e vaka, mene posledniot brok mi e nekade vo 17 30 casot, vecerata (salata) ja jadam bez leb, salatata ja prigotvuvam od od domati, piperki, krastavicka, kromid, magdonos seckan, dodavam malku sol i sok od polovina isceden limon, ja pravam bez maslo. i po ovie nekolku dena cuvstvuvam deka nemam oduvanost vo stomakot, i mi e mnogu poubavo.
Мајками се приджуваше до овој режим и за една недела ослабе 3,5 кг. Колку има само задоволна фаца не знаете
Ај ако сакате пишете што јадите за поручек ручек вечера измеѓу оброците благо дали барем еднаш неделно јадите или воопшто не јадите.. Фала многу
Јас лично неам некој посебен мерак за благо.. Али можеш СЕ да јадиш значи.. ти се јади благо - јади е сеа гледај да не јадиш цела милка во денот па да очекуваш резултати . Умерено. За појадок јас јадам мусли од виталија тие со малина и боровинка, со соино млеко од ванила.. ручек тоа што има, а вечера скоро и никогаш не вечерам поради тоа што нели до 5ч е јадењето.. Поздрав и пиши резултати
Дефинитивно ме воодушеви оваа диета, ќе ја почнам од утре диетава Значи црн леб да јадам и газиран сок никако, океј женски Другото се е дозволено ама без претерување, така? Среќнаааааааааааааа сум бееее И за мене постоела соодветна диета
не дека ја држев ама во период од 10 дена, несакајќи ја ,,издржав,, диетата, со што не јадев после 18 часпт, станувам во 7 и 30 појадувам некаде кај 11 часот и тоа или мусли со млеко и обавезно една банана или портокал, ручувам било што и тоа некогаш со леб некогаш не, какао со млеко пијам секој ден и по 5, 6 суви сливи, ете тоа ми беше менито овие денови и ослабнав 2,5 кг.. лесно се држи диетава затоа што нема ограничување во внесот на храна, мислам во нормални количини.
1 ден. Се разбудив во 11ч. Поручав кори, подоцна кикиритки грицкав, цигари, кафиња горки и 4 чаши вода. 2 ден. Исто во 11ч се разбудив. Поручав ваганче супа и спанаќ со јајце. Ручав соја и чаша јогурт. Во меѓувреме цигари и кафиња, а и за вечер планирам кафе-цигари.. Не е воопшто страшно Се издршува
Цигарите на некој начин помагаат да заборавиш на јадењето... но што со тие кој не пушат цигари? Еве на пример јас постојано мислам на јадење.... сега сум на една ,,случајна" диета.... ако има резултати ке ви пишам..хихи
Веќе 14 дена сум на овој тип на диета. Малку проблем ми прави што работам, па така доручекот/ручекот скоро секој ден ми е исти, некоја кифла и јогурт наутро околу 9часот...За време на работното време си дозволувам и по некој сладолед или чоколатце, и тоа е се до 16 часот. Штом стигнувам дома околу 16 30, само свежо овошје или зеленчук, и толку. Навечер може едно кафенце или чај и така е веќе 14 дена. Ефекти??? Мислам дека почнав да ги зебележувам после 8-9 ден, досега мислам дека симнав околу 2-3 кг. Имам доста читано дека секое тело кога сака да се прилагоди на нова навика, потребно му е 21 ден за да го сфати тоа како рутина, така да јас планирам овој начин на исхрана да ми стане вообичаен начин, се со цел за одржување на витката линија. Ако има некој што завршил со оваа диета, сакам да прашам каков режим на исхрана применувале после истата? Совет до сите што планираат да ја започнат диетата: Ќе имате многупати напад на глад, можете да го спречите со пиење на многу вода и фокусирање на нешта кои ве интересираат. Поздрав до сите
Јас во моментов -----> Гледам сите ослабнале по 4,5 до најмалку 2 килограми а јас за 6 дена (од први почнав) само едно килограмЧЕ и некако сега се демотивирав. А прееска еден другар ми кажа "Леле ама си ослабната, на диета си? Изгледа како 5 кг. да си ослабела". Да, но вагата не го покажува тоа и некако се депримирав, секкој ден кардио вежби по 45 минути до еден саат и режимов строг од 9 до 5, плус без благо, без леб, само на салата од домат со сирење и на праски сум цели 6 дена и ништо а само јас знам како им одолеав на потпечените макарони од мама и палачиките што сега ги кркаат во кујна а јас бегам од мирисот и вчера на пастрамајлијата на баба по ТАЕН рецепт и на штрудлите со вишни тато што гу купил од новата пекара . Навистина сум жалче! Некој совет?
Ај сеа да поставам едно глупо и смешно прашање ама ве молам за одговор.. Кажете ми дали со диетава има шанси да изгубам и од задникот или градите(во превод да станам даска?) зошто ств си го сакам мојот "Кардашијан" задник xD и моите не толку големи но доволни гради паа очекувам одговор
Мене ова ми е режим на животот, само што јадам во периодот од 10 до 18 часот. Многу ретко пијам газирано и речиси и да не јадам благо, а леб јадам само по една до две кришки на јадење. Многу ретко, дури и сега во мојата состојба го прекршувам ова правило (освен кога сум некаде на гости па ќе испадне дека ништо не сум сакала да земам ) од проста причина што имам проблеми со желудникот потоа. Не сум била дебела за да кажам дека го правам ова за слабеење (висока сум 170, а пред да останам бремена варирав 52-54 кг)
Пак досадната јас Се откажав од диетава, пошто нели со празнициве одиме секаде по гости, а таму срамота е да не каснеш нешто Денес се мерив, и здебелена сум 1 килограмче Па решив одново да почнам Леб само на сабјале, по една кифла, пошто на училиште ако видат јаболко или мандарина 3 месеци ќе те зафркаваат Само салатче, супа, манџи и такви ствари Не одам сега по гости, за учење ќе имам Иначе се слабее Ама мислам дека сите освен мене ќе ослабат Само се откажувам
дечки течности мора да пиеме,ќе ни дехидрира телото,а за резултати од диета треба да помине време плус ако не јадеме доволно телото ги користи резервите.Исто кога користиме маска за лице бубулиците не ни исчезнуват за 1 ден или 8 часа