Ауу почнав една недела на овој режим и качив скоро 2 кг. Се опуштив дека прочитав може се да се јаде и почнав да јадам без ред. Ќе продолжам на режимот ама морам да припазам и на храната и количината што ја внесувам. Инаку воопшто не ми е проблем да јадам од 12 до 8.
Ја почнав пред два дена и јас, ќе си јадеш умерено се препорачува да имаш два оброци и една ужина. Гледај да бидат избалансирани оброци. На интернет е позната и како автофагија. Има добри резултати доколку се придржувате до сатницата и внимаваш што јадиш
Добро е и кај мене. Ја оправив работата некако. Сега и постам и на овој режим сум, се издржува без проблем и се слабее бавно ама сигурно.
Јас само не чувствувам подуеност во стомакот и забележав дека ми се намали апетитот иначе навечер јадев како луда и чоколади и сендвичи и повторно бев гладна, но сега супер ми е нема резултат на вага ама барем не јадам постојано
Се надевам ,но знам дека кај мене многу бавно ќе иде тоа има хипо-хашимото и никако неможам да ослабам само ми се зголемуваат килограмите. Морам да исфрлам глутен од исхрана, но и така мн бавно се гледаат резултати и губам мотивација
Колку имаш за симнување? Полека почни да практикуваш и да не јадеш глутен и имај трпение, резултатите сами ќе дојдат. И јас си викав само да видам 6ка напред, ете сега сум 66-67 и планирам да продолжам понатака за подобри резултати.
Сигурно 30 килограми имам за симнување , сега сум во болница со бебчето има бронхит и забележав дека лебот ми прави подуеност, тука мора леб да јадам со секој оброк и даваат само леб и некоја салама или сирење, или мармалад и стомакот ми е направен како рид. Штом си појдам дома ќе пробам да го исфрлам брашното и шеќерот од исхрана. Ќе почнам со правилна линија на исхрана или познато како пли и ќе комбинирам со осум часовната веќе не се издржува вака. Ти само со осумчасовна успеа да ослабиш?
Јас пробував од се по нешто и диети и режими и некако успеав да симнам некое кило. Но јас имав само 5-6кг за симнување. Имав и програма од нутриционист и тоа доста ми помогна пред две години кога имав повеќе за симнување. Колкаво ти е бебчето? Доилка ли си? Инаку јас сум доилка исто и тоа ми помага во симнување на килограмите. А каква е таа пли исхрана, првпат слушам. Му посакувам брз опоракак на бебенцето.
Не сум доилка адаптирано млеко пие. За таа исхрана има и книга напишано, во основа секоја храна треба да ја мериш. Шеќер и брашно не се употребува. За доручек се јаде -житарки( овесни снегулки, корнфлекс, компир,ориз, оризови галети, гриз, палента,просо ,киноа...) И тоа по 28 гр суви или 120 гр обработени Протеин- (месо секакво- пилешко,телешко,свинско,риба 120 гр, или 2јајца , 180 гр грав или леќа,60 гр јаткасти плодови, чиа,ленено семе,сусам , 180 гр хумус) Овошје- 180 гр може секое овошје освен суво тоа е забрането. Ручек: Протеин- 120 гр, овошје180 гр, зеленчук 250 гр, маснотија( 15 гр масло, 30 гр сирење, може и кашкавал, 30 гр павлака,60 гр авокадо или маслинки, 15 гр мајонез..) Вечера 120 гр протеин, 300 гр зеленчук,маснотија. Измеѓу оброците ништо не се јади. На ФБ има неколку групи правилна линија исхрана, има и српски
Доста имам читано за диети и исхрани ама не вакво нешто не сум наишла. Ако ја комбинираш таа исхрана со аутофагијата сигурно ќе имаш добри резултати. Биди истрајна и среќно !
Ја почнав и јас се надевам на некаков ефект. Имам околу 5-7 кила да симнам, најмногу имам проблем да не јадам навечер, од сабајле со чај се заситувам ама навечер имам проблем.
Навечер имаш проблем затоа што наутро пиеш само чај, односно не појадуваш. Имај 3 редовни оброци, горе-долу во исто време секој ден, гледај да ти се добро избалансирани, и навечер нема да ти се јаде. А ако ти се јаде, касни нешто лабаво пола саат/саат пред спиење, пример банана, или грчки јогурт со краставица или малини, или чаша јогурт со 10ина бадеми.
Нема врска кога јадеш ако се водиш според овој режим. Ако ти се јаде навечер јади, ако не ти се јаде сабајле не мораш, само да ја запазиш временската рамка.
Сега за сега добро ми оди, веќе две недели вака се хранам, се навикнав да завршувам со последниот оброк во 20:00. Се чуствувам полесно не ми се ни јаде нешто особено, ама само две кила имам симнато. Ќе пишам повторно како ми оди.
Zenski ako ste na svadba,rodenden ili pak nekoja zabava na koja taka reci treba i nesto da kasnes kako ke ja odrzite dietava
Ќе израчунаш од последниот оброк до следниот да има поминато 16часа. Јас со оваа диета изгубив 8 кг.Но искрено во тие 8часа не јадам што сакам и колку сакам од мени тргнав благо,грицки, бели пецива и сокови поготово газирани.
Денес ми е 12ти ден од 16:8 Сега за сега многу сум задоволна. Мислам дека сеуште немам видливи резутлати за намалување, ама со оглед дека сум 35 години, движење скоро минимум, тешко за инстант резултати. Најважно ми е да престанам со касна вечера и да престанам со грицки