Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

99 приказни за борбата за бебе

Дискусија во 'Бременост' започната од Dear_Thing, 15 јануари 2017.

  1. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    11.258
    Допаѓања:
    170.152
    Пол:
    Женски
    Izvini greska sum te razbrala valjda. Sosema e vo red da si protiv citanje na knigata i ucestvo vo istata so svoja prikazna. Jas te razbrav deka si i protiv izdavanje na istata (sto realno smetam deka sansite da se sluci toa se svedeni ba min). Vo sekoj slucaj ti se izvinuvam...
     
    На stevemila му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Lady Phoenix

    Lady Phoenix Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    2.033
    Допаѓања:
    58.308
    Пол:
    Женски
    Апсолутно, @joy1. Утеха и поддршка треба да очекуваме и да добиваме најпрво од саканите. Но, муабетот беше за психолошкиот момент. Едни луѓе имаат добра способност, добар механизам за справување со тешките моменти и баш тоа би можело да им биде од помош на другите.

    И со @Cka сосема се сложувам. За мажите. Па и пошироко во семејството треба да се прочита и да сфатат со што овие жени се справуваат.

    Од друга страна треба да се подигне свеста на државата за се' поголемите проблеми со зачнување. Да понудат едукација, некои рутински проверки уште во раната младост, да се залагаат за почист воздух, средина и храна. Да стават лекови на позитивна листа и да понудат олеснувања при вештачко оплодување, обавезна психолошка помош... А зошто да не биде оваа книга поттик за такво нешто, меѓу другото?

    Доста ефекти може да има, ако се сака.
     
    На tina-63, Kaetana, Annath и 12 други им се допаѓа ова.
  3. Dear_Thing

    Dear_Thing Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 декември 2015
    Пораки:
    695
    Допаѓања:
    2.661
    Пол:
    Женски
    Преубаво објасни се' што сакав да кажам, не бев дома, пишував од мобилен и не можев да куцам како што треба. Тоа беа главните причини за книгата. Да знаеме дека не сме сами. Да знаеме дека е нормално ова што ни се случува, овој хаос од емоции. Имаше моменти откако го изгубивме бебето, кога седев дома и зјапав во една точка, ги држев чорапчињата во рака и плачев. Маж ми ќе седнеше до мене, ќе ми рече, Мислам дека беше доста, ајде биди посилна, време е да продолжиш понатаму, знам дека боли ама мора да бидеш појака, мислам дека другите жените не го доживуваат ова до толку трауматично. Откако прочита неколку од приказните, маж ми сфати дека СИТЕ жени го доживуваат ова вака, ако не и многу полошо. Сега има уште повеќе разбирање во тешките моменти. Или, друг пример, ние на прв спермограм имавме катастрофален резултат со кој докторите без грам осет веднаш предлагаа ивф, без да помислат каков удар е тоа за човек што до вчера мислел дека ќе добие детенце на природен начин со едно легнување во кревет. Маж ми плачеше како мало дете, му ја убија машкоста, му ги скршија надежите. Не дека ќе беше проблем да отидеме на ивф, може и така ќе завршиме на крај, ама не ни дадоа ни да се понадеваме, згазија све одма. И маж ми сака сите мажи во Македонија што го поминуваат истото да знаат дека ги порази докторите, ги порази статистиките и нивните посрани совети. Маж ми направи дете природно, како и неколку други мажи на жените овде на форумов. Иако бременоста заврши фатално, НИКОЈ немаше право да ни ја убие надежта како што ни ја убија. И таа приказна може да мотивира многу други мажи и жени. Некој можеби не сака да сподели и не сака да чита вакви приказни, но како што пишаа погоре, никој не мора на сила. Јас сум една од оние на кои ваква книга може да и помогне, а знам дека има и многу други такви. Да прочитам приказна што ќе ме охрабри, да прочитам дека докторите им рекле никогаш нема да имате, а по некој месец им се случило чудо, да прочитам туѓи зборови што ќе ги осетам како свои, како јас да сум ги кажала. Да ја прочитаат други луѓе, што никогаш не ја воделе оваа битка и да разберат малку подобро како живееме - не да не сожалуваат, не да ни шепкаат зад грб, „Еј, ќути, ќути, овие не можат да имаат деца“, туку да имаат осет и разбирање, да знаат какви борци се овие жени и мажи. Оти доста ми е да ме тапкаат по грб луѓе што ни од далеку не разбираат.

