Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

8 часовна диета (intermittent fasting)

Дискусија во 'Диети' започната од Maci12345, 17 март 2013.

  1. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.848
    Допаѓања:
    19.551
    Пол:
    Женски
  2. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.470
    Допаѓања:
    54.972
    Пол:
    Женски
    Минатиот месец на ваков режим бев 2-3 недели и изгубив скоро 3 килограми за тој период, искрено цел живот мака мачам со килограмите и тешко ми оди слабеењето, ама овој режим лично мене многу ми одговара и криво ми е што го прекинав тогаш, ама пред два дена повторно започнав во тек на 8 саати да јадам а 16 да "постам" во тоа време пијам едно кафе без шеќер и многу вода.
    Во часовите дозволени за јадење, јадам буквално се освен леб, благо и газирани пијалоци, тешко ми е од пиво што морам да се откажам, ама за здравје се работи нели:D и од што ми е смачено сите околу мене да ми кукаат како се здебелиле 1 килограм и да кукаат како да го ослабат тоа едно факинг килограмче|(

    Мислев нема да издржам ни ден без мноогу леб, ама си купив безглутенски оризови галети и јадам по две на ден со ручекот и вечерата и навистина ме заситуваат(fingers)
    Не се вкусни ко белото лебче и на крај не можеш да си макнеш со нив од манџичката, ама тоа е тоа, идемо јакооо:muscle: овој пат нема откажување(highfive)
     
  3. SofiMar_

    SofiMar_ Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 октомври 2016
    Пораки:
    2.519
    Допаѓања:
    66.429
    Пол:
    Женски
    Јас еден месец веќе сум на intermittent fasting. Јадам некогаш 6 часа, некогаш 7, останатите само вода со лимон, чај или кафе ( без шеќер нормално ). Благо каснувам еднаш на неколку дена и во мала количина и леб јадам 'ржан по 1 парче и не секој ден. Се немам мерено уште ама осеќам дека сум ослабната и се чувствувам многу добро. Не ми е воопшто тежок ваквиот начин на исхрана затоа што и така ретко доручкував, ама затоа навечер пред спиење јадев се' и сешто.
    Вежбам навечер по 15тина мин., активна сум во текот на денот, па очекувам добри резултати.

    И кога ке ја постигнам посакуваната цел мислам дека ќе си продолжам по овој режим на исхрана. (fingers)
     
    На Снегулк@23 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.639
    Допаѓања:
    8.496
    Пол:
    Женски
    Јас цел живот сум била на ова без да бидам свесна значи.

    Општо секогаш појадокот ми е после 9 часот, а ручек (бидејќи не вечерам) секогаш ми е околу 17 часот. Едноставно така сум си го навикнала организмот, и ако се случи да дојде пр. 18 а сеуште да немам ручано дури тогаш почнува да ми се јаде онака баш баш да псеќам глад.
    И немам симнато ни килограм. Мислам дека повеќе се работи за тоа организмот да ти одмори и регенерира отколку да се слабее.
     
    На Justicija му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Снегулк@23

    Снегулк@23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2020
    Пораки:
    2.764
    Допаѓања:
    3.775
    Пол:
    Женски
    Доста ефективно е ова... А и телото одмара
     
  6. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.195
    Допаѓања:
    106.173
    Пол:
    Женски
    Една недела се придржувам на режимов. Веќе со години ја држам ун, но во последно време си почнав да грицнувам глупости, па решив да сменам.
    Продолжувам по концептот на ун, три оброци дневно, почнувам со овошје и јадам ист вид јадење за ручек и вечера. Терминот ми е 9,12-13, 17. Само првото утро станав прегладнета.После немам проблеми со глад, баш супер ми е, пијам вода на утро, па појадок па кафе, после 17 пијам само чај и вода. Едино повремено навечер имам болки во желудник, глад или изнемоштеност не чувствувам. Се надевам ќе се стабилизира и ќе помине. :/
     
  7. Снегулк@23

    Снегулк@23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2020
    Пораки:
    2.764
    Допаѓања:
    3.775
    Пол:
    Женски
    Можеш навечер да грицкаш семки сончоглед...
     
  8. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.848
    Допаѓања:
    19.551
    Пол:
    Женски
    3 дена сум на 20/4 :sweat:
    Јадам готвена храна , само благото го исфрлив целосно .т.е одамна го имам исфрлено
    Јадам 1 во 14:00 и тоа
    Ќе пишам дали има резултат
     
  9. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.195
    Допаѓања:
    106.173
    Пол:
    Женски
    Зошто толку ригорозно??
    Не смее, ни семки ни ништо, надвор од тие 8 часа само вода, чај, кафе без шеќер
     
    На Снегулк@23 и Justicija им се допаѓа ова.
  10. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.848
    Допаѓања:
    19.551
    Пол:
    Женски
    Бидејќи манаа ми беше што јадам мн навечер , па сега кризи имам само на вечер се надевам дека ќе издржам
     
  11. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.195
    Допаѓања:
    106.173
    Пол:
    Женски
    Јади два пати, само со еден оброк успоруваш метаболизам
     
    На Роберт 7 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.848
    Допаѓања:
    19.551
    Пол:
    Женски
    Па 2/3пати во тие 4 часа
     
