@s&s дај пушти нешто и за тие со бутчиња За тие што ви фали мотивација, запишете се некаде на аеробик, пилатес било што и нема да ескивирате... Вчерашно мени П: Смути Р: Леќа со зелка салата В: Печено пиле и мешана салата Денешно мени П: Јаболко, Банана и Виталија бар Р: Леќа една сармичка и зелена салата В: Супаааа од брокула my favourite Вагава покажува редовно 52 кг, значи дури едно сум намалила. Вежбам 3 дена неделно. Во изминатиов месец само во 2 дена каснав леб, а благо ниту еднаш (освен баровите на Виталија што ги јадам ама ги јадам оние со мед, бадеми, лешници, не чоколадните). Се на се сум многу задоволна, не ми се дува стомакот и немам потреба за џанк фуд. Тоа и ми е целта, да го сменам начинот на исхрана, а не да ослабам 3 кила и наеднаш да се вратам на старото. Тоа би било моето резиме, а вашето?
А да, и затоа што почнав да си готвам поредовно и да ги планирам оброците, не јадам во Вили и 7ца и освен што му правам добро на моето тело, му годи и на мојот џеб
Здраво диеталки мои.По мала пауза,пак се враќам.Бев болна ептен грипои вируси...Со нови сили продолжувам. 29/90 П:1 цитрон,1 јаболко и 1шолја Баланс јогурт Р:пилешко месо на скара со марула салата В:грчка салата
Диеталки да ве поздравам...Вчера настинав па ниту јадев ниту внимавав многу... Денешно мени: Д - смути (банана,портокал,чиа и ленено семе,овесни снегулки,ореви,мед и вода) мора појако заради настинката... Р - пилешки стек и моркови печени, со салата марула За вечера се спремам за една мимоза салата,па ќе видиме...
Девојки јас ја имам програмата на Kayla, не знам колку ја следите, но таа создава своја програма која носи феноменални резултати. И ги најдов програмите за диета и за вежбање на телото. Доколку некој е заинтересиран нека ме контактира.
денес доручек- кифла (не е здрава храна знам ама тоа е) ручек -лека без запршка, еден домат вечера- планирам салата и цеден сок од портокал
Денешно мени: Д. Смути(стандардно го правам со исти состојки) Р. Ориз со зеленчук и салата од цвекло В. Планирам мимоза салата
Внимавам јас на исхраната сеуште но телефонов ми беше на поправка а од pc не можам ме мрзи ретко кога се уклучувам Многу ми е мило што сте сеуште активни. Јас добив коментари дека сум ослабела а и гледам самата по облеката. Денес: Д: две кришки леб со мармалад и кафе Р: тост В: 3 портокали средни
д-пола геврек и јогурт р- ориз варен и салата (тоа планирам) в- марула или домати салата ке биде изгледа активност физичка- пешачење еден час ( не е многу ама за мрзла како мене доста е)
Девојки јас не сум се откажала...само не бев баш активна на форумов изминативе денови поради обврски... Битно бев дисциплинирана изминатите денови, а еве вчера после вежбање забележав дека ѕиркаат страничните стомачни мускули. Да резимирам: Килограми од 53 на 52. Струк од 68 на 62 цм, задник од 93 на 91, бутчиња моментално 53-4 не се сеќавам колку ми беа на почеток али овој дел некако изгледа последен решил да слабее уште малку ќе ми се изедначат бутките со струкот Што пропуштив? Како е? До каде сме, како оди?
Денешно мени: Д. Смути-портокал,пола јаболкони пола банана овесни снегулки,чиа и ленено семе+вода Р. Макробиотички геврек и јогуртче В. Најавена седенка со друштво-ќе пробам да се воздржам од премногу храна и алкохол... Викендите ми се најтешки кога е во прашање одржување режим на исхрана... Се надевам дека конечно настинкава ќе ме ослободи за да почнам со вежбање следната недела...