Пред околу 8 години,кога никогаш не би помислила дека можеби во стомачето чука едно мало срценце... Летен и сончев ден,после неколку дена каснење на циклусот за прв пат ги видов моите две цртички Позитивен тест мислев дека ке се онесвестам Не бев свесна колку сум среќна и покрај тоа што никогаш до тогаш не размислував за бебе Но за жал,на среќата брзо и дојде крајот Срценцето повеќе не чукаше,посакав и моето да престане колку ми беше тешко По долга пауза се обидовме повторно Втора среќа која малце подолго траеше од првата и си замина Третиот и четвртиот спонтан ме докрајчија Изгубив надеж Многу испитувања,многу разочарувања и повеќе немав сила да се борам Секоја вечер се гушев во солзи,си замислував како ми расте стомачето,како ке го шетам со количка,како ке му пеам песнички Последната година неможев ни да забременам заради што бев напната и од што бебе ми стана опсесија Во меѓувреме се преселивме во друга држава и со тоа имав нов матичен гинеколог Пак од почеток испитувања и ми дијагностицираа тромбофилија По неколку месеци имав некои чудни симптоми како главоболка и болки во желудникот,останав во болница неколку дена заради испитувањата Па каснење на период,ден,два,и третиот ден видовме по 5ти пат позитивен тест Неможев да верувам По 9 месеци поминати во страв на свет ми дојде душата моја
da ja raskazam i jas mojata prikazna pred dve godini stapivme vo brak so maz mi i ne pomina dolgo vreme od koga se zemavme posle 4 meseci ostanav bremena i bevme mn srekni on toj moment sve rabotese po doma nisto ne mi davase da cepkam mn me gledase no za dva meseca imavme zakazano svadba moram da priznaam okolu svadbata imav mn nervozni mozebi i toa e pricinata ama ne pomina nitu edna nedela od svadbata pocna pocna bolki no ne mn silni za da pomislam na nesto deka ke se sluce no vecerta za da si legnuvame jas doziveav strasni bolki i pocnaa parcinja d ami padzaat so krv bev vo bolnica i od togas veke godina i pol se obiduvame odime na pregledi se e vo red a bebe nema i mn mi e tesko neznam veke od sto e da mi kazat se ke napravam samo pak da ostanam makar i samo edno da imam
Здраво женски јас сум нова на форумов ве поздравувам.Редовно ве следам па решив да ја раскажам и јас мојата приказна:Во брак сум 3 години првото време кога се зедовме не сакавме одма бебе по една година почнавме да пробуваме да останам бремена ама ништо тоа траеше година можи и повеќе.Почнав со испитувања овде кај нашиве доктори вклучувајќи ја и болницата Плодност и според нив се беше во ред и ајде помина уште некој месец се во ред бебе нема(тестови правев многу често имам нредовна менструација и кога ќе видев една цртка се разочарував,а всушност јас сум имала проблем).Потоа по препорака од две многу драги личности се јавив и закажав во Систина кај доктор Митко Ивановски уште кога ги виде резултатите што му ги однесов ми рече LH е висок се работи за полоцистични јајници потоа ме предгледа и ми кажа дека покрај полицистични јајници имаш хипопластичен утерус( матка во Т-форма).После тоа следеа испитувања хормони,HSG,спермограм и се беше во ред.Докторот ми даде предлог да правиме операција(дрилинг на јајници)зошто јајниците ми беа обвиткани како во кора од портокал,а матката да не ја допираме можно е да дојде до големо крварење.Се согласивме со мажот ми се направи операцијата во Систина ја направи исто Митко Ивановски кој е прекрасен доктор и го препорачувам на сите.Еден ден лежев таму ме пуштија со терапија трицеф,овунорм и метформин е сега менструација јас немам месец ипол пред некој ден бев кај матичната и ми кажа дека имало овулација пред неколку дена (таму ми ставија инекција прогестерогн и ми рече или ќе добијаш за 10 дена или си бремена),цело време сум под стрес аха сега ќе биди ајде овај месец еве ми касни знам дека не е во ред ама ете посилно е од мене желбата за бебе е многу голема како и кај сите вас затоа сакав да ви раскажам се надевам ќе ме разберете.Поздрав до сите па се надевам дека ќи соопштам убава вест.
