1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

9 кг за 2 недели

Дискусија во 'Диети' започната од al-vik, 5 јули 2011.

  1. al-vik

    al-vik Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2010
    Пораки:
    284
    Допаѓања:
    110
    Насловот на оваа диета ви кажува сè: Симнувате 9 килограми за две недели. Но, дали ќе ви успее оваа диета и дали навистина ќе загубите помалку или повеќе од 9 килограми, тоа зависи и од некои други фактори, како на пример доследноста во спроведување на диетата, активностите кои ги вршите и вашиот метаболизам…

    Самата диета е многу популарна кај луѓето кои држат привремена диета, бидејќи и да загубите 5 килограми за две недели, не е мала работа, порадиискуството од бројните практичари на оваа диета, кои велат дека по прекинувањето на самата диета и враќањето на стариот режим на исхраната која ја практикувале секојдневно (нормално) пред почетокот на диетата, загубените килограми тешко се враќаат, што значи дека се појавила промена во метаболизмот.

    Секако, диетата е предвидена за потполно физички здрави лица, со претходна консултација со лекар (во секој случај, ова правило важи и за сите диети). Диетата „9 кг“ се класифицира во брзите диети и не е препорачана да се практикува како животен стил, туку само како брза постапка за достигнување на вашата цел, а тоа е да ги отстраните непотребните калории.

    Диета „9 кг“ – мени по денови

    Во оваа диета појадокот е „убиствен“ т.е. кафе, кафе и само кафе секој ден. И тоа без шеќер. Доколку сте наикнати на слаткиот вкус на кафето можете да користитезасладувач. Исклучително е важно да конзумирате многу вода (од 1.5 до 2л. на ден) и многу би било поволно за вас, во овие две недели да вклучите некоја минерално-витаминска формула која ви одговара.

    Понеделник

    Појадок:

    ◦Црно кафе без шеќер
    Ручек :

    ◦2 варени јајца
    ◦Спанаќ сварен во солена вода
    Вечера :

    ◦1 голем бифтек, печен на малку масло
    ◦Зелена салата

    Вторник

    Појадок :

    ◦Црно кафе без шеќер
    Ручек :

    ◦1 голем бифтек на жар
    ◦Зелена салата
    ◦Овошје по желба
    Вечера :

    ◦Варена шунка (количината е неважна)

    Среда

    Појадок :

    ◦Црно кафе без шеќер
    Ручек :

    ◦2 варени јајца
    ◦Зелена салата
    ◦1 домат
    Вечера :

    ◦Варена шунка
    ◦Зелена салата

    Четврток

    Појадок :

    ◦Црно кафе без шеќер
    Ручек :

    ◦1 варено јајце
    ◦Варен морков
    ◦100гр свежо сирење
    Вечера :

    ◦Сезонско овошје
    ◦Овошен јогурт (количината си ја определувате сами)

    Петок

    Појадок:

    ◦Црно кафе без шеќер
    ◦Изрендан морков или пашканат со сок од лимон
    Ручек :

    ◦1 голема печена риба
    ◦1 домат
    Вечера :

    ◦1 голем стек на жар
    ◦Зелена салата

    Сабота

    Појадок :

    ◦Црно кафе без шеќер
    Ручек :

    ◦Пиле на жар
    Вечера :

    ◦2 варени јајца
    ◦Свеж морков или пашканат

    Недела

    Појадок :

    ◦чај со лимон (без шеќер)
    Ручек :

    ◦1 голем стек, печен на 1-2 лажички масло
    ◦Салата по избор
    ◦Овошје по избор
    Вечера:

    ◦Честете се нешто по желба

    Додатни напомени :

    ◦Диета „9 кг“ се состои од два циклуса од по 7 дена, што значи дека после недела почнувате со другиот круг – пратејќи го менито за понеделник
    ◦Салатата можете да ја зачините со лимон и сол
    ◦Овошјето, салатата и морковот или пашканатот можете да ги јадете во неограничена количина кога се на менито
    ◦Стекот можете да го зачините со сол и зачини. А стекот, кој во менито цело време се напоменува дека е голем, епа не треба да биде поголем од 300 грама.

    извор : www.hrana.com.mk
     
    На bitol4anka, bofi, salty.dreams и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. salty.dreams

    salty.dreams Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2011
    Пораки:
    79
    Допаѓања:
    32
    Ме примами насловот и морав да отворам :) Ќе пробам, обавезно!
     
  3. salty.dreams

    salty.dreams Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2011
    Пораки:
    79
    Допаѓања:
    32
    Иначе каква е таа варена шунка жити све?
     
  4. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.097
    Допаѓања:
    4.453
    Пол:
    Женски
    Тоа е америчка храна, некое месо мелено со разни додатоци, конзервирано или во црево... што знам како да објаснам :^)
    Замени го со парче пилешко месо или риба.
     
  5. anonimna.83

    anonimna.83 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јули 2011
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    1
    Јас ја имам пробано оваа диета и ослабев 6 kg
     
    На unstoppablemind му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Zlatusko

    Zlatusko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    739
    Диетата треба да се вика 9кг за 2 недели плус награда гастрит или чир на желудник. Кафе без шеќер плус сок од лимон на празен желудник :^) ? Плус до ручек сигурно ќе имаш хипогликемија, па тресење на раце и темнење пред очи. Не знам, многу сумлива ми е диетата.
     
