Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

99 приказни за борбата за бебе

Дискусија во 'Бременост' започната од Dear_Thing, 15 јануари 2017.

  1. Tukituki

    Tukituki Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2017
    Пораки:
    744
    Допаѓања:
    2.427
    Пол:
    Женски
    Исто и ја,ама среќниот крај ми даде огромна надеж дека и јас ќе го допишам мојот среќен крај... :inlove:
     
    На cresa-jagoda, lalapo, mac82 и 6 други им се допаѓа ова.
  2. pandelka

    pandelka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.556
    Допаѓања:
    7.363
    Пол:
    Женски
    Се ќе бидит, Господ е голем. Јас секогаш викав дека природно ќе си имам детенце, ете и така бидна.
    Ќе имате среќен крај како мојот, знам и верувам во ова, само верба и молба до Бога.
    :hug:
    @podravka ,подравче мое мило, ми те гушкам силно и јас:hug:
     
    На cresa-jagoda, Melinda85, @Verba и 14 други им се допаѓа ова.
  3. fina erika

    fina erika Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2017
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    11.520
    Пол:
    Женски
    @pandelka Си се изнамачила напатена душа ама ете господ е голем ти дарувал дете:hug::hug::hug:се сеќавам во темата поддршка дека ја сподели радоста со нас коха беше во поодмината бременост.
     
    На cresa-jagoda, Melinda85, lalapo и 6 други им се допаѓа ова.
  4. lalapo

    lalapo Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2016
    Пораки:
    549
    Допаѓања:
    1.911
    Пол:
    Женски
    Како и секое девојче,така и јас си добив,на 13 год. менструација. Уште ги паметам зборовите на мајка ми "сега и ти како мене ќе станеш мајка".Ама не одело се така лесно....
    Со мојот маж сме 17 год заедно(од мои 15 год).Сега на 19 ноември си славевме 12год. од брак.
    Кога се омажив имав скоро 21год.Нормално како и сите,така и ние сакавме бебче.Како што поминуваше времето,ден,месец,година,две,јас не останував бремена.Почнав да одам пи доктори.Каде појди се е во ред ама нејќе.По совет на тетка ми,отидовме Битола кај др.Таше.Прво и основно што ни рече да направиме беше спермограм.Го направивме и ги чекавме резултатите..... После 2часа др не викна во ординацијата и ни ги соопшти најлошите вести што некогаш сме ги чуле,а никогаш не сме се надевале дека така ќе биде.
    " Кај си го нашла овој ќор фишек"-беа одвратните зборови на др.Ни кажа дека маж ми има многу слабо семе и дека само со ивф можеме да имаме деца!!!
    Шок и за двајцата,плачење,викање,неверување во зборовите на др.Ама како е можно дете на 25 год да неможе да има плод?Зошто,кога никаква болест нема прележано,никакво апче се нема напиено......
    Се помиривме со судбината и под хитно ја започнавме постапката.Ги собрав документите за во фонд,ни одобрија и започнавме.Додека траеше постапката,др ни го наплати и тоа што не следуваше преку фонд,ама си викавме,само да успееме.Млади сме ќе спечалиме.Само да има кој да ни плаче по дома,старост со него да дочекаме.Не успеавме,тоа не дотолчи.Плачење,викање,нервози....
    После 6месеци пак пробавме,пак неуспех.Толку многу сакав да ги видам тие II црти.Се гушнавме со сопругот, си поплакавме и си рековме,што е наше ќе си дојде,ако е забаено да не биде заборавено.
    Одма после добивање на циклус,закажав кај др.Михајло Попович, во Систина.Решив менувам др. Преку разговор,дојдовме до заклучок дека треба поголема пауза од целата терапија.А во меѓу време,сопругот да направи хормонски испитувања и ехо.Се откри дека хормоните му се пореметени и започна со пиење на терапија а и смрзнавме материјал,во случај да нема во свежиот материјал,сперматозоиди,на ден на пункција,да работаат со смрзнатиот.Ми го одобрија и последниот трет ваучер.Овој пат,нов др,поинаква шема,појаки стимулации.Помина трансверот.Поучена од претходните негативни тестови,си реков овој пат не правам домашен тест, бета директно.Се погоди државен празник и никаде ништо не работеше.Си зедов домашен тест и го направив.Симптомите секогаш исти.И така го оставив со неверување дека нешто ќе биде.Кога гледам две цртиии(И ден денес си го чувам тестот).Со солзи ама овој пат радосници им ја соопштив веста на најблиските.Радост,среќа,измешани чувства....
    БетатА ја потврди бременоста.Се јавив во Систина и ми закажаа ехо.На ехото се виде едно бебче.Бременоста ја износив со леснотија и конечно после 6 годишна борба на 14.08.2011г.со царски рез се роди ТЕОДОР.(Името Теодор значело, дар од бога.Дури одпосле разбрав што значело)
    Среќата неизмерна,конечно господ ни го подари најубавиот подарок.Првата средба меѓу мене и син ми,никогаш нема да ја заборавам.Моите солзи радосници и зборовите"КОЛКУ Е УБАВ" уште ми одекнуваат во ушиве и секогаш кога ќе се присетам на тој миг,срцево ми игра и плачам од среќа.Годините поминати во исчекување,стресот,нервозата,болката....се се заборава во мигот кога ќе си го земеш бебето во прегратки.
    После 5год решивме да му подариме на Тео уште едно братче или сестриче.Ги потрошив сите три ваучери што ме следуваат за второ дете ама не успеавме.Мојата борба завршува тука.Иако имам 32 год.,некој ќе рече млада си,ќе успееш,ама и кај двајцата сега има проблеми и се исцрпивме и физички и материјално ама најмногу психички.Најтешко ми беше,сега пред 3-4 дена кога ги собирав алиштата од Тео и ги дадов во црвен крст.Ги чував за бебчето ама кога јас не можам повторно да останам бремена, барем нека ги носат дечињата на кои им се потребни.
    Нека ми е жив и здрав син ми.Сто пати реков фала ти боже за оваа радост што ми ја даде.Така ми било пишано.Едно е и сонцево па сите силно не грее.
    Дај боже да има што повеќе приказни со среќен крај.
     
