Тогаш како рижото, све убаво да се изврие со многу зачини... Само малку повеќе стражарење над шпоретот
Девојки надвор сум од дома некој период..Ве читам, но не многу успевам да го пратам режимов поради обврски. Утре се враќам дома и со дупли сили продолжувам честитам на сите за упорноста
Си правам така со зеленчук плус печурки и на крај рендан пармезан и малце маслиново лелееееееј прсти да излижеш. Инаку дека треба да се селиме со мм надвор од Мк и цело време ај не купуваме рерна ќе идеме, ај уште месец и се одолговлечи...се снаоѓам со вареници и чат пат у делимано тава готвам Денешно мени: П. Смути: Портокал, Банана, ленено семе, ореви, аронија (ми снема вишни, па божем со портокал ама не ми напраи мерак мн благо ми беше) Р. Леќа + зелена салата У: На работа сум па си носам Виталија бар со мене (знам дека има шеќери ама тоа ми е брзо решение ако почувствувам глад....) В: Ќе каснам некоја салата или супа ќе си направм
Уствари добро е,тоа се смета за комплетен нутриционистички оброк... Меѓутоа,според тоа што имам читано,повеќето диети се стремат кон избегнување на ваква комбинација. Полесно сварливо е да се конзумира или едното или другото за еден оброк, на тој начин се избегнува складирање на вишокот... На пример УН диетата го препорачува тоа за цел ден - да нема комбинации на овие две, хроно - исхраната пак за поединечни оброци... Ја анализирав и диетата на Ирена, (во форумов ја има) исто така, и таа е врз основа на јадење јаглехидрати наутро,за ручек може мешање,а за вечера строго протеини....
Иххх како си анализирала се, уште малце нутриционист ќе станеш хихи мала шала...фала ти многу на советот Инаку, искрено јас немам многу кг за симнување (2-3), а само ручекот ми е пообилен и важно ми е да е здрав пред се и да е доволно хранлив за да можам да издржам вечерта само на салата
Морав да истражувам,со оглед дека немам време многу за вежбање и исхраната ми е единствен излез А ти ако имаш 2-3 кг зошто воопшто се мачиш само елиминирај грицки,благо и слично и немаш гајле!
Ууу не се мачам многу добро се чуватвувам кога сум насабајле на овошје а навечер на нешто полесно. За ручек јадам скоро се ако примети по претходните постови само го исфрлив лебот скроз. Приметив пред некој ден кога денот ми почна со баничка дека цел ден чувствував глад.... цееел ден. Избегнувајте го лебот девојки, многу подобро ќе се чувствувате.
Нешто и јас слабо не ми оди по планот ама од денес понеделнички малце појако ке удрам со диетиве. Вчера појадок- кафе, колаче од кокос, јогурт со ленено семе ручек- макарони со болоњезе , една порција вечера- пак од макароните ама ептен малку ни пола порција немаше е грешна сум, вчера испив чаша кока кола Денес (планирам) д- јогурт со ленено семе, геврек р- супа в- едно варено јајце планирам денес малку и да вежбам, неколку дена веке немам никакви физички активности како што кажав цел ми е да ослабнам 8 кг до мај, така што ке внесувам 1000-1200 калории дневно. многу отстапки правам, не внимавам ич, и наместо 2 кг колку што ми беше планирано за овие 24 дена јас сум ослабена 1,5 кг.
П: Банана и кафе Р: Гравче, 2 сармички и зрлена салата Кафе и цеден портокал Ужина пред вежбање портокал и Виталија вар од лешник и орев Вечера зелена салата со варено јајце или т.н Мимоза @Grungie исповедај се полесно ќе ти биде...не може да е полошо од моето мени пред некој ден што ги споделив
Денешно мени - Д. 3 посни колачиња (ванилици) У. Банана Р. Две посни сарми +50 гр. ориз + цвекло од тегла В. Грав варен Чаша пиво
Лелеее не ми се верува ,толку време на диета јас нема шанси.Одлично ни оди и многу сум среќна поради тоа.Многу сме си упорни,алал да ни е.Многу ме мотивирате,фала ви. Одиме вака: 20/90 П:овошна салата(банана,кива,портокал,јагода,манго) Р:5 топчиња сармичка В:варено пилешко со грчка салата 21/90 П:1 портокал,1 банана и шака оревчиња Р:варена зелка В:1 банана и 1 портокал Добра Ноќ
Кафе. Д: Една шоња зелен чај и јаболко Р: Два средни компири варени со зачин сирење и малку кечап У: Соленки со сусам Почнав да не вечерувам, ама па некако многу сум гладна кај 10 часот навечер а во 11 легнувам и сега правам супа или некоја салата, овошје јадам кај 7 ипол часот.
Драги диеталки мислам дека и не сме останале многу, но јас сепак мотивирана од вас и ќе издржам до крај... Мислам дека е најважно да си јадеме наутро повеќе овошје а на вечер зеленчук,а кај некои читам воопшто нема, или мнг малку.. Утрото почна со 1 банана (малку , но поради обврски не стигнувам да си јадам како што треба) Па негде кај 11 часот каснав бурече малку (homemade ) Потоа малку банана и киви Па главоболка Ручек супа со лимонче и лук, и тоа што остана од бурекот Кафе Вечера ќе биди салата зелка, морков и краставица Денес прв пат од како ја почнав "диетата" имав главоболка изгледа поради не доволно овошје ..