Јас сум многу јака можам самата да се наречам борец,но на моменти болката е голема. Јас веќе продолжив а што ќе ми донесе животот понатака ќе видиме.
Денес сум посебно емотивна дали е до времево или пак до проклетиот mail кој ми стигна рано сабајлево да ме потсети дека влегувам во 30 недела,а бебе нема вејќе. Се борев се надевав плачев на секое добивање се додека не ги видов тие две цртки,кои до ден денес се тука ама кое фајде... Многу убаво се сејќавам на потврдата да бремена си вејке 5 недели за една недела дојди за срце да чуеме,отидов го слушнав...тоа беше радост,но уште поубаво се сејќавам на таа 10 недела кога отидов на контрола и на зборовите "не е убава работава" застанало,не чука срце повејке. И моето престана и до ден денес не ми чука исто. Поминав многу прегледи,киретажи,испитувања,операции,поминувам до ден денес со прашалници големи и тоа фамозно прашање зошто јас,зошто мене? Чекано беше сакано беше тоа бебе не дочека да го видам. Настапувам повторно,похрабро,посамоуверено. Ќе биде,ќе станам мајка
ретко која веќе нема пројдено низ ова. човек да се радува ако не го пројде неколку пати испаѓа работава. И јас истото го пројдов. Ама ете... Едно не си отиде. остана. И ќе прави 2 год на есен
Некој ќе речи не е исто да го загубиш во 7-8-9-10 недела во споредба со 30+, но ние што сме поминале си знаеме како е и колку боли. Не чекавме ич за бебе дојде одма после свадбата на први обиди. Прво не ми се веруваше дека сум бремена не очекував дека одма ќе биди, но се надевав... Одиме на контрола 7 недела имаме срце, по 2 недели одиме пак и докторот ми вели, нема ништо, му велам како ништо слушнавме срце пред 2 недели, ми вели нема повеќе не чука... Јас в замја пропаднав, незнам ни како излегов од ординација. Несакав никој да видам само плачевме цел ден со мм и сега го пишувсм ова и плачам, а во мене има друго бебенце кое има 15 недели и за кое се плашам дали ќе биди се во ред, пробувам да бидам позитивна но тешко ми оди. Само Господ го молам овај пат се да биди во ред. Ве гушкам сите храбри жени лавици, сите да си ја дочекаме најголемата радост во животот.
Болката е иста така е нема тука правила. Баш се радувам кога ке слушнам жена која забременила после оваа траума,ми дава надеж. Со лесно
Zeni lavici.Presilni sme site do edna.Zelbata da bideme majka ni dava takva sila so moze da podmestime i planina.Ve guskam site.Placev od poslednite postovi i go baknav maloto sonce koe spie do mene.Kolku solzi,kolku bolka samo doziveav za nea.Vredi se veruvajte.Site 10god,sekoe bockanje sekoe razocaruvanje.Ke uspeete site do edna.Jas uspeav...ne se otkazav i togas koga umirav od bolka.Koga nemav sila poveke da disam.Vredelo... za site i ocekuvam samo ubavi vesti od site vas
Душата ми се расплачи Девојки бидете силни и упорни , таков е животот ... но на крај победува оној што никогаш не се откажал Ако на некоја некогаш и притреба разговор слободно пишете ми , тука сум да ви дадам подршка
Да не си помислила нешто друго освен здраво и право бебе во твојата прегратка! Го имаш веќе! Бог има план за сите нас!
Zdravo Nova sum na forumot I sakam I jas da a spodelam mojata prikazna so srecen kraj Iako I jas pominav po tezok pat do bebce koj pocna pred 8god pominav 4 iseminacii potoa imav operacija otstranet septum pa sobiranje dok za ivf vo meguvreme go izgubiv tatkomi dusata me bolese no prodolziv so verba vo boga deka I jas ce guskam edno malo angelce gi dobivme dok za ivf I pocnavme so bockanja za na kraj da zavrsam so bioxemiska bremenos pomina I toa pa pak sobiranje na dok za ivf I ni go odobrija I vtoriot vaucer no jas vo meguvreme ostanav bremena I toa bas koga se vseluvavme vo novata kuca so soprugot sreca nemozam da vi opisam no za kratko samo dva dena od koga doznavdeka sum bremena pocna krvarenje so so zavrsiv so spontan posle nekoe vreme go iskoristiv I vtoriot vaucer no za zal ne uspea ni vtoroto ivf no posle 1mesec od ivf jas vidov dolgootcekuvani dve crti bremenosta a pominav dobro samo so se bockav so kleksani zaradi trombofilija I sega imam edno sonce so me gree vi posakuvam na site gospod da vi dade vakvi soncinja za niv vredi da se zivee. So verba vo boga site ce uspeete.
I ete tretoto ivf e uspesno ja terame veke 15ned I pet dena od bremenost a ednoto bebce go izgubiv ednoto ostana.
Jas malku ti se cudam so ova sto go kazuvas. Ednoto bebce go izgubiv drugoto ostana vikas, a jas kollu sto se sekavam vtoriot embrion kaj tebe ne se razvivase. Polrka malku so.muabetive.
Затоа што под поимот "губење бебче" не стои ,т.е не се мисли на неразвивање на ембрион кој е анЏак три недели . Ко така сите со неуспешни ивф да пишуваат - го изгубив бебето . Ај да се потрудиме сите да пишуваме малце појасно и пореално