Никој не пиши резултати или немате резултати?јас првата недела од кога почнавме ослабев едно килце и застанав тука.отидов на поседок кај мајка и си го вратив килцето хахаха неслсвно заврши килцето мое.Оваа недела постсм и пак кило минус и така
Јас вчера се мерев, дојдов до посакуваните 50 кг (намалив 3) и сега ми останува да ја одржувам оваа тежина
Па и јас си имав успех 5 кила, ама треба уште .. А има ли некој заинтересиран за нов предизвик ???? На пример да почнеме од 10ти Понеделнички во нова тема ...зашто навистина само вака јас успеав да се контролирам со исхраната
diorsa 4 до 5 кила би била презадоволна. Ете баш пишав во здрава храна здрави оброци . 4-5 кила најтешко се симињаат, вежбам доста и здраво (но количински) се хранам ама стојат килава една година.
Одлично. Се плашев да не речеш ај од др недела. Јас има за губење уште бар 7 кг. Така да почнувам сабајле со овошје според ун, а вежбањето ке зависи од бебушкава, кога ке спие, ама најверојатно предпладне.
Важии... јас нема да држам некоја диета конкретно ама ќе јадам сабајлечки како и до сега... аронија, бадеми, чиа семе,цитрон... сега навика ми стана во кафето си ставам една лажичка ладно цедено кокосово масло за натаму ќе пишеме утре
s&s @okcenzi ви се придружувам, сакам 5 да симнам. Е сега, пиев мнг вода и чај од сабајле и јадев цитрон,јаболко и грст аронија и сеа мнг ми се јаде не можам само со ова . Имам спремно салата мешана со 2 варени јајца и не знам кога да ја јадам, до 4 сум на работа. од 8 до 9 ќе вежбам крос фит. Што мислите подобро е кафе со млеко или без? Јас на минимум го сведувам дека ми прави дупка во желудник.
Јас од за доручек две јаболка, и кафе со 1 лажичка шекер, зошто не можам горко да го пијам. До сега испив литар вода. Глад можам да контролирам одлично, ама жед небаш толку. Сега ми се пие нешто освежително, ама незнам што смеам а што не. Салата за ручек ке ми биде марула поголемка. Салата можеш да јадеш преку цел ден, ама гледај да е зелена. Кафе ожеш со малку млеко зошто да не. Ние не сакаме ептен да ослабеме, па така да не мора ептен и да се придржуваме до строги режими. До ручек ке пијам уште едно кафе со шекер. За ручек пилешки стек, а супа не знам дали и да се мачам да правам воопшто. Неодлучна ручекот можеш и после 4, а вечерата кај 7 часот. Секако после 1 час можеш да вежбаш. И кај да го најдам цеденото кокосово масло? Велат дека е одлично и за кожата како маска аи за косата.
okcenzi кокосово има во зегин органско и во секој поголем маркет. Тоа што на ладно е во цврста состојба а на топло е ко масло. Убаво е ко десертче заблажува а многу е здраво, дава и многу енергија јас пред вежбање го земам понекогаш. Иначе веќе ручав во 12, не можам на овошје да сум до 4. Околу 6 ќе јадам стек со салата.
@okcenzi @Neodlucna сабајлечки: чиа семе со јогурт, аронија, 5-6 бадеми непечени, цитрон, ред темно чоколадо и кафе со кокосово и едно лажиче кафеав шеќер. Има во Веро си купувам кафеав шеќер на Виталија, кога веќе не можете кафето да го пиете горко... За ручек веројатно некоја салата и јајца ќе јадам... не осеќам воопшто глад... Ќе вежбам на орбитрек 20тина мин, па ќе вежбам стомачни 2 пати денес... еве од кај вежбам:
Евее јас.До 10ти јуни цел -5 кг. За доручек имав мазниче, за ручек две варени јајца(само белката) маслинки, едно парче двопек и сирење.Исто така една шоља зелен чај и 3 литра вода. На денешен план ми е insanity plyometric cardio circuit.
Мене дамла ме удри кога се качив на вагата, плус имам скоро свадба.А се надевав понатаму ќе биде.Утре ќе пробам да сум на воден ден, супа, чај, вода со лимон итн.А од среда ќе ја почнам 20 дневната диета. Кој и да ја почне нема да се кае, многу лесно се чувствував, ама пуста стрвост и кога видов колку кг ослабев се опуштив и многу грешки направив, па стагнирав.Предобра диета, со скоро секојдневно прекршување ослабев 5-6 кг. Сега за 10 дена качив 6 кг, ама не од јојо ефект, туку од пре-прејадување. Ќе пишувам од среда што и како. Со среќа нека ви е. Ми стигнаа хеланки што порачав од една страна хот шејперс, па белким и од нив ќе се потам, иако не верувам многу да вежбам. Вода не пијам многу, едвај 200-300 мл дневно.Кога бев на диета малку повеќе пиев, зошто соковите ги исфрлив начисто.
Јас едвај успеав 11 мин вежби. Леле бременоста и порагајот страшно ми ја одзеле енергијата. Денес си јаде ресторантска порција стек и марула за ручек, а вечерата само марула, пошто не ми се јадеше. Ама сега немам енергија и веке е касно.