Вчера: П:Смути (портокал, банана, аронија, јогурт, ленено семе) Р: Три сармички и парче сирење В: Супа и Домашма цезар салата сос ми беше само павлака и пармезан значи здрава беше ИИИИ на крај отидов на роденден и испив 2 чаши вино и каснав печурки на скара, парче похован кашкавал и едно пилешко прсте Денес Смути: (Банана, вишни, аронија, ленено семе, овес, ореви и јогурт) Р: Супа, тавче гравче и мимоза В: Пак мимоза
17 ден Денес се најадов и за вчера п-2портокали и 1 банана р-ориз во тава со цвекло в-3варени јајца парче срење и 1свежа краставица едвај чекам среда да се мерам
Мене утре ке ми е 18 ден јас многу покасно почнав од вас али никад није касно јас сум задоволна до сега а за месец ако симнам 6 кг ке биде супер
Денешен ден. Д. Кифла со сирење+јогурт Р. Интегрално стапче со сусам и банана У. Портокал и морков В. Бев на гости и јадев салата од цвекло,по некоја кифличка,сиррње и слично-со еден збор претерано! Цел ден јадам тесто,сега ми е тешко... Памет за друг пат,да си го приберам стрвот
Јас се приклувам од утре само 4кг имам за симнување ама како и да е приоритет ми е здраво да се хранам, претерав со брза храна, од Нова година до сега не застанав со јадење
Ми се ближи роденденот, и си порачав поклон -вага... Демек нема да се мерам,ама нека си стои така во некој ќош
Денес како за прв ден за доручек си јадев интегрални макарони со кечап, истото го планирам за ручек, а за вечера марула салата
девојкиии мене денес ми се плачиии , се турив од вежбањее , а ми се јади многууу , се демотивирам со вагава , не сум ни во ПМС , незнам што се случува но толку немам волја да ослабам а толку многу имам за слабеење што ми се плачиТ .....
Д: аронија и чај ацерола Р: мусака В: ќе каснам веројатно O'cake 2-3 колаченца, а подоцна ако ми се пријаде ќе јадам марула... Иначе, да ви кажам добри апликации на андроид кои си ги спуштив деновиве и нив ги вежбам: - 30 day Cardio Challenge - 30 day abs Многу се добри, а се издржуваат... постепено се накачува бројот на вежби, па не е потребно некоја кондиција како за почеток
периодот ти е таков коа тешко се мотивираш. џабе нервози. јас, не можам да се наканам да почнам аеробик,или,дома да вежбам бар..се што правам е: пешачам едно 40-50 минути од и до работа и толку. Ама,тоа не е тоа. Не се обликува тело... Муза ми фали. Инспирација белким ќе се појави..
Ајде дечки давајте предлози за ручек За доручек си направив мимоза салата и планирам нешто протеинско и за ручек
Д: кафе и аронија Р: боранија и цвекло салата В: марула салата На први одам со списоче во виталиа да испотрошам пари и да почнеме малце појако мотивација:
Денешно мени: Д - Смути - банана,портокал,овесни снегулки,ленено и чиа семе+вода Р - Спанаќ со ориз на тавче+јајце, додаток кисело млеко В - Ќе биде највероватно ориз од ручекот..греота да го фрлам