6/90 Д: Лисната кифла Р:Риба + 1 парче леб В: Салата и чаша јогурт. бев на гости и по доручекот јадов 1многу мало парче солен кекс (2 две залачиња и третина парче торта ) уште утре со лебов, па наредна недела ќе намалам на леб Само многу проблем ми е водата... мах внесувам 1л течност... некоја препорака како да пијам повеќее?? ))
http://www.femina.mk/новости/занимл...а-на-телото-на-една-мајка-по-првата-бременост Огромна мотивација
6/90 Д. Смути(банана,портокал,овес,чиа и ленено семе и нискомаслен јогурт) Р.2 мали лосос котлети со прокељ и салата од зелка В.Прокељ од ручекот и чаша црвено вино
И јас сакам да пијам повеќе вода, ајде да купиме едно шише мало, да го испиеме, па да го полниме ... 4 пати дневно по 1 шишенце да пиеме и повеќе ако можеме
Шише од литро ипол или две нека стои секогаш пред вас, јас така почнав од ич сега веќе месец пијам по литро вода. Шишето ми стои константно на исто место во дневната и ко ќе го видам сабајле ми текнува да го наполнам и да пијам по цел ден. Побајте, кај мене успеа. Во план сум сега да зголемувам по малку до 2 литри.
Појадок: На работа бев и купив некои солени овесни крекери со ленено семе и не знам уште што и да имаше... Ручек: Печено пиле и салата марула Вечера: Морков еден изедов и сега со филмче ќе јадам пуканки и чај од магдонос. п.с вчера вечерата ми беше супа и печурки... Како ви оди? Јас вчера вечерта бев принудена да излезам и додека сите пиеа водки и вина јас бев на цеден портокал. Немам ништо благо каснато цела оваа недела (а и преткодните 2 недели внимавав), се помалку потреба за храна имам, се повеќе енергија.... Се чувствувам одлично, но физички немам некој видлив ефект ....вие?
Исто, не гледам некоја промена, но сепак мал е периодов... можеби одеднаш ќе се изненадиме од резултатите
Day 06 Доручек: Овошна салата (портокал, банана, јаболко) Ручек: Јогурт и компир салата Вечера: Салата (краставица и домат) Вежби: Пешачење 2км и 20 минути зумба Дневна доза мотивација:
Кадеее сте девојки? еве го моето мени денес: -доручек: аронија, кафе, вода со лимон -ручек: пиперки со јајца и марула салата Јадев во меѓувреме и мандарини и јаболко за вечера ќе јадам некоја салата пак Денес одмор од вежбање, па од утре поинтензивно во комбинација со УН диета
Еепа ај да ви се пофаламм цел викенд го утнав ... Ајде од утре посериозно ... Убава вечер да ми имате
Еве смееееее Појадок немав класичен...почнав со банана, после некое време бар од Виталија оној со ореви што е, па портокал... Ручек варен компир и стек со кари + туршија салата Вечера ќе биде пак некоја салата, супа или варен зеленчук ..
Еве да си пишам и јас во дневников 7/90 Д. смути (банана,потрокал,овесни снегулки,чиа и ленено семе плус ниско маслен јогурт) Р.Печени компири, мини парче димена вешалица и салата од цвекло/зелка/маслинки. В. Нема ни да сум гладна,касно ручав, можеби чаша пиво/вино Две кафиња измеѓу. Вежби - стандардна генералка во недела
Pocnav od sredata i ne izdrzav bas dobro pa zatoa od utre poseriozno i redovno vezbi. Se nadevam ovaa nedela kje bidi podobro pa taka i narednite bez otkazuvanje kako dosega..
07/90 Д: 2 палачинки празни и една банана Р: Компир и грашок + свежа салата В. Јогурт, краставица и парче фета сирење Веќе се осеќам намалено во стомакот најважно ми е да не вечерам тешка храна (особено не шеќери). Мерење и вагање наредна недела мислам дека е доволно на 2 недели да се проверува вагата до каде оди p.s. Вежбите ми се од пон до пет. сабота - недела одмор
Ден 07 Доручек: портокал + смоки Ужина:кикирики Ручек: Пилешки стек + помфрит Ужина: парче чоколада Вечера: Салата Вежби: Пешачење 5км +10мин абс Дневна доза мотивација:
Здраво девојки, Денес се мерев и гледам 1.5 к помалку . Би сакала на месец по 5 кила да слабеам и доволни би ми биле Почнуваме 8 ми ден Ова е најдолгиот период што имам издржано без благо ...(освен периодот кога бев студентка) хмм па морам да си кажам дека неколку пати во текот на неделата напрајв неколку утки : . * неколку пати се напив кафе со 1 лажичка шеќер/ неколку пати капучино пиев во кесичка , уште полошо * во 8 часот јадов стек пржен, доброто беше што го јадов со салата. * се напив чаша компот со шеќер *јадов тост во 9 сатот Сепак издржав без чоколада и сл. и помалку леб. Од денес планирам пак да намалам на леб..па да видиме. А вие што пиете кафе како го пиете , без шеќер?, навистина не можев да го пијам така незнам оваа недела што ќе правам. Поздрав до вас, и некако почнавте да ја оставате диетата, ако продолжите вака кој ќе не мотивира нас
Јас не можам кафе без шеќер...со шеќер си го пијам. Купи си Стевиа природен здрав засладувач е....Инаку во право си за некои членки...мораме малку построго
Добро утро диеталки мои.Како сте расположени понеделнички сабајлечки...јас не сум ич Понеделник + сабајле + ПМС = 8/90 За денес менито п:1 јаболко,овесна каша со ленено семе р:печено компирче со печен лосос в:шопска салата