Евее сум и јас. Овие три дена можам да се пофалам дека прилично добро се држев со мојата диета.Едно парче леб на ден максимум, премногу вода преку цел ден, насабајле млака вода со лимон и преку ден нешто пониско калорично.Дообро се држам. Ноо, преголем проблем ми е физичката активност.Никако овие три дена не можам да се натерам да извежбам нешто.Јес да, преморена сум од на училиште, во 8 часот вечерта дома идам ама ете не смеам да дозволам изговори да ме попречат во целта.Кажете како да се натерам да извежбам нешто?Мрза сум да.
Немав време за доручек па испив едно кафе и изедов едно чинивче сутлијач. Р: Јадев тост со помфрит. (Немам многу избор на училиште) Сега вечерав шопска салата со една шоља зелен чај Вежбав сабајле некои вежби за стомак.
Трет ден, ми помина со гости, но издржав да не јадам многу кифла со маслинки за доручек и леќа за ручек и мешана салата од цвекло, зелка, моркови Вежбав стомачни колку што успеав
Јас ќе се придружам малце покасно, имам некои проблеми и неможам да почнам сега.Кога ќе почнам ќе ве информирам како напредувам. Инаку имам 66 кг и сум висока 171 цм. Моја цел е да ја намалам тежината минимум 8 кг. Мојата исхрана се базира на протеини во комбинација со јаглехидрати. Вежбам 6 пати неделно, а недела секако е ден за одмор.Три дена во неделата вежбам кардио а другите денови имам тежински тренинг. Благодарение на овој режим успеав да намалам 13 кг за 2 месеци и нема јојо ефект.
Појадок: Смути (банана, јогурт, овес, вишни, суво грозје, брусница, ленено семе) Ручек: Супа, пилешко со ориз и зелка салата Вечера: Супа, јогурт и малку ореви
д. Bake rolls и витанова р. Спанаќ со 1 парче црн леб в. смоки стоби флипс и една чаша јогурт. вежби:инсенити 30 мин
Day 3 Доручек: Зелен чај и овошна салата (киви, цитрон, јаболко, мандарини, ананас) Ручек: 2 мини сендвичи (кришки црн леб, павлака, зелка салата, парче шунка) Вечера: исто што од ручекот „ужина“ нес кафе По јадењето можете да приметите дека се прејадов денес Затоа утре давам чесен пионерски збор не јадам леб Од вежби: 20 минути кардио + 10 минути абс и пешачење од 3.2 км Дневна доза мотивација
Ден 3 Секое сабајле пред појадокот обавезно пијам топла лимонова вода. п:смути од банана и Balans јогурт р:1 јаболка в:варен зеленчук со 4 вида сирење и + 1 мандарина Плус вежбав x50 Squats и пешачев 4 km
Супер, но не би ти препорачала зелен чај навечер бидејќи има кофеин па може да ти смета при заспивање (освен ако немаш многу за учење )
И погоре некои девојки кажаа дека многу на форумов јадат премалку. Гледам и ти... Немој, јади нормално, важна е вечерата да е лесна... салата, чаша јогурт млеко... бидејќи со овај начин на исхрана ќе ослабиш да, но и крвта ќе ја ослабнеш и ќе се осеќаш изнемоштено.
Се согласувам со Sheis за да ослабиш треба да имаш 3 оброци во денот од кои доручекот и ручекот треба да ти бидат по обилни и секој оброк да ти биде на 4 часа. Доколку вежбаш после вежбање за успешно слабеење треба да имаш протеински оброк како јајца, соја , риба, стек со салата.
3/90 Уф овој ден грешев.... Д.смути Р.две посни сармички плус салата од зелка со морков В.макарони со сирење.... Немав време за вежбање,меѓутоа пешачев точно 3 саати,па ќе си ги сметам како физичка активност..... Се соочувам со недостаток на волја за вежбање,ќе мора да почнувам со пилатес!
Менито за денес 4/90 топла вода една чаша п: смути од банана и овесни снегулки р: варен компир со сиренце и шопска в:овошна салата
Се подобруваш, но има право @Grungie овошје избегавај навечер, има шеќери кои ти даваат енергија, а ти реално навечер не трошиш многу енергија и автоматски џабе го јадеш само трупаш резерви
Зошто пишувате само смути или само салата? Споделете рецепти и што се ставате во смутито на пример...секоја идеја е добредојдена 90 дена се во прашање, треба инспирација @MilaP што се рибанки?