@Dear_Thing Мислам дека имаш прекрасна идеја и дај боже да ти се реализира. Но читајќи ги сите овие приказни искрено се расплакав и еве сега пишувам и сум вознемирена од сите приказни што ги прочитав,колку е тешка борбата за бебе,борбата да осетиш дека чука нов живот во тебе. А искрено и за сите критики напишани тука од некој членки сум изненедена. Горе доле можеби и некој ја знае мојата приказна некој не собирам само храброст да ја напишам. Секој ден собирам храброст,одам на работа замислена се враќам замислена еј господе како ли ќе помине оваа. Само сакав да ја поддржам иницијативата и се надевам дека ќе успееш во целта. Само да се соземам и да соберам храброст слободно ќе ја раскажам и јас.
Ми се допаѓа идеата, никој тука не прави ништо на сила, никој не заработува на туѓа болка, оној кој сака сам ќе си ја раскаже својата приказна. Да не звучам лошо, но оној кој не се соочил со овој проблем не може ни приближно да знае како е. И дај боже никој да не осети како е. Мојата приказна не се ни споредува со некои овде, затоа и нема да ја раскажам во детали. Година и пол чекање. Уште на старт ме измори сето идење по доктори и испитувања а тоа не беа ни 25% од што се се поминува. Не знам како ќе издржев се. А само требаа да ми дадат терапија. Благодарност до матичната и Димитров што видоа каде е проблемот, па се се реши на помалку болен начин. Година ипол заврши со двете цртки. Не не, нема зборови, не може да се опише. Го чекаме октомври за да ја заокружиме приказнава. И на сите им посакувам да си ја дочекаат среќичката што побрзо. Психата е најголем непријател. И затоа сметам дека со ширење на приказни ќе се помогне на многу парови.
Со сопругот сме 14 години во брак. И нормално од самиот старт се обидувавме да имаме дете,но се испречија некои работи во животот. Испитување хормони,спермограми,прооднос на јајници итн. Кај мене се испостави висок пролактин,јајниците не ствараа фоликули,односно не растат фоликулите,кај сопругот спермограмот беше добар.Јас тогаш работев во центарот за социјални грижи,СЕ СОЖИВУВАВ СО секој процес во моето рабптење.Еден ден не повикаа во клиниката за гинекологија и акушерство каде што млада девојка се окажува од своето новороденче и не сака да го земе со неа.Отидовме обавивме разговор утврдија дека е се добро (ова во кратки црти го кажувам)Го земав во прегратки и се упативме накај битола,за цело време во кола коментирам луѓе плаќаат огреомни пари за принова некој не сака да го земе со собе,никој не го окривувам,некој има причина некој не.Го држам во раце и го гледам плави очиња плаво косиче прав ангел,мириса на нежно, нерасипано,невино сусштество го држам во раце и се топам.Го оставивме во домот ги средивме сите документи и се вративме за Скопје.Дома му ја раскажувам на мм приказната.Потоа неколку пати отидовме во домот да се осигураме за нековата состојба,здравје тоа е се во делот на работата,а мене ме привлекуваше нешто кај него беше посебен,издвоен од другите како да имаше ѕвезда на челото што свети.Побарав дозвола дали може да доаџам за викендите да го посетувам,ми дозволија но само кратки посети,кога ќе отидев и ќе го земев во прегратки како да ме чувствуваше која сум ја покаше глават во моите пазуви а кога ќе го легнев во креветчето плачеше.Еден ден беше пресуден му реков на мм.јас го сакам плавиот Ангел до мене,го сакам за мене целиот за мене,ми рече ако тоа те прави среќна и јас сум среќен се согласувам,бевме неколку пати заедно во домот да го види вика имаше право,прав ангел е.Решив одма да го посвојам добро сега тој процес траеше година ипол но слет на околности поради мојата професија го одобрија и побрзо.Додека одев таму го учев да кажува Јас сум мама кажи мама,а потоа ќе му кажев каде е тата и гледаше према вратата.Сега мојот ангел има 10 години и сум пресреќна што го имам,тој е паметно и умно момче добро сега знае и да ме налути ама се во граници на нормала го крстив Михаил,бидејќи е роден на 21.11.
Од како се зачлени на форумов те читам. Жал ми е за загубата за твоето бебенце и сигурна сум дека ќе си имаш и свое бебе, господ е голем ќе те награди за твојата добрина.
Ви благодарам на сите ја споделив приказната за да нема мистерија и доумица кај членките. Односно да сме на чисто
Odamna se prasuvav koja e tbojata prikazna...me rasplaka zenche..da ti e ziv i zdrav ima sreka so takov roditel pokraj sebe!!
Колку убаво,мотивирачки,охрабрувачко. Се надевам наскоро и јас ќе раскажам една ваква убава приказна. На тебе ти посакувам што побрзо да му подариш на Михаил една сестричка . Ќе биде најдобар батко. Господ ваквите жени не ги заборава
Chitam I se iznaplakav. Mojata prikazna odamna zavrshi no seuste Neman sila da ja spodelam.Boli I posle poveke od edna decenija .Zenata ja nosi vo sebe do krajot Na zivotot.Prostete sto sum off topik I brishete me.