    Понатаму, прочитав погоре, јас ќе сум правела пари на туѓа мака, ќе сум станела популарна. Скраја да е! Прво, ова не е туѓа мака, ова е и МОЈА мака, ова е мојот живот. Второ, пари од ова не ми требаат, барем тоа имам, го немам само она што најмногу го сакам. И јас нема да заработувам од книгава, туку напротив, сакав да вложам во неа за да види бел ден зашто никој друг нема да земе да ти ја финансира на лепе очи. Трето, немав намера нигде да ставам мое име, не сакам никој да ме знае и да ми го гледа прљавиот веш. Моите солзи и моите болки и моите страдања не се за пред цел свет со име, ова требаше да биде групна, анонимна „исповед“ на жени што ја водат оваа борба. Погоре прочитав требало да сум спремна да одам да зборам на телевизија. Немав намера, ако сака некој слободно може да оди да збори, можеби од издавачката куќа ако треба некој, но јас да излезам некаде отворено да зборам за најболното нешто во мојот живот? Не доаѓа предвид.

    И последно, иако ете има мислење дека книгата не била добро осмислена, замислата беше тие 99 приказни да се поделени по категории, па да може секој што не сака да ја чита цела, да го чита само тоа што го интересира. Има приказни со среќен крај, има приказни во исчекување на среќен крај, има приказни од машка перспектива, има приказни каде што воопшто не се зборува за крајниот резултат, туку само за еден аспект од борбата, има приказни каде што се опишува неразбирањето и бесчувствителноста на роднини и „пријатели“. Мое беше да ги соберам и средам, а понатаму секако има и стручни лица, професионалци што ќе ја уредат најдобро што може, ќе помогнат за избор на наслов, за дизајн на корица итн.

    Во врска со брзањето, издавачот сметаше дека ќе биде совршено книгата да излезе некаде околу саемот на книга во април за да има подобра промоција, па само поради тоа сакав да соберам приказни најбрзо што можам. Како и да е, не е проблем и ако трае процесот подолго. Инаку работам по 10-12 саати дневно и времето што го одвојувам за ова стварно ми е луксуз ама темата премногу ме добира лично, па затоа не ми беше проблем да направам се' што треба. Затоа и многу ме заболе кога ги прочитав коментарите сабајле: богатење на туѓа мака, ќе те тужам ако ми ја ископираш приказната, ќе стануваш популарна и сл.
     
    На Mishela, mira.mira, cinderella5 и 36 други им се допаѓа ова.
  4. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    11.258
    Допаѓања:
    170.152
    Пол:
    Женски
    Bravo devojko!!Moras da soberes sila i da go isteras ovoj 'proekt'...I ajde,glavata gore, "nas" tolku ne bolelooo,bolelllooo dosega i toa kakvi se ne bolki sme imale, pa sega li nema da gi "istrpis bolkite" od vidot obicno izlaganje na nekoe mislenje, koe e napisano samo kolku da se napise nesto....
     
    На Melinda85, MADO, Momichka и 2 други им се допаѓа ова.
  5. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.795
    Допаѓања:
    325.238
    Пол:
    Женски
    Nemozam jas nikomu nisto da mu branam
    Na kraj ke dojdeme do zaklucok deka temata e preosetliva za sekoja edna ovde.Malce stresot,malce spomeni evociranje,malce hormoni i napraivme kasha popara
     
    На Bubce38 и izmislena им се допаѓа ова.
  6. meckicka

    meckicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2016
    Пораки:
    1.398
    Допаѓања:
    1.337
    Пол:
    Женски
    Pa ti ako si protiv nemoras ni da pises nikoj nikogo sosila ne te tera da pises mene naprotiv takvi pozitivni prikazni mi davaat nadez i hrabrost i pozitivna misla
     
    На Milobebence, Afroditaaa, pile30 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.795
    Допаѓања:
    325.238
    Пол:
    Женски
    Ти се најде компетентна а?
    И ти ако си против абортус немој да пишуваш таму во темата
     
    На CameliaMiller, ALISA0000, Dust и 2 други им се допаѓа ова.
  8. meckicka

    meckicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2016
    Пораки:
    1.398
    Допаѓања:
    1.337
    Пол:
    Женски
    A sto go mesas toa so toa
     
    На Afroditaaa и stevemila им се допаѓа ова.
  9. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    11.258
    Допаѓања:
    170.152
    Пол:
    Женски
    Hahha...Lele ne ja cepkaj za taa tema,kje pocne da pisuva do utre sakam kazam-neznam recam...
     
    На CameliaMiller и ALISA0000 им се допаѓа ова.
  10. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.795
    Допаѓања:
    325.238
    Пол:
    Женски
    Затоа што викаш ако сум била против нешто не требало да коментирам
     
  11. Dear_Thing

    Dear_Thing Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 декември 2015
    Пораки:
    695
    Допаѓања:
    2.661
    Пол:
    Женски
    Како да не се обесхрабрува после човек? Темава отворена за нешто позитивно, во нешто лошо капка добро да се најде, и ете се направи крш денес. Не сфаќам ни јас зошто... Ама ѓаволот не спие, тоа е.
     
