Дали стварно интермитентниот пост помага (покрај за слабеење) за одржување понизок холестерол, крвен притисок, баланс на шеќер, намалување на воспаленија, подобрување на срцево и мозочно здравје? Бидејќи почнав со 16:8, се изначитав секакви студии и некако неверојатно ми звучи. Што мислите?
4 саати ми се премногу кратко време за да ги внесам потребните калории, и микро и макро нутритивните вредности. Башка сметам дека би го оптеретила желудникот.
Јас веројатно имам инсулинска резистенција и истражував за постење, затоа што многу луѓе велат дека посебно помага при проблеми со ИР или општо проблеми со шеќерот (пример дијабетис). Тражев studies, каде што експериментираат со луѓе, и најдов баш едно која ја тестира инсулинската резистентност и телесна тежина меѓу две групи, едната јаде во калориски дефицит само во тие 8 сати дневно, другата група јаде исто толку калории во текот на целиот ден. Немало драстични разлики меѓу двете групи, и двете групи ослабеле и им се подобрила сензитивноста на инсулин. Тогаш заклучив дека бенефитите што ги носи ИФ се сите од слабеење и намален внес на калории, а не затоа што си гладен подолг период и се откажав од идејата. Не можам да го најдам тоа истражување, ама еве нешто слично. https://www.nejm.org/doi/full/10.1056/NEJMoa2114833 Јас сум општо многу скептична за ИФ, мислам дека не сме направени да функционираме на таков систем и мислам дека нема друг бенефит освен намалени калории, особено кај луѓе што постат по 48 сата и слабеат. Се сеќавам дека тогаш не можев да најдам истражување каде луѓето јадат еднаков број на калории како и обично, но во тек на 8 часа. Тоа би ми помогнало да разберам дали има бенефити оф самото постење или не.
Месец дена заокружувам како терам 16:8 и заклучив 2 нешта: прво и најбитно не сум веќе подуена, второ не ми се грицкаат ствари. Симнав и 3 кг, језда може и не е до постов, сепак испланирани ми се оброците и броев калории. Ама се осеќам некако посебно добро, лесно, олеснето, енергично, фит. Можда ми се средиле некои работи во дигестивниот предел, шо знам. Напочеток планот ми беше да терам пост 3 месеци, ама сега не знам веќе дали ќе бидат само 3, зошто ми стана начин на функционирање, убаво ми е, ми нема логика поинаку да правам. Секако не мора апсолутно секој ден по секоја цена да терам 16:8, ако сум излезена, на гости, на прослава, секако ќе го прескокнам постот, ама воглавно ќе си терам вака додека ми годи. Толку ми стана навика, што кога сум во рамката на пост, и ќерка ми буквално ми носи чипс во уста, не го јадам зошто НЕ ОСЕЌАМ ИСКУШЕНИЕ како порано, едноставно ми делува како да не е храна, ептен ми е рамно и ладнокрвно чувството према грицки. Сè на сè, сега за сега ми се допаѓа.
Не знам, толку само. А што значи 24/10? Не јадеш 24 часа, па јадеш 10? И што значи дека си направила 2 кила?
Вака. Да не бидам лошо разбран. Не мислам да те исмејувам или да се правам паметен само сакав да кажам дека еве денес е сабота и од понеделникот го почнав фастингот и изгубив скоро 3 кила. Да јадам 10 саата а не јадам 14 14/10 требало да пишам..моја грешка сори
Не го сфатив како исмејување, стварно не те разбрав. Па 3 само ваљда зошто немам многу за симнување. И дека бев во многу мал дефицит, односно внесував по околу 1700 кал (а можеби и не сум била во дефицит со 1700). Сега во вториов месец ќе пробам со 1500 кал. Не се брзам, кога ги досимнам, ги досимнам.
Па што знам, ова 10/14 звучи нормално, не некој фастинг. Појадуваш во 10, вечераш во 8 пример. А 3 кила за помалку од недела е малце тумач
Ајде да почекаме...ќе пишам натака како иде. Ќе направам и скриншот од графиконот каде се мерам секое сабајле
Intermittent fasting е многу повеќе од диета. Побарајте на youtube видеа од докторите Jason Fung и Mindy Pelz за да откриете мноогу повеќе информации на темата.
Јас чекам уште малку 2 недели да покажам графиконот како што ветив...се навикнав и на 08/16 и баш ми годи
Yup, обавезно со антибиотикот. Башка што 2 недели пијам домашен ќефир секое сабајле. До сега само постов ми помага да немам подуеност.