Здраво Феминки Како што приметив досега ваква тема нема па сакав да ја отворам, голем хит во 2013 година станала 8 часовната со оваа диета може да се јаде се само во рок од 9 до 17 часот .. Ја направив темава за некој ако ја држел до сега диетава да ми каже подетално за нејзе .. Нов хит во светот: Осумчасовна диета! Книгата со наслов „Осумчасовна диета – гледајте како исчезнуваат килограмите додека јадете сè што сакате“ на авторите Дејвид Зинченк и Питер Мур предизвика голема гужва во Америка. Имено, оваа диета ви дозволува да јадете сè што ќе посакате, но под услов да јадете само помеѓу 9 и 17 часот. Она што најмногу ги привлече луѓето е фактот дека оваа диета им допушта да јадат што сакаат, а авторите на книгата тврдат деа навистина делува. Имено, најголемата закана за витката линија е прејадувањето после 17 часот, односно во вечерните часови кога луѓето најчесто лежат пред телевизорот и јадат. Тие тврдат дека луѓето кои се придржуваат кон нивната осумчасовна диета можат неделно да изгубат и до четири килограми. Во периодот од 9до 17 часот можете да јадете баш сè, но после 17 часот забрането е консумирање на било каква храна. Овој пристап на исхрана не е ништо ново. И претходните истражувања покажаа дека доколку сакате да симнете килограми, не би требало да јадете ништо после 18 часот бидејќи храната се вари многу поспоро во вечерните часови.
оваа диета делува, и тоа на долгорочен план, јас пред 3 години ослабнав на сличен начин јадев се (освен леб и газирано) и тоа до 18 часот после ништо само вода, и ослабнав 12 килограми за 2 ипол месеци, и потоа ми остана навика додека не останав трудна навечер не ми текнуваше да јадам. Пробајле делува! Јас пак планирам да почнам со тој режим ама ми е малку страв оти син ми го дојам за млекото, дане ми се намали
здраво ме интересира колку можи да се ослаби за 1 месец ако не јадиш леб благо и газирани сокови и плус да вежбаш??? фала однапред
Тоа ти е кај сите различно бидејќи сите имаме различен организам и сите слабееме со различно темно. Сигурно повеќе од 5кг ќе ослабиш.
Еден мој колега од на работа ја држи оваа диета веќе две недели и ослабен е 4,5кг. Значи има ефект... пробајте.
Женски,а дали ако ја држам диетава би ослабела у стомакот и бутовите? дека само тука сум пуничка а вака не сум дебела.. така стомаче си имам
Значи оваа диета ја држам една недела, од утре втора недела ќе ми е хх..и до сега сум ослабела 1,5 кило..многу е добра само што мене ми е продолжена до 18 часот пошо мајка ми се враќа во 5 од работа и го прави ручекот и потоа јадеме..но не јадам се што сакам туку на секои три часа апнувам по нешто и само едно чоколатце на ден на пр. на сабајле во 9 си апнувам саламски (кифла..или нешто др.) после три часа едно чоколатце, пак после три часа овошје или зеленчук и после ручок со интегрален леб Ви препорачувам да пробате.. бидејќи ваква сл. диета летото ја практикував и за 1 и пол месец ослабев околу 10 кг.
^Жити бога, резултати? Па утре ке ја почне. А ако мислеше на резултати општо од диетава ете ти позади на страната
dietava e super no drugara mi koristese nacin na ishrana od 12-17 casot jadese po malku i pred i po toa moze samo kafe ili caj.bese mn slaba
Јас решив да ја пробам диетава. Од утре почнувам јас планирам да не јадам мн благо, грицки, ќе се обидам да ги избегнувам колку што можам повеќе, а леб мислам само по една кришка или некое кифличе (дека сум на училиште, па му треба малце повеќехрана на моето мозоче ), а за викенд ќе се обидам да јадам само овошје и зеленчук. Држете ми среќа да успеам Ако некој ја држи диетава нека пише резултати..
значи како што успеав да разберам, треба да си ги прераспределиш оброците помеѓу 9-17 часот, ќе пробам и јас да ја држам оваа диета. со среќа на тие што ја држат, и да си ја постигнат саканата цел, па доколку имате резултати пишете. поздрав
Резултати од оваа диета и те како има, јас ја држев модифицирана мене како шо ми одговара. На пр, странувам на утро, пијам на празен стомак топла вода со лимон и едно лажиче ѓумбир во прав, чекам пола саат и од 9 часот почнувам...да не ги заборавиме и супер храните што треба да ги внесувате ( јаболки, бадеми, јогурт, мусли, ленено семе, семе од сончоглед лупено, семе од тиква, итн..) Јадете се што ви душа сака, е сеа нормално во границите на нормалата ама се до 17 часот. После 17 часот нема ни кафе пиење ни чаша сок ни јогурт ама апсолутно НИШТО. освен чај незасладен. Со ваквиот режим на исхрана, во месец дена стопив 7 кг. После година дена вратив само 3 кг. Сега ја држам пак за да ги симнам тие 3 кг. Среќно дами, и споделете Ваши искуства