    На Mihaela123456, bubemconia, Momina solza и 62 други им се допаѓа ова.
  5. bela.m

    bela.m Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2015
    Пораки:
    1.554
    Допаѓања:
    7.125
    Пол:
    Женски
    Ме расплака! Жив и здрав да ви биде Теодор. Има на што да се редувате!
     
    На lalapo му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Milobebence

    Milobebence Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јули 2016
    Пораки:
    5.216
    Допаѓања:
    102.862
    Пол:
    Женски
    Жив и здрав да е Тео, како што и сама кажа, Бог сепак ве благословил макар со едно чедо гушкај си го Тео и сите тројца уживајте во животот.Ме трогна со алиштата и тука и јас се расплакав ама си направила добро дело.Ве :hug:
     
    На cresa-jagoda, stevemila, joy1 и 5 други им се допаѓа ова.
  7. lalapo

    lalapo Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2016
    Пораки:
    549
    Допаѓања:
    1.911
    Пол:
    Женски
    Фала ти мила,господ секаде да дава само убавини:hug:
    И ние те гушкаме тетка милобебенце.И пак ќе речам сите да пишуваме вакви приказни со среќен крај:hug:
     
    На Milobebence му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Milobebence

    Milobebence Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јули 2016
    Пораки:
    5.216
    Допаѓања:
    102.862
    Пол:
    Женски
    Со сопругот се запознавме кон крајот на ноември 2002.Јас бев од Тетово мм од друг град.Поради военот конфликт кој официјално не беше завршен уствари многу се киднапираше по автопатите а мм тогаш мој дечко многу често патуваше да ме види.Но беше доста ризично и решивме да се земеме по два ипол месеци врска.
    Кога се веривме и отидов да живеам кај мм сите велеа си останала трудна затоа волку сте брзале.Камо среќа да беше така ама не беше.Двајцата многу сакавме деца и решивме да не се вардиме туку веднаш да почнеме со правење бебе.
    Поминаа 8 месеци а јас не забременив и решив да одам на др.Др ми велеше млада си чекај,тогаш имав 21год ама мене не ми се чекаше.Одев од еден др кај др но никој ништо не превземаше,поминаа години.
    Еден ден решивме со мм да одиме во плодност.Направивме анализи и следуваше шок моите јајници од мене биле постари 10год и дека полека влегувам во менопауза.
    Мм направи спермограм и спермограмот излезе лош.
    Под итно почнавме ивф процедура добивме 5јк, тие јк јас ги гледав како веќе да се бебиња.Дојде 31 декемвти дочек на нг требаше да се прави трансфер уште еден шок не се оплодиле јк.
    Излегов надвор и почнав да плачам седнав на една клупа на снег и плачев и леликав во очај.
    Собрав нови сили за сл ивф ова го правевме преку фондот собравме док и добивме ваучер ,го сменивме др отидовме во систина кај Попович но иста приказна 4јк ниедна не се оплоди.Кога ми ѕвонеше тел ладна пот ме облеа знаев дека нешто нема да биде во ред така и беше повторно ги слушнав оние зборово жал ми е но вашите јк не беа квалитетни и не се оплодија.
