Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

8 часовна диета (intermittent fasting)

Дискусија во 'Диети' започната од Maci12345, 17 март 2013.

  1. SelenaGomez

    SelenaGomez Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    744
    Допаѓања:
    1.632
    Пол:
    Женски
    Дали во тие 16 часа внесувате течности? Пример последен оброк ми е мене во 17.00 часот ама навечер знам да се напијам вода или чај. Сабајле исто пред да почнам да јадам имам испиено околу литар вода сигурно.
     
    На Снегулк@23 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    25.005
    Да, вода, кафе без додатоци и чај од билка (не овошен).
     
    На Снегулк@23, SelenaGomez и BeMyFriend им се допаѓа ова.
  3. BeMyFriend

    BeMyFriend Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2023
    Пораки:
    516
    Допаѓања:
    1.398
    Пол:
    Машки
    Сама ќе те тера на вода да пиеш
     
    На Снегулк@23 и SelenaGomez им се допаѓа ова.
  4. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    25.005
  5. ElenaRbd

    ElenaRbd Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    328
    Допаѓања:
    162
    Апсолутно! Jason Fung и Mindy Peltz се врв! Многу ми е жал што не им се преведени нивните книги на наш јазик. Ми требаа за мајка ми (дијабетичар е), дека автофагија и IF помагаат многу за дијабетисот.

    За среќа има ептен добри видеа на јутуб од нив.
     
    На Снегулк@23 и mKdevojce им се допаѓа ова.
  6. Anchi♥️

    Anchi♥️ Активен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2023
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    13
    Пол:
    Женски
    Има ли некој што се придржува на овај начин на исхрана?
    Јас би сакала да почнам од утре 18/6 ќе ми биде саатницата па да ме дружи некој а воедно и ќе си даваме идеи за оброци
     
  7. SelenaGomez

    SelenaGomez Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    744
    Допаѓања:
    1.632
    Пол:
    Женски
    Јас, се водам често и многу ми е убаво. Ако прв пат почнуваш со овој начин на исхрана пробај со повеќе сати па намалувај со тек на време.
     
    На Снегулк@23 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Anchi♥️

    Anchi♥️ Активен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2023
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    13
    Пол:
    Женски
    Да прв пат почнувам ,имам 45 килограми вишок па затоа сакам да почнам со 18 часа
     
    На Снегулк@23 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. SelenaGomez

    SelenaGomez Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    744
    Допаѓања:
    1.632
    Пол:
    Женски
    Ако ти е тешко многу на почеток пробај со 16/8 па после оди на 18/6, психата да ја победиш прво па потоа полесно ќе биде. Кризите за глад ги надминувам со вода. Пиши ми порака заедно ќе споделуваме и оброци.
     
    На Снегулк@23 и Anchi♥️ им се допаѓа ова.
  10. Ana-lib

    Ana-lib Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2015
    Пораки:
    300
    Допаѓања:
    244
    Пол:
    Женски
    Здраво на сите по трет пат сум тука :D
    Има ли нови кандидати во новата година?
    Јас почнав од средата со аутофагија 17-7.
    Јадам од 12 до 19 часот, а почнав помалку и да повежбувам.
    Обично секојпат досега кога бев на некој режим бев нестрплива да ослабам, а кога ќе ја достигнев целта повторно се препуштав на уживањето во храната.
    Овојпат несакам да си задавам ни цели ни временски ограничувања. Имам 5-6 кг за симнување и не ми е важно до кога ќе ги симнам. Ќе се потрудам ова да ми стане навика и да го терам долгорочно.
     
    На Снегулк@23 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. FreeToGo

    FreeToGo Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2014
    Пораки:
    1.171
    Допаѓања:
    1.660
    Пол:
    Машки
    Некаде прочитав дека, во тие 8 часа кога можеш да јадеш, пак треба да пазиш што внесуваш т.е. да не биде мрсно, калорично, шеќери... Тогаш која е поентата 16 часа да гладуваш ако во тие 8 пак треба да пазиш? Јас добив (очигледно погрешен) впечаток дека во тие 8 можеш да јадеш сè што сакаш.
     
    На Снегулк@23 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Ana-lib

    Ana-lib Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2015
    Пораки:
    300
    Допаѓања:
    244
    Пол:
    Женски
    Лично јас тоа не го сваќам како некое гладување, секако кога сум на работа јадам првпат во 12часот, а вечерата секако ја јадам до 19часот. Единствено нешто што ми прави разлика е тоа што не грицкам ништо после 19h.
    А ова што велиш за исхраната секако дека тие што повеќе пазат што внесуваат ќе имаат и подобри резултати. Јас лично благото го сведов на минимум, друго се јадам, ама и не очекувам којзнае какви резултати во брзо време. 1-2кг на месец помалку би биле супер, во мојот случај.
     
    На FreeToGo му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Ana-lib

    Ana-lib Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2015
    Пораки:
    300
    Допаѓања:
    244
    Пол:
    Женски
    Дали може да се пие незасладено какао во времето на “постот”?
     
  14. glisa

    glisa Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2014
    Пораки:
    215
    Допаѓања:
    155
    Pozdrav, jas zapocnav na 25.01 2025
    Dali ima i drug sto se pridrzuva na ovaa dieta pa da spodeluvame recepti vo tek na tie 8h...
    Se nadevam ce imaa efekt, ja odbrav ovaa dieta bidejki nemam vreme da spremam celo verme recepti po lista, so ovaa dieta gledam vo tekot na tie 8 casha da ne jadam se i svashta, i sega planiram da pocnam so utrinsko pesacenje...