5/90 Д. Банана+кафе У.Јаболко+портокал Р.Две посни сармички+салата од морков В.Варен грашок (планирав салата,меѓутоа ова го најдов дома,греота да се фрли ) Физичка активност = 0, дефинитивно од понеделник почнувам со пилатес,дома никогаш нема да се натерам да вежбам
Имам многу обврски деновиве на факултет, но успевам да се држам некако Јадам многу овошје за доручек, вчера и денес ручав леќа и марула салата. За вечера пак салата некоја ќе јадам... вчера кисели краставички... Денес си дозволив и еден ред чоколадо И редовно на орбитрек си вртам
Абе луге сакам да ослабам ама како кога цела нервоза сум и само ми се јаде од стрес и нервоза, две мали деца работа ова она и од нервоза само јадам
Кога имате дилема што да јадете.... еве еден одличен сајт со калории на намирници http://www.tablicakalorija.com/
5/90 д: Ѓеврек со една лажичка еурокрем + чај р: пире и стек (знам дека не треба да се мешаат но во пмс сум и многу ми се јади ) в: Зелка салата со морков и јогурт. Вежби: 1час пилатес
Day 05/90 Доручек: 3 мандарини Ручек: Зелка салата со пченка, домат со сирење, 2 кришки црн леб Вечера: 3 лажици компир салата, салата од домат со младо кромитче После вечерата сестра ми донесе пица, и изедов 2 парчиња Оваа прва недела се прекршувам Вежби: Пешачење 3км и 20мин кардио Дневна доза мотивација
Здраво дечки, гледам интересна тема, јас бев на 90 дневен предизвик , во школа за правилна исхрана и програмата ми беше од прилика вака: ПОЈАДОК 2 чаши вода, 1 чаша чај и 1 шејк со вода или со млеко (до 1,5 % масленост) УЖИНА 13:00 – 14:00 * ОВОШЈЕ (едно, сезонско препорака јаболко или цитрон) РУЧЕК – 16:00 – 17:00 1 чаша вода ПО ИЗБОР: - манџа - грав, леќа, боранија, грашок + обилна салата + 2 кришки Нутри леб - ориз, варен или печен компир со парче месо 100-150 грама – (пилешкo, риба, телешко или мисиркино) со салата (домати, краставици, пиперки, зелка, морков, марула, кромид) *ржан интегрален леб замена за бел леб (пр. Нутри, Микс од Зрна) * задолжително обилна салата пред главен оброк УЖИНА 19:00-20:00 ПО ИЗБОР: * Една рака ( бадеми, ореви, лешници, соја) или САЛАТА + ПО ИЗБОР: * 2 белки * Туна * Стек (100гр) доколку немаш во ручек месо * Урда(4 лажици) ВЕЧЕРА 22:00 -23:00 шејк или јогурт до 1,5% масленост *ВОДА – 3 литри дневно минимум Да биде постепено во текот на денот. > Термините се препорачливи, но може да варираат до 1 час. > 3 ОСНОВНИ ПРАВИЛА: o Појадокот СЕКОГАШ најкасно еден час по будење! o Оброци на секои 3 часа ( применувајте препорачан распоред и избор на храна) o Доволно количество вода: на 25 кг телесна тежина, 1 литар вода! > Треба да се одбегнуваат: газирани или заблажени сокови, алкохол, сол, рафиниран шеќер, производи со хидрогенизирана растителна маст, брза храна (хамбургери, сендвичи, итн.) и слични високо калорични продукти. Доколку нешто ве интересира, слободно прашајте, за празниците прекинав, и дел од изгубените килограми ги вратив, сега сум во план пак овие денови да почнам
Одлични совети Ајде од понеделник те чекаме да ни се придружиш. Инаку девојки јас сум малку разочарана,немам ни грам симнато Утре сепак ќе го споделам она на кое што се држев овие 7 дена,па се надевам наредната недела ќе ми биде поуспешна
Ме интересира, дали ослабна со ваков режим на исхрана? Некако многу оброци ми се собраа откако прочитав подетално
Избегнувај мерење! Инаку поентата во сигурно намалување на тежината во репрограмирање на прехрамбените навики, откако организмот ќе се вклучи во таа шема килограмите се топат. Не ми е јасно како очекувате за 5 дена да симнете килажа? па и 3 дена да не јадете апсолутно ништо тоа нема да се случи,само ќе дехидрирате. Еден мотив за да не се демотивирате, размислете колку време ви требаше да го добиете сегашниот вишок? сигурно не една-две недели... епа нема ни да го изгубите на тој начин!