    Очајот стануваше се поголем изгубив надеж дека јас некогаш ќе станам мајка.
    Аплицираме за втор ваучер добивам известување дека одобрен ни е но со донирани јк.
    Паднав во депресија плачев и ден и ноќ,до таа мера што мм мораше да ме носи во 2-3 часот по полноќ брза помош да ми ставаат инекции ме носеше и враќаше како да бев мртовец.
    Јас и тоа бев,"мртовец"изгубив воља за живот одев во црква и го молев Господ да ме земе му велев "Господи барем смилувај ми се и земиме не можам да живеам без дете.
    Се осеќав лошо си велев мојата лоза исчезна,јас на моите родители не можам да им дадам вистинско внуче но,ако не одам на ова оплодување мм ќе го осудам на живот без дете.
    Му реков да ме остави да си најде сопруга која ќе биде способна да му роди дете.Мм се насмеа ме гушна почна да ме бакнува и ми рече:Јас тебе не те давам ,тебе те сакам и со дете и без дете ќе живееме додека срта не не раздели и веќе вакви глупости не сакам да слушам од тебе.
    Ајде ми рече ќе пробаме уште еднаш.
    Овој пат отидовме во моја болница да правиме ни реќе др на природен циклус.
    Почнавме со подготовка и се беше во ред се додека не дојде денот на пункција.Се симнуваме долу во сала и прво што ми падна во очи е дека нема ехо .Го прашав др како ќе ми вади јк кога нема ехо налутено ми рече не е тоа твоја работа легни и чути,така и направив.Дојде во соба и ми рече имаше два фолекула но имаме една јк.После еден ден ми се јави јк се оплоди,не можам да ви ја опишам среќата за прв пат имав оолодена јк си реков има надеж за мене да имам мое дете.Доаѓа денот на трансфер поново нема ехо на сестрата и вели дај ми го шприцон,имаше голем шприц и ми вели тоа е тоа заврши ет.Се појави сомнеж но од др стрна до тогаш немав ет па не знаев како изгледа.
    Ме оставија 2часа сама во сала се замрзнав.Дојде сестрата ме однесе во соба.На изл прашав за ивештај сест ми рече:не се замарај со извештај во тебе има ембрион оди дома и одморај.Така направивме лежев му пеев песнички му читав приказни мислејќи дека во мене има навистина ембрион но,сето тоа било лага измама.Тоа го дознав покасно а сомнежот се јави кога одејќи во ск видов дека моја болница веќе не постои.Бев гневна бесна повредена многу болеше фактот дека некој ја злоупотреби мојата состојба за да профитира.Се чуствував како најбедна особа на светот.На живите рани ми ставија сол,болеше многу болеше!
    Не знам како смогнав нови сили за уште едно ивф.
    Овој пат бевме во њуборн и разг со Бирол Ајдин кој ми даде надеж.
    Др Татјана ме подготвуваше 9месеци со терапија таман почнав со стимулација кога добив вест дека мм имал несреќа на работа но за среќа се помина во ред.Му реков да прекинеме но мм беше упорен да одиме до крај.
    Добивме две јк и два ембриона и овој пат вистински трансфер но за жал неуспешно.
    Мојата борба продолжува се надевам дека ќе напишам и втор дел со среќен крај.
     
