точна е оваа диета, јас за 2 месеца ослабнав 7 кг. и сеуште си стоам на истото да не јадам после 18 часот искрено и немам желба веќе воопшто ниту ми траже организмот
Дали во саатите додека се држи fasting смее да се пие кафе? Без доручек некако и можам да поминам, ама без кафе тешко..
Може да, но без додадени калории како од шеќер, млеко, итн. Не е диета, вид на постење е. Целта е да го ставиш телото во режим да троши од складираната енергија т.е салото.
Нема специјални рецепт за ова не е класична диета.. Ако сакаш 16:8, 16 часа постиш односно не јадеш ништо само кафе и чај без шеќер можеш, а другите 8 часа јадеш што сакаш. Сепак не треба во тие 8 часа да претеруваш со храна, да се прејадуваш или да јадеш дупло количина на храна од обично што јадеш...
Ако планираш на долги стази да слабееш а да не се одрекуваш од храна што ја сакаш па дури и благо, тогаш оваа диета е за тебе, ако очекуваш брзи резултати тогаш не ни почнувај. Колку и какви ќе бидат резултатите зависи од вашиот метаболизам, но она што е сигурно нема килограмите да одат нагоре, и здравствената состојба ќе ви се подобри. Не бидете толку строги, па да као животните на товење јадете баш по саат. Во оваа диета е најбитно паузата од последниот оброк а не тоа дали ќе јадеш 8 или 10 часа. Значи најбитно е да имаш пауза од 14-16 часа од последниот оброк за да може организмот да ја процесира храната и да почне да зема од резервите. Инаку оние што пијат кафе не мора баш да го пијат горко, 1 лажичка шеќер нема да направи којзнае каква штета. Затоа што оние кои пијат засладено кафе ако се принудени да пијат горко им се засилува апетитот и нема да можат да додржат или потоа ќе јадат многу повеќе. Најбитно со оваа диета е што нема штетни ефекти, туку му помага на организмот да закрепне и да се исчисти од сето она што го внесуваме. Не е проблемот што јадеме повеќе или јадеме благо, проблемот е што ние дотураме постојано и организмот не може да ја искористи енергијата од претходно внесената храна па мора да ја спакува во масти и да ја чува како резерва. Е со оваа диета го тераме организмот не да складира туку да зема од натрупаните резерви.
Здраво.Ве читав наназад неколлку страни и приметив дека скоро сите имате напишани како сте почнале со овај начин на исхрана но никој нема пишано дали ја постигнал целта.Јас сум веќе еден месец со овој пост,и за сега ми е добро,не сум мерена но се чуствтвам некако полесно и подобро. Целта ми е да намалам околу 15 кг ,во комбинација со вежбање дома,избегнување на благо,бело брашно грицки.
Сè се сведува на тоа колку калории внесувате наспроти колку трошите, небитно дали јадете само 8 саати.
Јас веќе 40тина дена го практикувам ова и искрено веќе не ни ми се јаде, ниту имам толкав апетит како на почетокот. На почеток тешко ми беше затоа што јас сум навикната(полека се одвикнувам) да јадам навечер, а некогаш сум се "чувала" за само навечер да јадам. И мислев дека е невозможно да престанам да јадам навечер. Целта ми беше да ослабам 2 3 кила затоа што имав некоја прослава и фора од 20 дена да успеам. Па така, си го почнав 16:8 во комбинација со калориски дефицит и исфрлање на благо и грицки и газирано. Ја пистигнав целта, се навикнав и сега уште си терам вака и добро ми е. Би го советувала само секој кој сака да почне, а досега никогаш не водел сметка во колку часот и на колку растојание јаде, дека ќе биде тешко. Мене полесно ми беше кога си давав можност да не јадам барем 13 саати и си викав секогаш кога постам над 13 саати е супер, не мора да се 16. Зашто после 12тиот саат телото ги користи мастите . Така ми беше полесно психички. И чувството кога си легнуваш малку гладен е чудно на почеток, ама се е навика. Сега можам и 18 и 19 саати да не јадам и да не сум гладна, ама повеќе практикувам да јадам околу 17тиот саат.