    На ♡BuBaLe♡ му/ѝ се допаѓа ова.
  13. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.195
    Допаѓања:
    106.173
    Пол:
    Женски
    И како се чувствуваш?
    Сепак, малку е само 4 часа во денот. Ако имаш три оброци во тој период, значи ти се многу набргу. Не чини така. Ако јадеш овошје, пола час до нареден оброк, посен ручек 2-3 часа, месо 3-4.
    Има неколку модели на intermittent fasting, разгледај, избери што е најдобро за тебе.
    Сепак, по мое, ова е погрешно :!:
    Најдобронамерно :hug:



    Јас терам, супер ми е.
    Имам три оброци за 8 часа, 9 појадокот, 17 вечерата.
    Периодов само лежам и внимавам на калориски внес. Едино намалив на вода, да не станувам често до тоалет :lol:
     
    На Снегулк@23 и Justicija им се допаѓа ова.
  14. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.492
    Допаѓања:
    201.431
    Пол:
    Женски
    Ако досега не си го применувала intermittent fasting, немој од старт да почнуваш толку ригорозно, ќе си направиш проблеми со метаболизмот. Подобро почни со 16/8, полесен е, имаш два оброци и една ужинка кои се сосема доволни за слабеење. И пешачи многу, што повеќе, тоа подобро. Тешко и напорно вежбање не се препорачува при овој режим. После кога телото ќе се навикне на нејадење и ќе се регулира механизмот на инсулинот, може да намалиш часови на јадење, т.е исто ќе имаш два оброци, ама два часа порано ќе почнеш со фастингот, после некое време уште повеќе ќе намалиш. Ништо не се добива преку ноќ, килажата не си ја качила од денес за утре, нема ни да ја симнеш одма. Само може да имаш многу големи кризи, што ќе резултираат со прејадување и здебелување и сиот труд ќе ти падне во вода. Оти кога драстично ќе ја намалиш исхраната, телото почнува да штеди, метаболизмот успорува, и секое јадење ќе го штеди и складира, наместо да го троши, па нема да слабееш, барем не во првите 10-15 дена. И ќе се разочараш, пошто сакаш брзи резултати. А ништо брзо нема.
     
    На DAngel, ♡BuBaLe♡ и Justicija им се допаѓа ова.
  15. Кристина Хара

    Кристина Хара Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 септември 2020
    Пораки:
    138
    Допаѓања:
    534
    Феминки јас го почнав режимов, трет ден ми е. Ослабев кило, ама сигурно тоа е губење течности. Имам напад на глад хаха ама би требало да се навикнам. Малце поише леб ми бара за да ми држи ситост. Сатницата ми е од 12 до 8 бидејќи касно станувам. За резултатите ќе ве известам
     
    На andrejko82 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Кристина Хара

    Кристина Хара Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 септември 2020
    Пораки:
    138
    Допаѓања:
    534
    Дали смее какао да се пие за време на постот? Без шеќер и млеко
     
  17. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.492
    Допаѓања:
    201.431
    Пол:
    Женски
    Зависи колку калории има, некои велат дека ако е под 50 калории, не пречи на организмот во постењето. Работата е да не го стимулира лачењето на инсулин.
    Најдобро да го пиеш на крајот на периодот на јадење, за да те држи до покасно.
    Јас навечер пијам зелен чај или мешавини на истиот, и дека топол пијалок, ме држи и немам проблеми со напади на глад.
    Не сум секој ден баш на оваа диета, зависи од денот. Најчесто сум на 16/8, со тоа што периодот на јадење ми е од 9-17 часот. Ама, има денови кога сум на 20/4 бидејќи поголемиот дел сум надвор од дома. Избегнувам да јадам овошје, од проста причина што ме огладнува и прави да јадам повеќе. А во овој режим сепак не е дозволено да јадеш кога сакаш и колку сакаш, леб, благо и газирано не е препорачливо.
     
    На Снегулк@23 и tina2018 им се допаѓа ова.
  18. Кристина Хара

    Кристина Хара Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 септември 2020
    Пораки:
    138
    Допаѓања:
    534
    Леб гледам да не претерам. Вчера две парчиња интегрален од жито лукс. Мислам до три парчиња не е страшно. Благото и газираното секако на минимум сведени.

    Инаку какаото е со слична калориска вредност како кафето. Ама навечер кафе избегавам зошто ми се нарушува сонот
     
    Последна измена од модератор: 6 октомври 2020
  19. Кристина Хара

    Кристина Хара Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 септември 2020
    Пораки:
    138
    Допаѓања:
    534
    Еве скоро месец на овој начин на исхрана, изгубените килограми одма ги вратив( не знам зошто) дури и качив пола килограм од ко почнав. Сум прилично дисциплинирана. Благо многу ретко јадам, грицки, сокови воопшто не. Дали сте имале ваков проблем? Дали сте имале ваков проблем?
     
  20. AAKG

    AAKG Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2019
    Пораки:
    1.159
    Допаѓања:
    1.361
    То не е проблем шо ги врати килограмите туку диетата е катастрофа. Започни со диета и физичка активност за да имаш подобри резултати.
     
    На Кристина Хара му/ѝ се допаѓа ова.