Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

8 часовна диета (intermittent fasting)

Дискусија во 'Диети' започната од Maci12345, 17 март 2013.

  1. MARILENA

    MARILENA Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2015
    Пораки:
    355
    Допаѓања:
    102
    Пол:
    Женски
    Прочитав доста позитивни работи за оваа диета. Не е тешка, денес прв ден и лесно поминав.

    Некој да каже мислење?
     
    Последна измена од модератор: 25 септември 2018
    На BosaVega му/ѝ се допаѓа ова.
  2. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    37.499
    Пол:
    Женски
    Мене ова ми постана режим добри 2-3 години. Не се ограничував 100%, некогаш ќе изедев јаболко или соленки после 17 часот, но 4 кила намалив и се уште сум со истата килажа.
    Не следев диети, туку сама одлучив после 17 часот да не јадам и за мене имаше ефект. Секако оброците да не се и премногу обемни. Од кога почнав со ова темпо, почувствував и дека организмот ми бара помалку храна, па лесно си ги контролирав и количините кои ги внесував.
    Се уште гледам после 18 часот да не јадам тешка храна, вечерам тоа време а после 18 часот овошје и зеленчук конзумирам ако почувствувам глад.
    Пак ќе речам, има денови кога знам да се почастам со храна и покасно но гледам да избегнувам што е можно повеќе. Леб намален на минимално, по едно парче црн леб од оброк и благо во ограничени количини.
    Еве веќе 7 години вака правам и не се дебелам. Исто и вежбам, пешачам почесто и пијам повеќе вода.
     
    Последна измена: 25 септември 2018
  3. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.195
    Допаѓања:
    106.173
    Пол:
    Женски
    Феминки, баш ја разлистував по нет диетава, значи погрешен ви е ставот со часот стрикно од - до. Поентата е да имате 8 часа во кои ќе ги консумирате оброците а 16 во кои ќе одмара телото од внес на храна но да има солиден внес на вода. Како што се будиме така се будат и активираат и нашите органи за варење, затоа наутро прво стануваме и имаме потреба од тоалет. Најдобро е одма по будење да се внеси вода која врши хидратација и детоксикација. Многу грешно е да се пие кафе нагладно. Во текот на 8те часа да се внесат 3 оброци и 2 ужинки помеѓу а во целиот ден многу вода. Тие 8 часа може да се кои било во текот на денот, зависно од нашиот биоритам. Ако се будиме во 6 премногу е да се чека за појадување до 9. Или ако се будиме во 11 не можеме да завршиме со јадење до 17. За да го одржиме метаболизмот, потребно е да си имаме рутина.
    Прочитав погоре мислења дека ја отфрлате вечерата, што е погрешно.
    Баш ги гледав идеите за дневни менија на авторите на книгава и му доаѓа : појадок во 9, ручек во 13, вечера во 17, дури и две ужинки во 11 и 15.
     
    На Кристина Хара, TutiFuti и IM.TMKQ им се допаѓа ова.
  4. tigrica92

    tigrica92 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2014
    Пораки:
    657
    Допаѓања:
    564
    Пол:
    Женски
    Јас ја држам околу 2-3 седмици и веќе во обем како да имам намалено а и други ми коментираат дека сум послаба во кг се немам мерено сеуште. Инаку не се продржувам баш толку строго станувам покасно на пр јадам од 13 до 21 часот, или ако завршам денес со вечера во 19 часот пример утре доручкувам во 11 часот (значи по 16 часа од последниот оброк)
     
    На ♡BuBaLe♡ му/ѝ се допаѓа ова.
  5. MARILENA

    MARILENA Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2015
    Пораки:
    355
    Допаѓања:
    102
    Пол:
    Женски
    Јас за месец дена -2 кг. Задоволна. Можеби затоа што имам малку за намалување уште 2-3 и доволно е. Само ми треба зацврстување на стомакот и бутовите. Некоја добра справа за овие вежби?
     
    На didisi му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.898
    Допаѓања:
    132.684
    Мислам 7ми ден... може и 8ми сум. Ни грам подоле. Кога ќе почнат да паѓаат кг?
     
  7. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    Треба време, не е од брзите. Мене неколку години ова ми е начинот на исхрана, барем поголемиот дел од времето, и мислам на почетокот дури после околу три-четири недели други почнаа да приметуваат разлика на мене. Јас одамна не мерам килограми ама ќе приметиш прво во струк како се намалуваш, од тоа прекрасните слојчиња што се насобрале ;););)

    Дојдов уствари да ви пишам дека има доста бесплатни апликации кои може да ви помогнат да пратите во кој период јадете/колку време не јадете. Јас и користам Zero, апсолутно едноставна, си внесуваш кога си почнала да јадеш, кога си прекинала. И после толку време, мене ова доста ме мотивира, и ми прави мерак кога можам да видам како ми поминал месецот.