Day 6/90 Кафе Д: супа У: компот од вишни Р: едно парче комад со зелка Имам испиен 2 чаши зелен чај од утринава. Бев да трчам и дознав дека кондицијата ми е 0 денеска ми е abs day подоцна ќе вежбам
6/90 P: topla voda so limon i malku cimet,kafe i 1 kifla R: kompir i meso V: namaz i 1 parce leb. 1 portokal i moze 1 medenjak.
1/90 1 голема чаша лимон со вода мала туна (пред школо) пилешко месо+сенф+павлака+малку урда со јајца (после школо) 1 мала шоља јогурт 2/90 сок од еден лимон и два портокали овесна каша виталија (пред школо) витанова бар (ужина) супа+риба (пржена) (после школо) јаболко 3/90 кафе 3во1 ѓеврече (не цело)+една зденка+јогурт (пред школо) витанова бар (ужина) сендвич со пилешка салама и кашкавал (после школо) мала коцка торта+мало филџанче млеко 4/90 сок од лимон и портокали овесна каша виталија (пред школо) витанова бар (ужинка) мусака+јогурт+цвекло салата+супа (после школо) крем банана 5/90 кафе 3во1 банана (пред школо) витанова бар (ужина) сенвич (бриош лепче)салама+кашкавал+зденка+маслинки (после школо) коцка торта 6/90 банана+нутела+мала шоља млеко (доручек) 2 пирошки (ручек) под казна-до утре не јадам ништо Од вежби само 30дневните предизвици за чучњеви Знам дека имам грешено доста и тоа многу ме демотивира,од понеделник ќе почнам со кардио и пиење по 2л вода. Со 2рава смена не знам како да се хранам правилно,се ми е пореметено,не можам да јадам ручек во школо,морам околу 7-8 часот навечер да имам обилен оброк,насабајле воопшто не сум гладна и скоро цел ден ми поминува без некаква нормална храна.
Немора да јадеш 2 пирошки или зденки, тоа се директни заситени маснотии кои ти го анулираат претходното јадење на здрава храна... Исто така, тие мусли-барови (витанова и сличните) не се воопшто добри, полни се со шеќери и адитиви. Подобро изеди една банана наместо таков бар. Претпоставувам дека е зезнато со 2ра смена, но зошто не си носиш зготвена храна од дома, некоја салатка со парче стек, или ориз со зеленчук, туна со марула комбинирана...нема ли голем одмор и доволно време да го изедеш? Е сега, доколку на училиште неможеш или ти е срам да носиш готвена храна или салатка, можеш да си направиш од дома во еден сад смеса од овесни снегулки,суво грозје и некои семиња (пример ленено,чиа) само додај јогурт во садот и добиваш супер оброк кој заситува и е хранлив.... само ќе треба и лажичка да си носиш
Јас доколку одев во школо, тешко дека би држела диета... ем сте мали за диети, ем тешко е да се држи концентрација со толку малку храна... Доколку сте решиле, јас сум за банана или некој сендвич со пилешко, марула и сенф... мојот ден : Доручек: цеден лимон, кафе, аронија, банана. Ручек: пилешко и шопска салата без сирење за вечера ќе каснам пак некоја салата и јаткасти... денес си купив и цвекло и различни видови семки... ќе вежбам стомачни иначе Дали има кандидатка да почне од понеделник со мене УН диета?