    На SexiLy, crazyinlove19, WiseGuy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.122
    Пол:
    Женски
    Е, ова е за луѓе ко мене што прв оброк им е по 13 часот, некогаш и подоцна.. до тогаш најмногу овошје да каснам, мада ретко и тоа. :D вечерата не ми се допаѓа, пошто толку да изедам за вечера не можам.. боље ручек, вечера салата и јогурт
     
  8. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.538
    Допаѓања:
    7.822
    Пол:
    Женски
    јас ја најдов истата диета ама не е појадокот само кафе туку некогаш кафе со пециво а некогаш чај со лимон, незз мене баш ми изгледа лесна според оваа книгата кај што ја имам јас па планирам да ја почнам, а освен тоа сите намирници се достапни нема некои глупости кои за да ги најдам треба пола град да го свртам. и дали ја држи некој диетава? имало ефекти? прочитав тука дека изгубиле 6 кг
     
  9. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.640
    Јас ја почнувам од утре. Братучед ми ми ја фалеше: ослабел 5-6кила за двете недели. И немала голем јојо ефект!
     
  10. Irreplaceable.xD

    Irreplaceable.xD Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 август 2011
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    67
    Интересна е диетава, само што од септември ке си почнам јас на СТРОГА диета! Нема шала со моиве додадени килограмчиња :) :) :)
     
  11. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.729
    Може да е ефикасна диетава, не викам не, ама толку изгубени килограми за толку кратко време, некако ми е сомнително. Премногу е ригорозна диетава, барем јас не би ја пробала.
     
  12. sara1973

    sara1973 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    2
    јас ја имам диетава ама кај мене е поинаку појадокот.скоро секој ден има наутро и по една кифла да јадеш или еден геврек.а мене баш и затоа не ми одговара.ја никогаш не појадувам.не дека не сакам,туку така сум науцена на сабајле само овошје и кафе.и затоа кога некој погоре писа дека диетава била стетна затоа што наутро било само кафе не е точно.јас цел живот сум само на кафе.ама ај ако најдам спанаќ,мози ке се решам да пробам
     
  13. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.370
    Диетава е во суштина многу проста, нема доручек туку кафето место него а другите оброци се протеин и мала количина јаглени хидрати а скробот е сосема исфрлен така да логично дека ќе се ослаби.

    Модата на сите помодерни диети е немешање на неслични храни односно никако скроб (компир или леб) со протеини што и за здрав човек кој не држи диета е добар принцип на исхрана.

    Практично нема масни храни така да и тоа е секако додатен фактор за слабеењето.

    Единствено би напомнал дека овошјето во принцип треба да се јаде само и многу е погрешно кога после обилен протенски оброк се јаде за десерт.
     
  14. sara1973

    sara1973 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    2
    не се сложувам со твојот коментер.мажотми овошје јаде,просто речено после се.па пак има маникенска фигура :rofl: .а што е најважно и со здравјето е супер.сепак се зависи од метаболизмот.
     
  15. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.370
    Скоро сите јадат овошје за десерт после оброк но секој нутриционист ќе ти каже дека овошјето најдобро се абсорбира и преработува кога не е мешано со друга храна :).

    Ова чисто од метаболизам а не е поврзано со диетата така да кој пази на исхрана ќе си има манекенска фигура без разлика кога јаде овошје ;).

    Јас секогаш го јадам посебно затоа што така највеќе ми прија но кој осеќа дека треба да го јаде отпосле нека повели. Мене протеин и овошје ми се многу лоша комбинација и тешко да најдеш спортист кој ги меша заедно :).
     
    На Shana и unstoppablemind им се допаѓа ова.
  16. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.255
    Допаѓања:
    1.343
    Според нутриционистите,треба да помине барем половина час после главниот оброк па да се концумира овошје,што јас лично го практикувам.
     
  17. Viiiiip

    Viiiiip Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2010
    Пораки:
    833
    Допаѓања:
    399
    Некој ја почна...? Резултати? Јас од денес ја почнав до сега ми е сосема ок, ич не ми е тешка, јас и онака не доручкувам, а неможам без вечера.... Ама некој да ме охрабри со резултати :D
     
  18. PetraPanka3

    PetraPanka3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2011
    Пораки:
    310
    Допаѓања:
    432
    И јас имам читано дека овошјето е најдобро да се конзумира пола час пред или по главното јадење ,
    а исто така ќе препорачам на кој кога му се јаде нека си апне :)
    позз

    Инаку сепак мислам дека 9 килограми за 2 недели е примамливо но само кога би било здраво
    Потреба за толку брзо слабеење најчесто е за не дај Боже при операција , па мора пациентот толку да слабее
    А девојките кои слабееат за убавина, нека одат на полека но сигурна, нормално е неделно да се слабее од 0,5 до 1 кг , ем здраво , ем потоа нема за рекордна брзина да си ги вратиш килограмите
     
  19. MidnightFlower

    MidnightFlower Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2010
    Пораки:
    197
    Допаѓања:
    47
    јас денес ја почнав диетава, само што место кафе наутро ќе практикувам чај, црно кафе не можам да поднесам:/
    сабајле се напив чај и додека ја чекав мајка ми да најде спанаќ низ градов морав да изедам една краставичка хахах:)
    сега за сега, не е многу тешка за одржување, што знам:)
    пред малку јадев спанаќ и 2 јајца, ама вечерата нема да ја исполнувам, бифтек навечер нема шанси да можам да изедам, па ќе си останам само на зелена салата:)
     
  20. Viiiiip

    Viiiiip Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2010
    Пораки:
    833
    Допаѓања:
    399
    Нема да можеш да издржиш ако не изедеш, од проста причина што ок за вечерва, ама тоа треба да те држи до утре за ручек пошто доручек ти е само кафе нели? Јас си купив бифтек, ама не 300 грама туку некои 150 и го изедов и ме држеше, колку толку не се може без тоа, барем јас неможев, а моментот кога се има варена шунка е тоа е УЖАС, ама ај го пребродив за оваа недела :D