    Лично мене доста ми прија овој начин на живот, прво зашто не јадам само зашто има храна и многу ми помогна за поинаква перцепција на храната. Не се ограничувам што јадам, ама сама од себе имам желба да биде тоа нешто хранливо, нешто здраво и нешто што ќе ми направи мерак, барем 90% од времето. Не се изгладнувајте и не се прејадувајте, обрнете внимание колку трошите енергија и колку храна ви треба. Одличен тренинг е за препознавање на глад и слушање на сопственото тело. За периодов како што повеќето се по дома и сите се жалат дека јадат од досада, и повеќе од потребно е самоконтрола.
     
    На Cka, CarrieBradshow и do-re-mi им се допаѓа ова.
  8. teaiva

    teaiva Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    90
    Допаѓања:
    524
    Денес почнувам и јас,па да видиме дали ќе издржам.Никогаш немав потреба од диета ,и секогаш сум јадела што сакам кога сакам,сега ми е проблем да се воздржам од благо,леб тестенини.Ама како се старее забавува метаболизмот и некако и со помалку јадење се дебелеам ,и сега имам едно десет кг за симнување .Сестра ми пред неколку год ослабна со тоа што не вечераше ,ама таа и леб не јади и до ден денес одржува килажа.Па се надевам ке издржам по 17ч без јадење.Стартувам со 63 ќе бидам среќна бар до 55да стигнам.
    Доручкував у 10 две кифлички и топло чоколадо, потоа кафе со натрен,кај 14ч шопска и во 17леќа со салата и уште една кифличка.
    Ке гледам понатаму да намалам скроз леб и благо.
    Со сеќа на сите кои се на диета.
     
    На CarrieBradshow му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Laurynhill

    Laurynhill Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2016
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    12
    Пол:
    Женски
    Decki ova ne e dieta tuku se vika intermittent fasting i e odamna poznato. Rabotata e da se jadat 8saati bilo koga vo denot, a 16 nisto (racunaj 8 saati spies), znači 16:8. Saatite mozes da gi kratis, nekoi odat i so 18:6 ili 20:4. Vo vremetraenjeto koga ne jades teloto veke nema sheker I pocnuva da vadi od visokot masti za energija - proces što se vika ketogeneza. Keto dietata celi kon istoto. Mnogu lugje kombiniraat keto dieta so IF za pobrzi rezultati i da efikasno e no samo ako na dolgorocen plan se držite. Jas licno drzam 18:6 (18 ne jades, 6 jades-najcesto od 12do 18:00). Plus, so ova namaluvas dneven vnes na kalorii bidejkji ne gricka i slično. Koristam aplikacija koja vodi evidencija za saatite se vika Zero.
    Drugi pridobivki na IF e deka go balansiras inslinot, kako i drugite hormoni, posebno toj za glad bidejkji go naviknuvas organizmot da jade vo tocno vreme,poradi toa nema usporuvanje na metabolizmot.
    Najefikasno slabeenje za mene bilo ova: intermittent fasting I namaluvanje na sheker vo ishranata, da ne recam keto način, i pomal vnes na kalorii vo zavisnost od kolku trosam dnevno, (za toa ima kalkulatori na internet barajte go vasiot basal metabolic rate).
    Se e prosta biologija mislam deka, ednostavno mu dozvoluvas na organizamot da crpi energija od visokot salo koga ne go trupas so sheker,a pri IF toa se slucuva.
    Fun fact: breakfast zborot znaci to break a fast navodno
    Osven IF, ima lugje sto praat alternate day fasting, ili 5:2 (ped dena jades, dva ne - celosna detoksifikacija). Zatoa e mnogu fleksibilno, biras tebe kako najmnogu ti odgovara vo sekojdnevniot život.
    Isto taka, ova ne znaci da jades što sakas osum saati pa da ne jades, nema da ima nesto epten rezultati, mnogu lesno. Mozes da izedes eden kup raboti vo 8 saati I nisto so toa. Pazete na kaloriite I sto jadete.
    Za drugi raboti I plus beneficii postoi Google. Mozam do utre da zboram za ova kolku sve iam pročitano :D
    Do your research!

