во Копенхаген, на втората интернационална конференција на жените, договорено е еден ден во март да се прогласи за меѓународен ден на жените. Прво, тоа бил 19-ти март, бидејќи жените во Германија, Данска, Австрија, Швајцарија и Америка побарале право на глас на тој датум. На втората меѓународна конференција во Москва, 1921 година, одлучено е датумот да се помести за 8-ми март. На овој начин, светот се потсетува на долгогодишната женска борба. Бројката 8, симболично ја означува борбата за воведување осумчасовно работно време. Спојлер Изреки за денот на жената: “Жените се вистински архитекти на општеството” – Harriet Beecher Stowe “Најосамена жена на светот е онаа која нема блиска пријателка жена” - George Santayana ”Историјата на сите времиња, особено на денешницата, не учи дека...жените би биле заборавени доколку заборават да мислат на себе” – Louise Otto
Срекен 8 ми март на сите деевојки, жени, мајки,....... од целиот свет.... Се гордеам со тоа што сум жена..... "Без жената почетокот на нашиот живот би бил без помош, средината без задоволство, а крајот без утеха" -Bajron
Честит нека ви е 8-ми март феминки не само овој ден туку цела година да ви биде исплнета со љубов и топлина, а овој ден дека ви донесе многу среќа и изненадување
Џенцкии Мајки и сите форумџики ви го честитам празникот осми март. Многу среќа и здравје и да си поминете убаво денес.
Драги дами, овој ден е Ваш! Ви посакувам да Ви биде посебно убав. Затоа што сите Ние сме посебно убави... „...ѕвезда в дланки доблиЖЕНА, младост в жили раздвиЖЕНА, мајка кутра загриЖЕНА, сказна долга најслоЖЕНА, жар во искри разлоЖЕНА, желба в живот продолЖЕНА...“
Пред малку го прочитав ова на ФБ и сакав да го споделам со вас женцки... Драги мажи, ние жените сме ПЕРФЕКТНИ, затоа што не ЌЕЛАВИМЕ, имаме ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН ден, можеме да облечиме СИНО и РОЗЕВО без проблем, сигурни сме дека нашите деца се НАШИ, имаме ПРВЕНСТВО во случај на бродолом, не плаќаме сметки во ресторани, ако сме изневерени ние сме ЖРТВИ, ако изневериме вие сте РОГОНОСЦИ, ние можеме да спиеме со другарка без да не осудат како ХОМЕСЕКСУАЛКИ... можеме да обрнеме внимание на ПОВЕЌЕ РАБОТИ во исто време, жената на амбасадорот е АМБАСАДОРКА, а што е мажот на амбасадорката? Жената на претседателот е ПРВА ДАМА, а што е мажот на претседателката? И на крај ние сме способни да правиме се што мажите го прават и тоа на ШТИКЛИ!!! ))) ЧЕСТИТ ПРАЗНИК НА СИТЕ ЖЕНИ
Го честитам празникот на сите жени кои се избориле/се борат за своето место под сонцето, што и возвратија на железната тупаница на заостанатите размислувања дека сме суштества од втор ред, жестоко и се спротиставија на кујнската опресија и задолжителната домаќинска улога, излегоа надвор, и покажаа што значи да си жена! Ви честитам со жолти мимози, срце полно гордост и без глупави копи пејст порачиња. Нека ни е за многу години празникот.