    На bubemconia, H.VAGA, 1209 и 35 други им се допаѓа ова.
  9. lalapo

    lalapo Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2016
    Пораки:
    549
    Допаѓања:
    1.911
    Пол:
    Женски
    Ќе
    Ќе има среќен крај, ќе видиш.Само трпение,спасение.Господ за сите ни има спремено среќни денови:hug:
     
    На H.VAGA, cresa-jagoda, @Verba и 2 други им се допаѓа ова.
  10. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.782
    Допаѓања:
    325.049
    Пол:
    Женски
    @lalapo како не му било срам на докторот така да каже за маж ти?Глупак невиден.А работи демек у приватна клиника,лапа пари на големо,безобразник.

    мило ми е што сте се оствариле како родители.Мене за мм исто ми кажаа дека не ќе може деца да има.Откако родив 2 на лекарот што ми го кажа тоа му ги плеснав сликите од децата у фаца.За да си ја увиди грешката.
     
    На Meckicja, cresa-jagoda, ZAHRA и 13 други им се допаѓа ова.
  11. fina erika

    fina erika Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2017
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    11.520
    Пол:
    Женски
    ;(;(;(Плачам читам и плачам ти си била силна жена се надевам дека ќе ги усреќиш наскоро и сопругот и домашните господ е голем.:hug:
     
    На cresa-jagoda, paleska3, mal.ecka и 6 други им се допаѓа ова.
  12. Milobebence

    Milobebence Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јули 2016
    Пораки:
    5.216
    Допаѓања:
    102.862
    Пол:
    Женски
    И јас искрено се надевам:hug:
     
    На fina erika, mal.ecka, eli25 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. lalapo

    lalapo Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2016
    Пораки:
    549
    Допаѓања:
    1.911
    Пол:
    Женски
    Добро си направила(y)
     
  14. Среќичка

    Среќичка Популарен член

    Се зачлени на:
    16 август 2017
    Пораки:
    1.470
    Допаѓања:
    3.554
    Пол:
    Женски
    Се надевам дека и мојата приказна, со среќен крај ќе биде мотивација за сите. Ќе бидам кратка.Со мажот ми одевме 9 години и решивме да се земеме. После свадбата, направив тест, позитивен. На среќата и немаше крај. За жал кратко траеше, во 8 недела плодот се исушил. Се помирив. Ок, се случува.По 6 месеци повторно обид, повторно позитивен тест. За жал биохемиска бременост. Ок сите др викаа нема потреба од испитувања. После 5 месеци, повторно две цртки. Среќа имаше срцева акција. Го поминавме и првиот скрининг. Песреќни, се опуштивме. За на вториот да се открие дека бебе има аномалија. Зошто баш ние, зошто пак но сега многу поболно, веќе ги чѕвствував и движењата ба бебуш. Повторно излегов од болница со празни раце. Но не се предавав, ниту се затворив во себе. Напротив... Помина една година, јас секој ден, секој празник, родендени мислев на моето бебе. Колку многу ми фалеше...По две години позитивен тест, во 7ма недела имаше срцева акција.. Супер. Во 12та недела шок, плодот престанал да се развива во 8ма недела. Овојпат знаевме смо јас и мажот ми. После киретажара,одма на работа отидов. Не ми се веруваше дека мене ми се случува ова. За се друго сум имала к'смет и среќа. Ок си реков и покрај се, млада сум 29години. По 7 месеци, кога најмалку очекував повторно позитивен тест. Повторно триста прашалници во глава и со страв одење на контрола. Но среќа овој пат со среќен крај. Сега до мене си го гушкам моето синче, и на сите ви посакувам оваква среќа. Не губете надеж, и не се откажувајте. А во меѓувреме уживајте во животот. Кај мене проблем била тромбофилијата.
     
