Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

8 часовна диета (intermittent fasting)

Дискусија во 'Диети' започната од Maci12345, 17 март 2013.

  1. tigrica92

    tigrica92 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2014
    Пораки:
    657
    Допаѓања:
    564
    Пол:
    Женски
    Zdravo, eve i jas da se priklucam vo klubot so moe iskustvo. Go pocnav ovoj rezim pred 2 meseci, postam okolu 18,19 nekogas i poveke od 20 saati, koga kako i prviot mesec izgubiv 3 kg i nekolku cm od obem. Vtoriov mesec nemam nikakvo namaluvanje, ni vo kg ni vo obem. Inaku vezbam 1-2 nedelno aerobic doma ili kacuvanje skali, isto taka i brojam kalorii gledam da ne sum poveke od 1200 kcal dnevno, osven vo vikend petok sabota togas jadam i po 2000 kcal. Se na se zadovolna sum so ovoj rezim na zivot, i ne planiram da go prekinam. Samo me buni toa sto ovoj mesec stagnirav. So sreka feminki :inlove:
     
    На Rama и Lotus Girl им се допаѓа ова.
  2. Lotus Girl

    Lotus Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2021
    Пораки:
    848
    Допаѓања:
    4.253
    Пол:
    Женски
    Браво уште првиот месец 3 кг е топ, тоа најверојатно ти било задршка на течности итн .

    Не се плаши што стагинаш. И јас бев така привите месеци 2 кг дали симнав али после тоа нагло симнуваш ( како сега шо ти се има случено наеднаш 3 кг) најмногу се намалува во обем .:hug:

    Пошто ова не е диета, туку ,,начин на живот,, затоа треба време и трпение за резултати не само за слабеење туку и за сите придобивки од него. Тоа е здраво топење на масти.
    2иот месец сигурно си почнала да ги осеќаш првите продобивки од тој ,,начин на живот,, и како поминува времето сфаќаш колку само малку храна му треба на човек т.е јадеш за да живееш а не живееш за да јадеш.
     
    На tigrica92, Sweetlove_0312 и Rama им се допаѓа ова.
  3. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.470
    Допаѓања:
    54.972
    Пол:
    Женски
    Се согласувам со се што кажала @Lotus Girl, навистина имаш солидни резултати, и јас мислам дека после нагло ќе ти паѓаат килограмите, речиси во секој процес на диета доаѓа до стагнација и после до нагло губење на килограми.
    Јас порано кога бев на овој режим за нецели три недели изгубив три килограми, ама се откажав, за жал, и оттогаш имав милиони неуспешни обиди да ја држам УН, и ја држев по неколку недели, ама искрено потешко ми одеше и многу погладна се осеќав, сега овој начин на исхрана многу повеќе ми одговара.

    @Lotus Girl Колку само си во право со последната реченица, навистина треба да јадеме за да живееме, а не да живееме за да јадеме, јас правев обратно, живеев за да се давам во храна, посебно навечер во разни грицки и тестенини, обавезно јадев нешто доцна додека гледав серија, сега, бегам од дневна навечер за да не гледам храна, и немам купено грицки деновиве ни за лек:D
    Порано луѓето како издржувале со помалку храна, ем биле и поздрави, не им биле достапни разни рафинирани слатки задоволства, немале на секој чекор маркети и ресторани, сендвичари, не јаделе од досада како нас, и немале можност да пазарат од маркет се што ќе им види лакомото око:worried:
     
    На tigrica92 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.848
    Допаѓања:
    19.551
    Пол:
    Женски
    Успешен режим(y)
     
  5. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.470
    Допаѓања:
    54.972
    Пол:
    Женски
    Успешно завршен седми ден, криво ми е што не ми работи дигиталната вага за да измерам дали сум ослабила некој грам за овие седум дена:lol:
     
    На Снегулк@23 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Che Guevara

    Che Guevara Активен член

    Се зачлени на:
    9 март 2022
    Пораки:
    87
    Допаѓања:
    74
    Пол:
    Машки
    Аутофагија е најздравата диета, и најдобрата диета доколку сте болни од најтешки болести...
    Во тие 16часа телото влегува во процес на самопрочистување така што исфрла, го самоуништува се она што на телото не му е потребно за нормално да функционира, а тоа сигурно не се болести, отрови, складирани масти и така натака...
    Кога на сево ова би се одземало би се исфрлило и се што е бело (бело брашно, шеќер, пресно млеко), освен бело несолено младо сирење и подкиселено млеко би било полн погодок
     
    На Снегулк@23, Lotus Girl и tigrica92 им се допаѓа ова.
  7. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.848
    Допаѓања:
    19.551
    Пол:
    Женски
    Држи некој 20/4?
     
  8. Viola777

    Viola777 Активен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2020
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Jas pocnav od vcera, no toa sto jas go procitav e deka moze da si go prilagodis vremeto 16/8. Na primer da ne jades do 12 casot i posle od 12 do 20 casot da si gi prilagodis obrocite.
    Inaku vekje eden mesec pijam ceden limon, seckan gjumbir i nane vo litar voda. Oslabev okolu 2 kilogrami. Vnimavam na ishranata, ne jadam mnigu testenini i blago. Inaku ne sum mnogu debela no se zdebeluv okolu stomakot i butovite. Se nadevam deka so dietata ke namalam uste nekolku kilogrami koi ke mi budat dovolni.
     