    На Stressed Out, mira.mira, MADO и 3 други им се допаѓа ова.
  12. meckicka

    meckicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2016
    Пораки:
    1.398
    Допаѓања:
    1.337
    Пол:
    Женски
    Jas ti kazav oti kaj nas e taka nicie tugo mislenje ne se pocituva ako si nesto za ili protiv odma plukaat po tebe toa e toa ti prodolzi si so knigata ako sakas bidi del i od nasata grupa na fb a
     
    На stevemila му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.846
    Допаѓања:
    13.457
    Се најде па кој и да збори во оваа тема- @meckicka. Во една тема пишува дека сфатила дека не сака деца, а сега тука пак дека сака. Оф мори мајко.
     
    На sofi2107 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. alisijad

    alisijad Популарен член

    Се зачлени на:
    1 март 2015
    Пораки:
    3.305
    Допаѓања:
    6.763
    Пол:
    Женски
    Navistina ne morase i vo ovaa tema navredi, karanja ko i vo sekoja druga. Jas ocekuvav tuka da otvoram i da vidam samo i samo prikazni , a gledam eden kup recenici koi ne pripagaat vo temava.
    @RainBow ako moze da gi izbrises site off topici.
     
    На bela.m, Valentina888, MADO и 11 други им се допаѓа ова.
  15. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.464
    Допаѓања:
    48.563
    Пол:
    Женски
    На пазарот има секаков вид литература од историски книги, од љубовни романи, од еротски романи, од трилер и сај фај, од Билките на баба Рада до оној вид книги за мотивација и самопомош. Секој оној кој го почитува пишаниот збор одбира со каква книга ќе си го исполни слободното време. Во последно време голема експанзија направија книгите за само помош од типот Како да напредуваш во работа, Како да преболиш прекин на врска, Како да преболиш борба со болест, Како да заработиш повеќе и сл. Јас лично никогаш не сум го читала последниов жанр на литература зошто сметам дека битките сама можам да си ги извојувам без некој со пишан збор да ме мотивира и да се водам според неговите принципи за успех.

    Но се повеќе среќавам луѓе кои утеха наогаат во вакви книги и тоа успешно се справуваат со загубите во животот. Мојата најдобра другарка во најтешкиот период од животот кога раскина со дечкото и кога со години неможеше да најде работа па тоа резултира со нејзина намалена самодоверба и депресија спасот го најде во ваква книга која и го дигна моралот. И искрено успешен се покажа пишаниот збор, секој ден наоѓаше мотивација низ зборовите на авторот да стане од кревет да застане пред огледало и себе си да си каже - Јас вредам !

    Мене ми се допаѓа идејата да се направи вакво четиво низ животните стории на луѓето кои се блиски до нас. Оние кои го поминуваат овој трнлив пат да знаат дека не се сами на светот и дека ова не им се случува само на нив. Дека има милион парови кои се борат со изгубено дете, со неплодност со неможност за потомок. Па макар и приказните не биле сите со среќен крај. На човека доволно олеснување му е да знае дека не е сам на овој свет со проблемот кој се соочува. Колку пати сум чула од овие парови- Леле само јас не можам да забременам а некој што не ни сака бебе забременува, некоја од прва без мака забременила, сите околу мене со лесна мисла останауваат трудни само ја со месеци и со години не можам да останам трудна. Е во ваков случај убаво е да се чуе дека има и друга страна на паричката дека не остануваат сите лесно бремени освен вас. А тоа ќе се случи ако не кој собере храброст јавно да си отвори душа и да го раскаже својот макотрпен пат до бебе.

    Девојкава добила идеја за книга и јас ја поддржувам. Преку глава ми е од блогови од интернет од читање информации на компјутер и таблет. Изгубивме осет како изгледа да се држи пишан збор во рака и го изгубивме значењето на светоста книгата и мирисот на хартијата на истата. Не секој дреме на Фемина на темите за бременост за да прочита туѓо искуство, не секој дреме на интернет во такви тешки моменти.

    Искрено се надевам ќе успее идејата и ке дојде нејзина реазлизација. На крајот од денот никој со сила не е натеран да партиципира со своја приказна и се е на добра воља. Јас само би советувала доколку види светлост на денот книгава девојкава не пристапува наивно него писмено одобрение да добие од секој кој ќе прати приказна да биде објавена за да нема утре лакомост и тужење за некоја ситна пара од профитот на истата. Македончето е лакомо па и во најголема мака гледа да добие корист па макар и материјална.

    Секое добро и на сите им посакувам приказни со среќен крај.
     
    На cinderella5, Dreams11, bela.m и 30 други им се допаѓа ова.
  16. Stellata

    Stellata Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2017
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    85
    Пол:
    Женски
    Не е проблемот кај членовите на форум и нивното однесување на тема на форум, приказни има не 99 туку многу повеќе, ама не се собираат вака, со сумливо несериозно малите информации, екстремно наивно краток рок за реализација, нејаснотии доколку се реализира и истера проектот и доколку е успех финанските бенефиции чии ќе се, нека висат вака во воздух, ама никој да не се осмели да праша, оти #материјалиста. Целиот проект изгледа толку несериозно како проект за толку сериозна и интимна тема.