    На bubemconia, Meckicja, 1209 и 37 други им се допаѓа ова.
  15. Milobebence

    Milobebence Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јули 2016
    Пораки:
    5.216
    Допаѓања:
    102.862
    Пол:
    Женски
    Да ти е живо и здраво синчето,како што велат по дождот доаѓа сонце.Се радувам на твојот исход со среќен крај.
     
    На Среќичка, eli25 и stevemila им се допаѓа ова.
  16. Bebulleee

    Bebulleee Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 март 2014
    Пораки:
    4.857
    Допаѓања:
    22.258
    Пол:
    Женски
    Читајќи ве добив инспирација да ја напишам и мојата приказна.

    • Се имавме видено со маж ми неколку пати пред да бидиме во врска. Денот кога требаше да ја официјализираме или така да речам да почниме сериозна врска идејќи да се видиме имаше сообраќајка. Страшна сообраќајка која се случи пред мои очи, цел во крв. Среќа бев таму и за веднаш да повикам брза помош која 45мин доаѓаа и не знаеа каде се наоѓа местото.
    • Се се случи набрзина, се обвинував поради тоа, беше во кома 8 дена. Беше во рацете на Господ
    • Откако се опорави малце почнавме повторно да се гледаме, и се така траеше неколку месеци кога за Нова Година ми предложи брак. Секако прифатив... Бидејќи и двајцата сакаме дечина веднаш се фативме за работа не чекавме до свадба... Помина еден месец, два три... Така поминаа 5години
    • Отидовме прв пат на гениколог, ''Се е во ред'' кај мене, а неговиот спермограм само 3ипол милиони.
    • Продолживме со обиди, секој месец ново разочарување паѓав во депресија, се додека после 2ипол години не останав бремена. Имав нередовна менструација па мислејќи дека ми касни 20 дена тоа ми каснело 60 дена.. Прва дозна сестрами, бев пресреќна му зборував на бебенцето секој ден, кога во 10 недела ми кажа докторот дека има даунов синдром :( Мислам дека некој ме прободе длабоко во душата. Сепак како мајка се надевав дека е некоја грешка. Во 12 недела отидов плодност бидејќи имав кафено докторот ми констатираше дека бебето е починато... Јас во шок, една солза не пуштив. Иако срцето ми беше на милион парчина. Го абортирав, анестезијата ми делуваше лошо неможеа да ме освестат па шамари и така 1 недела ме болеше вилицата. Но тоа не е ништо покрај другото што ми се случи.. Ме надвлада депресија, ни јадев ни пиев. Почнавме со испитувања (Кариотип,Имунологија) Се беше во ред, едноставно така требало да биди.
    • Една цела година се лечев од бактерии, секакви примени лекарства едноставно несакаше и несакше
    • После една година останав повторно бремена, но овој пат заврши со спонтан абортус и повторно киретажа :( По три месеци повторно бремена, се радувавме ама со резерва. Како да знаевме дека повторно ќе биди така.. Повторно спонтан. Бевме уништени, каде е проблемот и зошто ни се дешава ова. Докторката од државната Битола ме нарече фабрика за тули. Ја натерав само да го реши проблемот и што побрзо да си одам дома, немав сила немав трпение веќе за ништо. Само и реков ''Следен пат кога ќе ме видиш тоа ќе биди кога ќе дојдам на пораѓај''
    • После тој спонтан имав и една биохемиска која и не ја кладов така на срце..
    • Видовме дека од државното нема веќе добро, туку секој пат паѓаме се надолу, решивме да одиме Плодност.. Прв преглед поминавме супер за 20 дена ми ги излечи бактериите докторот. Почнавме со терапија првин за средување на циклусот, покрај тоа пиев и контрацепција ради цисти. Откако го исчистивме теренот почнавме со стимулација на јк.. Пробавме со апчина еден месец, два, три. Не бидува јајниците не реагираат почнав да паѓам повторно во депресија, но маж ми ми беше најголема поддршка. Го проверивме спермограмот и ДНА фрагментација беше и повеќе од супер се зачудивме.. Станав на нозе и реков НИЕ ЌЕ УСПЕЕМЕ, ќе се бориме и ќе успееме. Во оваа борба ќе излезиме само како победници. И така и е, следен месец почнавме со инексии + апчина за стимулација на јк. Секако повторно имаше проблем со ендометриумот но го решивме и него.
    • Поминаа боцките, останува да се фатиме за работа и да се молиме на Господ, тој период ми беше многу опуштен, смеа и воопшто не се секирав. Помина овулацијата почнав да имам болки во јајници, мислејќи дека сето тоа е нормално но секој ден болките се зголемуваа. Отидовме на контрола докторот рече хиперстимулација 7цм јајник.. Не е страшно, повеќе течности и да мирувам. Така и беше но залудно, ситуацијата се влоши, болките се појаки почнав да имам вртоглавици, поврќање и знаев дека нешто не е во ред. Кога отидов повторно да ме види јајниците уште поголеми 12см. скоро и не се излеало течност.. Докторот рече се спаси за влакно, веднаш примав дупла доза на некој апчина и полека болката се намалуваше а така и јајници.... После терапијата за циклусот мене ми беше редовна, ми каснеше 2 дена имав чувсто дека сум бремена. Направив тест и видов две линии.. Бевме пресреќни со маж ми, јас си плачев а тој во неверување и со страв да не се повтори истото. Само му реков ''Овој пат ќе успееме, овој пат среќата е на наша страна'' .
    • Во 6 недела прокрварив обилно, мислев тоа е тоа ноооо небило така.. Имаше дури и срценце кое чукаше мн силно и брзо а причината за крваењето беше хематом од 5см. веднаш направивме испитувања и се констатираше тромбофилија, високи димери и нешто со времињата . Веднаш преминав со инексии и потребна терапија...
    • Покрај нередовна менструација, овулација скоро и ја немав, слаб ендометриум, цисти, пцос, високи димери, тромбофилија. Ние успеавме. Фала му на бога јуначето се избори и еве сме на прагот на деветти месец..
     
