Иако не пишувам во темава цело време ве следам и ви се восхитувам.Браво девојки, браво.Ќе го стопиме салцето до на лето па нај јаки рибици ќе бидеме. Горда сум и на себе.Веќе цела недела вежбам инсенити, се потам како прасенце,осеќам како се збогувам од салцето.Ова е незнам кој пат како ја почнувам програмава, али ова ми е рекордот во издржано време.Секогаш после два дена максимум сум се откажувала, или сум вежбала со прескокнувања.Повеќе не. Со храната стојам добро, всушност многу добро.Пијам многу вода, благо немав цела недела каснато, само денес две медени срциња.И малку ми е испревртен терминот за јадење, затоа што сум прва смена школо и не јадам секогаш бидејки немам апетит.Дома ручам нешто кога ќе се вратам, вежбам и легнувам и препивам едно 3/4 саати сигурно.За вечера каснувам малку и тоа ми е.Знам дека треба да го зголемам внесот на калории, али и вака се осеќам супер. Ии, и после 5 дена вежбање осеќам резултати во мешето.Одиме понатаму.
Denes dorucek- gevrek rucek- leka bez zaprska vecera- red cokolado i edno jabolko (morav mi padna sekerot )
Драги диеталки Си почнавме и втор месец СУПЕЕР. И јас неделава зафатена со гости (на поседок) кои донесоа многуу чоколада..првите дена се воздржав но последните два дена каснав по некоаја коцка ... Па како малер вагата ми се расипа и денес не можам да се измерам и да видам до кај сум ..да не почнав нагоре да одам .. Лебче јадам сеуште но намалено се разбира..Гостите ги испратив денес и почнуваме пак по старо без благо .. ДЕВОЈКИ МОРА ДА ИЗДРЖИМЕ ДО МАЈ... Инаку ми се поремети малку редоследот на јадење...наутро морав појадок да спремам како за гости,, и јас си седнував со нив,,наместо само овошје до 12..но затоа пак почнував со лимон и вода,,па и нив им правев .. Поздрав драги мои и мора да имаме резултати до Мај...
Кај сте девојки Ни треба мотивација... Дефинитивно во чоколадото ставаат дрога лелел Денес денот со бонбонче го започнав наместо лимончее.. Вчерашниот ден Доручек макарони Ручек ориз со зеленчук и пилешко и салата (зелка, морков и магдонос- одвај ја јадов, го нејќам магдоносот Вечера макарони И после тоа чоколадце елелел..катастрофи .добро мм јаде повеќе па така завршија од денес со нови сили ..
Диетлкилки мои.Јас ептен отсуствував на темава.Пак сум болна.Ептен прекршоци.И никако да продолжам со предизвиков...Почнувам од почеток.Ако има некој кој не почнал а сака да почне ајде нека пише.Денес ми е прв ден вака: 1/90 П:мусли со млеко Р:печено пилешко Ужина:1 портокал В:2 тврдо варени јајца
Вчера: П: Смути Р: Пилешко со печурки и варен компир В: Мимоза салата Денес: П:Смути Р: Печена пастрмка, супа и варен компир плус марула В: се обезбедив со брокули, рукола, марула, ќе смислам некоја комбинација
Браво девојки за упорноста! Јас викендов бев затрупана со работа и неможев да внимавам на исхраната... вчера супер си го истерав денот,но зезнав за вечера,јадев од превкусните шпагети на дечко ми..
Јас од вчера болна...температура и крајници...некои од тие со беа болни да не беа од истиов вирус да кажат чаре за побрзо опоравување?
Чаре-види лекар што ќе ти каже...кај мене почна болка во грло но за 2 дена стана гнојна ангина и се отрув 10 дена Оспен
Ех еден мал совет за вас, природен антибиотик е лукот, една чаша јогурт со неколку парчиња лук и малку сол.. кога гледате дека имате симптоми на настинка, грип, напијајте се и сите бактери и вируси ќе изумрат,,нормално ако е потребно два до три пати на ден и плус цеден лимон неколку пати во денот. Ако не можете лукот вака со јогурт тогаш во супа со морков брокула и ставате лукче и лимон ем вкусно ем лековито..поздраввв,,јас да не се почудам ама веќе 5 години не сум имала грип. Ви посакувам да си оздравите што поскоро,и да не земате антибиотици и да се труете
Девојки, јас не пишувам веќе за дневното мени зошто ослабев колку што ми требаше, сега само внимавам за да се одржувам со вежбање... Денес за 8ми март си се почастив со еден куп здрава исхрана: цитрони,банани, замрзнати јагоди и вишни, урми, неколку видови зеленчук, супи,чаеви, интегрални благи и мноогу друго Иначе успеав да си ги намалам тие килограми ( 4 ) со секојдневно вежбање на 30дневни предизвици и орбитрек (времетраење кога-како, некогаш ми беше мака и само 10тина мин, некогаш пола саат ), прво почнав со УН диетата, после ми се здосади и почнав со диетата на ирена Сега не држам диета, само поздраво се хранам и вежбам редовно Ви посакувам да оздравите кој е настинат и среќен 8ми март !
Девојки јас иако болна со 39 температура се придржувам кон исхранава, некако навика ми стана: Вчера: П: Банана и Виталија бар Р: Пилешко со кари и зелена салата В: Супа Денес: П: Банана, Виталија бар Р: Ориз со батак, зелена салата В: Пак супа или мимоза салата Имеѓу оброци многу лимони и портокали. https://www.facebook.com/BuzzFeed/videos/10154228627635329/?__mref=message_bubble
Јас еден месец поминав. Сега ова е втор месец. Првиот месец имав строг режим на исхрана сега си комбинирам. Од денес. Појадок: Цеден грејфут ( една чаша), 1 банана Ручек: Бело пилешко месо + марула салата. Вечера: Марула салата со две јајца варени. Салатите нека ви бидат со маслиново масло. За еден месец 6 килограми симнав. Леб еднаш неделно јадам. Се навикнав на исхранава и топ ми е. Со среќа девојки.
За денес. П: Овесни снегулки со млеко Р: 100 грама кравјо сирење со две кришки црн леб + салата В: Овошна салата.
Вчера: П: Банана, јаболко, портокал, лимон Р: Грашок, пола кришка интегрален леб и кисело млеко В: Варено јајце, супа и пуканки Отидов и на вежбање, не му се давам на вирусов Денес: П: Смути Р: Компир манџа со мевце, шопска В: Супа, мимоза салата
Јас имав бурен период, без можност да внимавам на оброци... се надевам дека следната недела конечно ќе тргнам на прав пат ... се трудам да јадам како што ми е режимот, меѓутоа ручекот ми е проблематичен,излегувам на терен и морам да јадам нешто набрзина и неможам да се уходам...и си велам што џабе ќе пишувам тука, ќе се брукам
Вчера: супа Денес: супа + за вечера каснав 2-3 печени компира и испив шолја салеп. Се надевам дека ќе оди надоле со супава.
Јас пак не сум домаа моментално на поседок ваму таму , последната недела катастрофа помина..па на синко роденденот беше и мора мама да си јаде торта,,,и наредните 3 дена по едно парче на ден хммм и ред други грицки и по некоја чаша газирано...Арно ама денес се измерив и добро е барем не сум почнала да одам на горе 70 /75..и пробвам од денес да не јадам благо...тоа и уствари е мојата диета и леб намалено ..поздравче...па ќе пишам повторно дали ќе успеам во мојата цел..уште 10 кила останаа