    Не знам ни јас како се реализира ваков проект, но очигледно ви треба помош од некој што знае а за тоа не се криви жените што поставуваат прашања, се двоумат дали да учествуваат, или критикуваат независно дали негативно или конструктивно.
     
    На fina erika, manako1, Dust и 4 други им се допаѓа ова.
  17. manako1

    manako1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јули 2016
    Пораки:
    3.473
    Допаѓања:
    67.045
    Пол:
    Женски
    Nadvor sum od temata i ke recam: kamo sreka koga trgnavme po bolnici da se najdese nekoj doktor sto ke ni rece direktno kako na vas deka ni predlagaat invitro.Ke skratevme celi 4 godini iscekuvanje,dve moi operacii,povtoruvanja na edni isti ispituvanja,11 losi spermogrami so odgovor deka ovaa sperma pravi bebe.E ne napravi.Mora da priznam deka zalni i potresni emocii kako na poveketo tuka nemav,imav zacrtano plan deka iako i dvajcata imame problemi so pomos na medicinata ke uspeeme.Posle tolku potroseni pari i uspesno vtoro invitro kaj mene se pojavija emociite blagodarenie na doktorite koi se ucea na nas,jas ne mozam da se izraduvam za se panicam i placam i imam rizicna bremenost poradi operaciite(koga ke pisuvas kniga za emociite vo bremenosta dobiena po najteskiot pat)togas ke se prijavam so ime i prezime na celo so site doktori koi se ucea na nas.Ti posakuvam naredna uspesna i lesna bremenost i uspeh pri izdavanjeto na knigata.
     
    На Olgica.bu, fina erika, Valentina888 и 7 други им се допаѓа ова.
  18. manako1

    manako1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јули 2016
    Пораки:
    3.473
    Допаѓања:
    67.045
    Пол:
    Женски
    Kako i vo zivotot taka i na forumot sum direkna,bez umilkuvanje i bodrenje na prazno.Ja procitav prikaznata od mazot ti i te citam vo vestacko.Imate sovrsena ljubovna prikazna a ti imas sovrsen soprug,uste vi fali edno sovrseno bebe.Znaci so ogled na godinite vie ste zdravi i plodni i ti skoro od prva ostanuvas bremena,samo ne go zadrzuvas bebeto.Prikaznata na mazot ti i dosega mozese da bide srekna dokolku ti vo odnos na ispituvanjata ne si sebicna.Ednas napisa nema da pravam dopolnitelni ispituvanja za jajcevodite kade i site te sovetuvaa deka tuka e celiot problem.Ne si gi trosi godinite i zdravjeto so vonmatericni bremenosti tuku pojdi si kaj dobar doktor sredi go problemot i pak ke si ostanes prirodno i usreki go mazot ti.Togas ke ja napises vistinskata srekna vasa prikazna i site ke placeme od radost za vasata sreka.
     
    На Valentina888, AnaMarijaAa, Momichka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    11.258
    Допаѓања:
    170.152
    Пол:
    Женски
    Sosema si vo pravo...Da, sebicna bev vo vrska so ispituvanjata, duri i tie nekolku sto gi napraviv gi napraviv nekako"odvaj". Mnogu se plasev sto kako kje bide,pa da ne mi najdat nekoe seriozno zaboluvanje,pa da ne mi kazat nema lek za tebe itd itd... Najmnogu se plasev deka mozebi mojot maz nema da go prifati na primer mojot nedaj boze celocen sterilitet,pa nema da me saka ,pa kje me ostavi.....Ne deka ne veruvav vo negovata ljubov, no me jadese toa STO AKO?!?! NO, od koga go procitav negovoto parce hartija pod naslov DAMATA VO BEL FUSTAN site stravovi mi isceznaa. I zatoa si vetiv i sebesi i na nego deka kje go napravam i nevozmoznoto samo da me vidi vo beliot fustan, bidejki vekje ne se PLASAM od nisto...... Vo sekoj slucaj fala ti na iskrenosta...
     
    На Bilka5T, mira.mira, Milobebence и 7 други им се допаѓа ова.
  20. manako1

    manako1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јули 2016
    Пораки:
    3.473
    Допаѓања:
    67.045
    Пол:
    Женски
    Nema da ti najdat nikakvo zaboluvanje,samo ke ti pomognat da ja odrzis bremenosta,barem za toa lek ima.Pa da citame za damata vo trudnicki fustan.
     
    На Dust, Momichka, stevemila и 1 друга личност им се допаѓа ова.