Како што проверив нема ваква тема(што ме зачуди), па решив да направам за филмот со мојот омилен Еминем . Да не должам многу, содржината ја има на гугл , а мене најголем впечаток ми оставија битките, навистина се моќни, особено последната (на памет ја знам ). Искрено ви препорачувам да го гледате, нема да се покаете. http://en.wikipedia.org/wiki/8_Mile_(film)
Јас јас и тоа 100 пати Со филмов го запознав Еминемчо и од тогаш редовно си го слушам.Филмот е прилично мрачен,ја објаснува основата на хип хоп културата и плус многу социјални и економски проблематика како и расизмот. Еминем не е нешто посебен глумец,филмот по вредност е просечен,но лириката што се рецитира е реално лудило,а последните битки беа кулминација.7/10 10/10 За Еминем,најкомплетен рапер на денешницата и за Lose Yourself,песна која никогаш нема да престанам да ја слушам
Ехее и јас го имам гледано 100 пати и никогаш нема да ми здосади и од содржината на филмот и од Еминем (омилен ми е). Дури и рап војните на памет си ги знам
Совршенство моето еминемче низ што се има поминато и каде има стигнато . Филмот е тажен и мрачен но вистинит. Не можам да не го сакам и филмот и Еминем и се што е поврзано со него ♡
Омилен рапер ми е Еминем , а филмот сум го гледала над 1000 пати . На памет ги знам битките , па и скоро секоја песна од Еминем . Никогаш нема да ми здосадат ниту песните ниту филмот . И ако можам , и на 80 ќе си ги пуштам
В кино го гледав и многу бев возбудена, се сеќавам во Америка премиерно во кино го даваа и по завршувањето од зад сцена излезе Еминем и одржа настап, па очекував нешто слично Еминем баш се снајде во улогата на актер, а песната Lose yourself од филмот вредеше за два оскари