Моето патешествие започна пред 8 години. После два три месеци обиди на тестот видов две цртки, бевме пресреќни и превозбудени со мажето. Но сето тоа набрзо се смени. Следуваше шок, на ехо не се гледа ништо, докторот викаше рано е ,ќе почекаме. На секој втор ден ехо и проверка на хормон. Хормонот си растеше нормално, плод никаде немаше, за после две недели да се појави во лева туба, со срцева акција. Под итно Скопје на операција. Се чудеа како "докторот" Охрид невидел толку голем плод. Поминаа 10 дена на клиника...на контрола Тофоски ми рече дека без проблем ќе останам бремена и да не се нервирам. Така и беше... Пауза од 6 месеци, после два три обиди исто останувам бремена со само еден јајцевод. Одам на контрола дали е се во ред и на место. Плодот си беше во матка. Пресреќни сме повторно, но ете пак крварење... Строго мирување на болница Струга , помина и тоа си одам дома, после некој ден обилно крварење...толку беше од среќата. Си добив киретажа без анестезија,најголемата болка што сум ја осетила, ме засече длабоко во срцето. На испис не ми дадоа ни антибиотици з спиење ниту капки за матка. Нашите чудесни доктори. Маж ми се у пм однесе, антибиотик после недела од чистење почнав да пијам, докторот на мајка ми и се испонашал- оваја никогаш немат да родит деца, за попосле извини не требаше така.. Повторно 6 месеци пауза... Овојпат две години обиди, премногу под стрес од добиениот третман на болница во Струга..две цртки повторно, но кој да се радува, стравот владее повеќе од што е радоста. И надвладеат. Повторно вонматерично, но овој пат навреме. 10 дена повторно на клиника Скопје, три дози метотраксат, болки големи.. помина.. После повторна пауза од 6 месеци започнуваме со обиди. Повторно година дена. започнавме и со собирање на документи за ивф, дури и ги собрав само уште 4 д ми фалеше кога оп, две цртки. Но не за долго, ете пак крварење...на болница Охрид повторно лежење 7 дена. Ниту некој ме прегледа ниту ништо,само си лежев. Од стравда не сум на нозе, сама прогестеронот си го боцкав мускулно. Но повторно загуба, биохемиска бременост. Пуштив документи за ивф, одобрен ваучер. Започнавме со постапка, бев 100%сигурна за успех но бетатс не покажа бременост. Повторно очај.. После некој месец повторно две цртки и повторно вонматерична. Повторно на клиника Скопје 10 дена со доза метотраксат. Оваа вонматерична ја дочекав со камен во бубрег. Болки во десна слабина од две места..прегледот од Трајанова вагинален ми беше комбинација со напад на бубрег. Незнаев каде се наоѓам. Лани септември направивме испитувања, кариотип, имунолошки и хемостаза. Прегледот кај дотичната Др.Роса на клиника Скопје ме дотолчи, веќе го допрев дното, јас која толку се борев и бев позитивна веќе неможев. Зборовите на докторката за ваѓање на другиот канал ме сузби. Не сум можела веќе природно да имам деца, каналот ми бил скроз уништен. Веќе незнаев кај сум, излегов од клиника и гргнав да липам, веќе неможев, мм ме гушка ме тешит. Сонував сон, маж од моја десна страна и жена од моја лева. Жената ми ја наполни маицата со чистени костени. Костени се даваат нели на Бадник. Тестот ми покажа бременост на 2 јануари. Овој пат беше се поинаку, бев скроз опуштена, знаев дека е се во ред, не се брзав ни за преглед ни за ништо, знаев дека ми е дар од Бога и дека е се во ред. Бременоста ми помина како песна, активна максимално, на работа турбо до 7 месец. Фала му на Бога, жапчево ми се роди здраво и живо. Пресреќни сме, не радува со секое движење, секој звук, секоја насмевка. Само верба и молба до Бога.
Оххх @pandelka многу си се намачила Мило ми е што конечно имаш едно жапче и браво за упорноста и храброста Ова ти е природно добиено или ин витро? Извини ако сум прељубопитна
Природно мила, дар од Бога. Дури мислам дека небевме ни активни на тема бебе, се чистев од метотраксат уште..
Читајќи те панделче одново ја проживеав мојата приказна. Тажно,тешко,болно,но крајот е преубав. Ми даде уште поголема надеж и јас да ја допишам мојата приказна со ваков крај. @pandelka