Ам така де . Не велам НЕ. И кога ќе ти вратат два ембриона, а едниот НЕ СЕ ФАТИ , не му е сеисто на никој . Но драматизирање , и пишување - го изгубив бебчето е стварно непотребно. Јас со три ектопични бремености , една биохемиска , три неуспешни ивф , што да речам - лелеее јас изгубив десет бебиња до сега . Така излегува работава
Ќе биде жени знам убедена сум,сите ќе станеме мајќи тоа што животот ни задал удар не значи дека навалени треба да се шетаме,напротив исправрно и цврсто затоа што тоа што изгубивме не значи дека нема да ја добиеме битката. Слаба сум само на моменти на датуми кои ме поврзуваат со изгубеното,но уште похрабро настапив со нетрпение за следното. Само убавини кај сите ви посакувам
Ги читам приказните и плачам... Пред 7 години имав еден спонтан, а пред година и пол дијагноза blighted ovum. Пред 3 месеци го родив моето синче. Би рекла дека мојата приказна не е толку тажна. Но, една од моите најдобри другарки се бори со овој проблем веќе 4 години. Сите други останавме трудни, родивме или се трудни во моментов, додека другаркава се соочи со неколку неуспешни инсеминации и неуспешно инвитро. А таа посакува бебче најмногу од сите нас, и почна да пробува пред сите нас. Кога ги читам приказниве како да читам што чувствува таа и ме боли што не можам да и помогнам. Само пробав да и дадам до знаење дека сум тука за неа, за муабет или што и да и треба. Поради нејзината приказна и сите други околу мене за кои не сум свесна дека ја водат истата борба, додека бев трудна не споделував слики на социјалните мрежи, ниту пак сум споделила слика откако се породив. Мојата среќа е моја, немам потреба да им на тријам пред очи на оние кои водат секојдневна битка. Не ги разбирам луѓето/жените што тоа го прават со умисла, а ги има многу... Другарка ми е силна личност, борбена, се што зависело од неа го исполнила. Иако ова не е во нејзина моќ, знам дека ќе успее, ќе забремени и ќе си роди детенце. Се надевам само дека ќе е за брзо време, доволно се измачија до сега.
Ај јас да “украдам” малку добра мисла од тебе за мојата другарка, па може ако ја спомнам овде како тебе, ќе се наврти побрзо и на кај неа. Не знам дали после моиве дома, сакам некој поише од неа. Веќе неколку години се обидуваат без успех. Секогаш ми е во мисли, секогаш замислувам желба и за неа покрај за себе. И купив и подароче за тоа бебе што толку го чекаме, ветено ми е нејзиното бебе, зошто знам дека ќе ни дојде еден ден. Најсреќна тетка на свет ќе бидам и оххх колку само ќе биде сакано и разгалувано тоа бебе, само да ни дојде.
Втор дел По сите солзи,разочарувања,надеж што се раѓаа и згаснуваа сватив дека животот понекогаш има свој пат.Не секогаш оној што сме го замислиле,но понекогаш тој пат не носи до најголемата среќа. Станавме згрижувачки на едно прекрасно бебенце.Не можам со зборови да ја опишам првата средба ,првиот поглед,првата прегратка и првиот мирис на бебе.Во тој миг сета болка што ја носев во мене полека почна да исчезнува. Денес тоа мало ангелче е мојата утеха и мојата безусловна љубов. Животот ме научи дека мајчинството не се мери со девет месеци под срце ниту со парче хартија.Понекогаш срцето станува дом,а потоа доаѓа детето. Не знам што носи утрешниот ден,но знам дека сум неизмерно благодарна.Благодарна што повторно научив да се смеам што повторно имам причина да сонувам и што секое утро ме буди детска насмевка. Бог ми подари дете.Не ми го подари на начинот на кој јас го замислував, туку на начинот на кој Тој знаеше дека е најдобар..Денес во моите прегратки е едно прекрасно бебенце.Не го носев девет месеци под срце,но отсекогаш го носев во моите молитви.Тоа е моја најголема радост,мојта утеха и мојата бескрајна љубов. Нека има и трет дел .