Јас сум за ун диета најдобра е и најефикасна и се има за јадење ама треба воља и тука Деновиве планирам да ја почнам страшна сум неможам да се гледам на огледало веке
To si go nosis svoeto telo i najdobro znaes sto mu odgovara. Poarno e 3 god da gi namaluvas kg. odosto za 6 meseci, pa posle toa dvapati da ja zgolemis tezinata. Poleka, natanane se ke bide.
Почнуваме. Веќе сум на диета и ослабнав 3.5 кг, па уште кога ќе вежбам ќе биде таман. Висина 170, тежина 89. Многу се, си знам и се работи на случајот. Не ми е тешко за диетата, само една работа ме кочи, а тоа е благото. Знам да си поткаснам од Виталиа или Витанова баровите. Некој ако има совет како да се одолее на благото нека сподели.
Еве го и мојот план: кардио секое сабајле, се надевам за некоја недела ќе биде подносливо тоа да биде на кеј или Водно. Доручек смуди, овошна салата или чиа пудинг. Или од оние фит палачинките без брашно. Ручек, салати во изобилие, може да се додаде и кус-кус или компир. Печен зеленчук во разни комбинации, крем супи домашно подготвени. За вечера би јадела слично како за ручек, но во помали количини. Ако во меѓувреме огладнам, јадам јаткасти плодови, хумус со свежи моркови или краставички и сл. Вклучени се и многу чаеви, топла вода со лимон и чиа-вода. * Да нема забуни зошто нема месо, јајца и млечни производи, да кажам дека сум веган
Дечки сакам и јас да се придружам на предизвикот ... ќе биде некој љубезен да ми ја објасни процедурата да не пребарувам по целава тема ... плс
Да се храниме здраво и да вежбаме во текот на овие дена (според насловот) ...почнуваме од први сега, со меѓусебна подршка... секоја од нас секој ден да пишува што јадела и што вежбала тој ден и да ги мотивира останатите
Ако сакаш да споделиш каков е твојот режим на исхрана Инаку во врска со чоколадото,според мене можеш насабајле да јадеш по еден ред црно чоколадо или пак од диеталните виталија,витанова.
јас вежбам по 1 и пол , слабеам во обем мн , али не се мерам на вага ,заради да не изгубам мотивација , сите што сакате да ослабите вежбајте кардио вежби и одма се слабее!
Count me in, празниците завршија и моите изговори такоџе... време е за слабеење До лето Адријана Лима нема да ни е рамна
Моментално држам диета што воопшто не ми се допаѓа. 2 дена макарони, 3 пилешко, 3 телешко, 3 риба итн. Не се јаде буквално ништо освен тоа и салата и не ми одговара воопшто ама ајде сум ја почнала ќе заврши за една недела. После тоа ќе си се префрлам на мојата омилена. На сабајле еден исцеден лимон со 1 супена лажица масло од лен и вода, доручек 2-3 овошја. До 16 часот треба да се изеде 1 кило овошје и да се испијат 2л вода, а за ужина се дозволени урми и јогурт накај 12 часот. Околу 4 часот се јаде ручек кој што се состои претежно од манџички кои се без брашно, стекови, плескавици, ќофтиња, мусака со тиквички, макарони итн. + шопска салата или таратор, а ретко е дозволено и ајвар. После ручекот битно е да не се пие вода најмалку 2 саати зашто го успорува варењето. Вечерата е или пуканки без сол или салата. После 9 часот не се вечера, но во случај на криза може да се каснат урми. Освен кисело млеко, млечните продукти се сосема исклучени, ама сепак тараторот си го правев со павлака, некако не ми одеше со кисело млеко Кога ја држев прв пат диетава ослабнав 17 кг за 2 месеци. Горната не ја препорачувам воопшто, повеќе ослабнав од тоа што после 2 дена иста храна не ми се јадеше веќе и јадев 1-2 дневно. Што се однесува за благото, не знам како ќе го исклучам од животов. Имам кризи како наркоман за дрога. Викаат ако издржиш без нешто 21 ден дека веќе нема ни да ти се сака да го јадеш, ми успеа претходниот пат и не јадев благо и леб година ипол. Се надевам дека ќе ми успее и сега.
а доброооо сево ова , некој да кажеше каков ке е режимот на исхрана ?? Еве јас топло ви препорачувам кардио вежби по 1 и пол дневно , и очекувајте одма резултати , но исто така мн е важна исхраната ,па сакам да дискутираме околу тоа
Па, мене скоро секоја диета ми е досадна, ама мислам дека ако овде меѓусебно се подржуваме полесно ќе е на пр. еден месец УН, па нешто друго да смениме и така...
Јас не се согласувам со држење на стриктна диета, како на пример УН, хроно, или таа на Жан Митрев (која нутритивно не е добра, а Жан Митрев ја дава на луѓе со екстремен вишок на киограми кои мораат многу брзо да ги изгубат за да може да подлегнат на операција). Според мене, многу подобро е постепено модифицирање на секојдневното мени со храната која ни е вкусна, за да понатаму ни остане како навика во секојдневието. Ваквите нагли промени,најпрво резултираат со одбивност, а потоа и неможноста да се одржуваат на подолг период. Такашто,залудно би било 2-3 месеци строг режим и внес до грам, доколку не премине во навика и после овој период се врати на старо. Јас на пример, не обожавам месо и секако дека нема да држам диета која наложува строго внес на вакви проетини.. Од друга страна, обожавам сирење на пример, и знам дека доколку сега се откажам од сирењето заради некоја привремена диета - пак ќе јадам за извесен период, и повторно ќе се вртам во круг... Особено ми е смешно кога слушам прашања од типот која диета е најефикасна и гарантирано не се враќаат килограмите по завршување Не постои такво нешто се додека не се научиме да ги исполниме потребите на организмот и ја модифицираме исхраната на ниво кое е оптимално за нас. (дали според вкус, буџет,темпо и начин на живот) Генерално, внимание треба да се обрне на правилно комбинирање на храната и помал обем на внесени калории, наспроти зголемена физичка активност за согорување на вишокот...