Здраво девојки Гледам дека се доста популарни 90 дневните предизвици,трансвормација на нашето тело во текот на 3 месеци. Концептот на предизвиците е јадење на здрава храна,2-3 пати неделно вежбање и мерење на килограми и обем секоја недела. Сретнав на фб настан наменет токму за ова,но не ми одговара поради локацијата и немањето слободно време. Затоа добив идеја сите ние со вишок килограми и желба за ваков предизвик да го направиме истото тоа тука,во оваа тема на форумов. Секој ден или пак еднаш во неделата да напишеме како сме се хранеле во текот на тој ден/недела и еднаш во неделата да го пишуваме бројот на килограмите и цм обем. Меѓусебно да си даваме совети,поттици,поддршка Да започнеме на 1ви февруари. Дали сте заинтересирани?
незнам дали би издржала 90 дена но би сакала да пробам.Можеби ке симнам некое килце од многуте што ги имам.
Заинтересирана , да се надеваме дека вака можеби и ќе има некој резултат ...Инаку висока 162 а тешка 75 ...па значи уште три дена слободно да јадеме што сакаме а после почнуваме hope so ....
инаку јас сум висока 171 и 86кг (срамота)хехех ме интересира дали ке има некој посебен план или режим на исхрана или пак сами треба да си го направиме тоа секој за себе
Јас сум висока 163цм,65 кг. Целта ми е -10кг @Ctete за тоа можеме да се договориме до 1ви,давајте ваши предлози @diorsa не се откажуваме,мора да има барем минимални резултати
само да има во режимот и благо зошто без него неможам.Како на пример црно чоколадо или интегрални плочки колачиња шо било само да го има инаку ништо од режимот хехехех
Со среќа нека е А јас ќе ви напишам во темава од време на време да ве мотивирам и да ве карам кој поминал ден без вежбање