  9. Viola777

    Viola777 Активен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2020
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Dozvoleno e caj, limon i kafe no bez seker
     
  10. %Elena%

    %Elena% Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2019
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Женски
    Zdravo, da ja razbudam malku temata, dali nekoj uste drzi fasting 16/8 jas ja drzam veke 3meseci ama samo 3kg sum oslabena ok imav nekolku greski, redovno vezbam po 5pati nedelno I bev na tretmani za slabeenje ali eve si imam uste stomace od tretmanite mi Kazaa deka ke imam rezultati posle 4nedeli pa ke vidime. Ne znam kade gresam
     
  11. Lotus Girl

    Lotus Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2021
    Пораки:
    848
    Допаѓања:
    4.253
    Пол:
    Женски

    Се е ок, не грешиш никаде. Во почеток во обем се слабее, а после нагло ке симнеш кг.
    Води се според тоа во обем дали си намалена што е мн побитно од колку кг.
     
    На %Elena% му/ѝ се допаѓа ова.
  12. %Elena%

    %Elena% Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2019
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Женски
    Vo obem ne sum mnogu oslabena 5cm ili mozi mene taka mi se cini ke vidam sto ponatamu, kako sto se talozelo so godini taka ke odi i bavno slabeenjeto
     
    На Lotus Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Emm!!

    Emm!! Активен член

    Се зачлени на:
    25 јули 2022
    Пораки:
    57
    Допаѓања:
    21
    Здраво дало може да ми кажете што се не јадете при овој режим на исхрана?
     
  14. chadorche16

    chadorche16 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2022
    Пораки:
    146
    Допаѓања:
    190
    Пол:
    Женски
    Дозволено е да се јаде се',единствено исхраната се ограничува во неколку часовен прозорец.(8/6часа)
     
  15. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.470
    Допаѓања:
    54.972
    Пол:
    Женски
    Од вчера почнав со исхрана на овој режим, 8 часа ќе јадам а 16 часа ќе бидам само на вода и чај, и нели на спиење:D
    И претходно сум била кратко на овој режим и искрено најмногу можам да издржам, за разлика од другите нагли и строги диети, овој режим е полесен за нас со вишок килограми.
    Планот ми е за почеток да јадам по две парчиња тонус леб на јадење, значи ручек и вечера, ама после ќе намалам на едно на јадење, измеѓу некоја салата и овошје. Кафе, чај, какао пијам без шеќер ионака, благо ретко јадам. Единствено од што морам да се откажам се тестенините, грицките и белиот леб кој го јадев во големи количини;(
    Овојпат мора да биде успешно, милион пати почнувам и се откажувам и после срам ме јаде:worried: ама сега сум цврсто решена, после 19 часот патент на устата, малку водичка и тоа е. Лето доаѓа, не сакам уште едно лето кај што ќе бидам дебела:x
     
    Последна измена: 24 јануари 2023
    На S.o.F.i, tigrica92 и CarrieBradshow им се допаѓа ова.
  16. Ana-lib

    Ana-lib Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2015
    Пораки:
    297
    Допаѓања:
    242
    Пол:
    Женски
    Ме насмеа. И јас почнав од понеделник па ај да видиме што ќе направам. Кога би симнала 3-4 кг би била задоволна. Ама ај прво да видиме до кога ќе издржам.
     
  17. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.470
    Допаѓања:
    54.972
    Пол:
    Женски
    Супер си била ти ако имаш за симнување 3-4 килограми, јас имам вишок двоцифрена бројка:D
    Ама што кажав смешно за смеење не те сфатив, си ја опишав маката само:^)
     
    На Espadrila му/ѝ се допаѓа ова.
  18. S.o.F.i

    S.o.F.i Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2014
    Пораки:
    1.023
    Допаѓања:
    3.936
    Со лесно(fingers)

    Се мислев дали воопшто да пишам дека еве 3ти ден и јас вака се хранам.
    Искрено ми е срам, таман ќе пишам во некоја тема и се откажувам:sweat:
    Изговорите ми се поголеми од истрајноста:x
    Голема килажа имам и јас и ќе видиме што ќе направам овој пат.

    Решив јас доручек или првото јадење да ми биде по хроно, убаво ми е и ме држи сита за во текот на денот да немам големи кризи на глад.
    На почетокот и јас ќе јадам повеќе додека не се навикнам постепено.
    Вчера читав на нет една статија дека најдобро било за слабеење ако се јаде од 12/20 часот, мене искрено највеќе ми одговара од 10/18.
    Колку е точно незнам:shake:

    Како и да е се надевам ќе се дружиме и ќе имаме резултати!
    (fingers)
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.470
    Допаѓања:
    54.972
    Пол:
    Женски
    Фала ти:) ти испраќам поддршка и јас тебе, многу добро знам за нас подебелите колку е тешко да се започне некоја диета, со години започнувам нагло и се откажувам за некој ден. Затоа сега решив постепено да намалувам и да не се откажувам.
    Јас јадам од 11 до 19 часот, како што пишав јадам по две Тонус лебчиња на ручек и две на вечера, ама понатаму ќе намалам на едно лебче, сега повеќе јадам од манџите на пример, за разлика од порано што јадев ептен мала порција манџа а половина векна бел леб, измеѓу најчесто јадам јаболко, киви или салата туршија. Целта ми е да не јадам бел леб кој го јадев во огромни количини, исто и тестенини, ама пред некој ден си каснав малку шпагети со кечап, ама за разлика од порано кога ќе каснев нешто забрането, сега не се казнив да се откажам од диетата и не си реков ајде згрешив и почнувам од нула и се така во круг:$значи и да згрешиме, нема откажување туку само одење напред и јадење помалку и со тек на време ќе се навикне желудникот:)
     
    На S.o.F.i му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Ana-lib

    Ana-lib Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2015
    Пораки:
    297
    Допаѓања:
    242
    Пол:
    Женски
    За летото се насмеав:).
    Со лесни нека е и не се откажувај лесно штом имаш толку за симнување. Овој начин на исхрана се нарекува аутофагија и е многу здрав, покрај тоа што е добар за намачување на килограмите.
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.