    На bubemconia, Meckicja, Mari* и 54 други им се допаѓа ова.
  17. fina erika

    fina erika Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2017
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    11.520
    Пол:
    Женски
    @Bebulleee Даунов синдром ;(како го открил докторот толку мало во 10 недела.
    Приказнава сепак ќе заврши со среќен крај после сите падови што сте ги имале.
    Ќе те чекам да закачиш и слика од бебулето.
     
    На cresa-jagoda, Bebulleee и eli25 им се допаѓа ова.
  18. Bebulleee

    Bebulleee Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 март 2014
    Пораки:
    4.857
    Допаѓања:
    22.258
    Пол:
    Женски
    Нухалниот набор беше мн голем :( вероватно по тоа.
     
    На fina erika му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Marlana

    Marlana Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јули 2017
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    418
    Пол:
    Женски
    Doktor Tase duri rabotese vo drzavnata bolnica vo bitola bese najnevospitaniot i najvoobrazeniot ginekolog ima anegdota za nego nie bitolcani ja zname odi romka na pregled kaj tase i toj naprcen celiot mu vika aman zeno smrdis kornis oti ne se mies i ovaa mu vraka eeee doktore od nea leb jadis. Si go dobi Tase ubavo .
     
    На bubemconia, Meckicja, cresa-jagoda и 6 други им се допаѓа ова.
  20. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.782
    Допаѓања:
    325.049
    Пол:
    Женски
    општо за него одамна имам слушнато мн грди работи.Едноставно таков е невоспитан и безобразен и треба некој да му одржи лекција
     
    На Meckicja, cresa-jagoda, stevemila и 4 други им се допаѓа ова.