диетава апсолутно делува за две недели ослабев 2 килограми стварно ја препорачувам после 17 часот јадев само овошје,и само кога бев гладна нормално
Оваа диета сум ја држела несвесно Пошто во минатото имав проблеми со желудникот или поточно кажано со варењето и ако јадев на вечер неможев добро да спијам, имав мачнини. Еден мој другар исто така го има проблемот и ми кажа немој да јадеш подоцна од 17 часот и така нема да ти е тешко. Така правев околу 2 месеци и несовесно симнав околу 5 килограми (и така требаше да ги симнам) Иначе во текот на денот јадев се што ке посакам освен газирано.
Е веќе, чудото големо Мене ова ми е 5ти ден, а ниту грамче немам симнато. И пак не се откажувам На пример, за 6 дена да ослабам 1 кг. За 60 дена ( 2 месеци ) би требало да ослабам 10 кг Па тоа е супер Бејби
Море луѓе ја веќе скоро една недела ја држам 3кг минус сум. Се забележува панталоните поубаво стојат.(како не си замислувам јас сега тука) Машала машала уште 4-5 месеци треба вака дур стигнам со посакуваната тежина. Таман до лето да не се срамам на плажа ко лани со пешкири ко идев и излегував бруки бев(забегав сега). Значи благо избегавам 4 дена немав пробано вчера пробав благо од кога почнав со диетата од понеделник. Нормално си јадам од 9:30-17:30 се што ми се јаде. Вежбам на физичко 3 пати во неделата и плус на орбитрек на ден по 15 мин. После 17:30 си пијам вода/чај до вечер. Чај без шеќер и така стално го пијам така. Чајот нема многу калории па можете слободно да го пиете. Напомена:Се зависи од организмот.Секој различно губи килограми. Поздрав.
Леле кога читам, ми иде од 4ти спрат да се фрлам Не една, не две, три недели ја држам диетава, на леб не сум ни помислила. Ја прекршив само кога беше празникот св.Никола.. А моите килограмчиња си варираат УПМ Завчера бев 61, денес сум 59-60.. За неколку дена пак ќе сум 61 Ах овој мој организам, ахххх
Utre planiram da pocnam, i ke se obidam da ja iskombiniram dietava so sasi vodata. se nadevam ke ima nekakvi rezultati zosto i vodata i dietava prv pat ke gi upotrebam
И јас ке ја пробам диетава, ама за почеток со јадење од 9 до 19 часот, многу рано ми е 17 Па за недела дена сакала-нејќела ќе морам најкасно во 18 да јадам Летото имав околу 60-61 кило, варирав а сега сум стигната до 65 најдебела сум до сега во животов, се ми е тесно не можам да дишам
Слушнав многу добри позитивни критики за диетава и од денес започнав и јас, денес полабаво ама од утре постегнато само најбитно знам дека, јогурт,млеко,варени компири,моркови,индиски оревчиња,бадеми,лешници,црн леб,житарици,незасладен чај,кафе..се препорачуваат за секојдневна исхрана а сирење и кашкавал за време на диета потребно е да се избегнуваат, тоа ми го кажаа кога одев на акупунктура
Оваа диета си ја имав измислено порано, не знаев дека навистина постоела. Ништо не јадев после 17ч. и коска и кожа се направив. Ама најдобро е до 17ч, а не модификации, ај до 18, ај до 19.
Јас ја почнав диетава од пред два дена, ама морав да направам модификација од 1 час, тоест да биде јадењето од 10-18 часот, поради обврските и тајмингот за вежбање, се надевам дека не е тоа толку нешто страшно, а? Како и да е, стартувам со 55 кг., па ќе видиме до кај и што ќе се стигне.
Диетава е одлична ! Мајками е држеше порано и стварно има резултати. Јас планирам да ја држам од утре, доручек во 9 и после јадење во 17 часот. Ми остана уште малку до посакуваната тежина, морам да издржам, МОРАМ! Поздрав до сите што ја држат
Здраво Драги Феминики!!! Значи толку многу години се мачам со 1000 диети нпр како УН, Јаворовиот сируп, Жан Митрев диетава и безброј другу безуспешни диети.. Ова е првата која ми даде толку добри резултати, а воопшто да не гладувам.. Нормално дека внимавав шо јадам, помалце леб, без благо итн... Строго се придржував кога стануваше збор за не јадење после 5 часот, стриктно само вода пиев. Ја почнав пред месец дена и бев 72 кила а сега сум 66.. У план ми е да ја држам уште месец дена па да видиме какви резултати ке даде.. Не ми се веруваше кога застанав на вагата, па дури се мерив едно 5-6 пати ахаха На секого би му ја препорачала, стварно вреди да се проба.. Поздрав и со среќа!!!
Од февруари навака кога си ставив посебен режим на исхрана имам ослбанато само 6 килограми. (за три месеци)Ми се смачи олку бавно...ова досега не го практикував но од утре т.е од понеделник почнувам па ќе видам резултати за 2 месеци до 1 јули планирам да ослабнам уште 8-10 килограми.но се разбира строго без леб,благо мн овошје салати, мусли житарки,сончоглед бадеми суво овојшје и 40 минути
Јас сметам дека е сосема доволно месечно по 2 кила да се губат.Највеќе 5.Ако така нагло ослаби човек ке му се поремети секоја божја функција на органите во телото.Само продолжи напред,ке успееш,лека полека.
Eve jas ja drzam, ova mi e 5ti den. Nemam do sega nikakvi promeni, ama si go znam teloto, bavno pocnuvam so slabeenje, aj se nadevam deka barem nedelno po 2 kg ke slabeam.