    Tie osum saati napravi gi tebe kako sto ti odgovara nema vrska koga. Ako ti odgovara da jades od 12-20:00 jadi togas, ili ne znam... 10-18:00. Stvarno ne e vazno se dodeka se drzis do 8 saati, ne poveke od toa
     
    Последна измена од модератор: 22 април 2020
    На Suhan, Cka, teaiva и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. MARILENA

    MARILENA Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2015
    Пораки:
    355
    Допаѓања:
    102
    Пол:
    Женски
    Дали само ако пиеш кафе сабајле од тогаш почнуваат осумте часа или од првиот оброк :/
     
  11. CarrieBradshow

    CarrieBradshow Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2020
    Пораки:
    520
    Допаѓања:
    380
    Пол:
    Женски
    И мене ме интересира тоа. Јас цедам лимони наутро, па јадам овесни, е сеа да речиме, пијам лимони во 10ч, јадам овесни во 12ч. И ќе ми дојди само еден оброк, кај 17/18ч. Нема простор да распределам на 3 оброци‍♀️
     
    На teaiva му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Stefani999

    Stefani999 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2012
    Пораки:
    702
    Допаѓања:
    601
    Ако го пиеш кафето со шеќер, млеко или некој друг засладувач го кршиш fasting-от пошто инсулин почнува да се лачи. Само кафе и вода или чај без ништо е најдобро.
     
    На teaiva му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Stefani999

    Stefani999 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2012
    Пораки:
    702
    Допаѓања:
    601
    Лимонот иако има низок гликемичен индекс сепак го крши fast-от и има калории. Мислам дека сликата ќе ти е од помош D5akfJTW4As2Iud.jpg
     
    На Cka, teaiva и CarrieBradshow им се допаѓа ова.
  14. teaiva

    teaiva Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    90
    Допаѓања:
    524
    Ова е всушност познатата Автофагија која освен за слабеење е добра и за лекување на организмот,телото само ги искористува оштетените клетки за енерија ,доколку не се внесува храна,со ова се обновува имунолошкиот систем,се забавува стареењето.Во секој случај може само да користи.
     
    На CarrieBradshow, Laurynhill и andrejko82 им се допаѓа ова.
  15. Laurynhill

    Laurynhill Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2016
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    12
    Пол:
    Женски
    za vreme na periodot na ne-jadenje (fasting period) mozes da pies kafe ama bez nikakvi dodatoci i chaj najmnogu zatoa sto ako stavis mleko ili shekjer aftomatski go krshish postenjeto so nekakov vnes na kalorii. Kafeto i chajot nemaat
     
  16. Dandra

    Dandra Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2020
    Пораки:
    584
    Допаѓања:
    765
    Kazete dobra dieta imam 80 kila sakam da oslabam
     
  17. CarrieBradshow

    CarrieBradshow Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2020
    Пораки:
    520
    Допаѓања:
    380
    Пол:
    Женски
    Од понеделникот до сабалјево -2 кг:D
     
    На beachedd и peperutce777 им се допаѓа ова.
  18. Sweetlove_0312

    Sweetlove_0312 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2017
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    13.379
    Пол:
    Женски
    Јас ја почнав оваа диета и ќе видиме дали ќе го постигнам посакуваниот резултат. Ако е успешно ќе ви ја кажам.
    Убава е оваа диета само ако не се откажиш прерано и ако не претераш во консумирање калорична храна.
     
    На CarrieBradshow му/ѝ се допаѓа ова.
  19. peperutce777

    peperutce777 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2013
    Пораки:
    205
    Допаѓања:
    141
    Еден месец го практикувам овој режим и искрено многу сум задоволна. Во сатите кога јадам не јадам благо, грицки и леб. Сатите кога не се јаде пијам многу вода и чај без шеќер. Апетитот ми е намален многу што ми беше многу важно. Обично јадам од 12 до 19ч. Тоа се 7 часа но никогаш не сум јадела доручек така да не ми е тешко од сабајле. Кафе без шеќер пијам. Прочитав дека може да се стави стевиа бидејќи нема калории но мене без шеќер ми е поубаво. Иако во текот на еден месец не секогаш се придржував сепак ослабев 6кг.
     
    На Justicija и Suhan им се допаѓа ова.
  20. *Amethyst*

    *Amethyst* Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2016
    Пораки:
    1.779
    Допаѓања:
    9.932
    Пол:
    Женски
    Јас ова го имам правено, ама на пример до кај 18ч, а прво јадење ми било во 12 попладне.
    Е сега, кај мене имаше убав резултат но, одбегнував скроз ЈХ, малку ми беше тешко околу готвење и исхрана зошто стварно некако ми е тешко да искомбинирам храна која нема воопшто ЈХ во себе, а исто така не јадев и овошје, па поради тоа решив да прекинам со исклучување на Јх.
    Од утре повторно го планирам ова баш тука како што сте го пишале, до 17ч јадење и толку веќе, кафе и така пијам без шеќер и млеко. :)