И ние кога бевме кај тој Таше на мм му рече: еееее шо ти текнало сега на 60 г дете да правиш. Ти досега не си направил,сега за малку ли. Касно е- му рече. Ама и мм не му остана должен. Му рече- абе колега јас и внуци имам ама сега си најдов помлада женичка па ми се сака бебе да ми вреска ( инаку нема маж ми деца пред мене , ама се изнервира од овај глупакот). Јас не викам да ме тапша по рамо и да ме теши залудно дека лесно ќе дојдеме до бебе, ама па такво понашање на одличен спермограм ми е малку нечовечки. За малку ли бе Доктор,еј
Премладела сум и јас де. Ама според него испадна дека на маж ми од животот му останало уште малку. Морбиден сељак, сељачиште
Убаво му одговорлил маж ти @Bubce38 секој има право на избор кога ќе си формира семејство.А за коментарот дека му останало уште малку време,немам коментар. Уживајте си со мажето и се ќе си дојде на свое место.
Ги затварам очите да ја видам неа...малечката моја... Толку мала, толку кревка а јас толку немоќна, скршена од болка, болка која никогаш ја немав осетено претходно. Колку само боли да го изгубиш она што си го чекал 9 месеци, се радуваш на секое движење, се радуваш на секое утро бидејки си ден поблиску до средбата, ги прередуваш нејзините малечки алишта а веке во другиот миг ти велат "бебето е мртво". Ти ги рушат сите соништа но повторно се надеваш до последен миг дека лажат,дека пак ке го слушнеш нејзиниот плач. Но, тие беа во право, лошите доктори за кои до тој миг се беше во ред. И ке си поставиш милион прашања, каде погрешив, зошто јас, зошто моето бебе, милион прашања без одговор, прашања за кои цел живот нема да биде доволен за да ги одговорам... И уште боли, и нема да престане.. Па и да не престане јас ке се борам, за мене , за мојата најголема подршка-мојот сопруг, единствениот мој кој беше со мене секогаш. И Вие, немојте да се откажете никогаш. Ке поднесам се, затоа што сега знам што значи љубов на една мајка, мајка на еден ангел на небото.
Ме расплака и јас имам едно на небото го изгубив во 9 месец боли многу боли но мора да се издржи мора да се продолжи со животот
Ве читам и си плачам. И јас се мачев повеќе од пет години, ама ваква болка како вас не осетив. Само негативни тестовиви првиот позитивен еве го лежи до мене. Ви се поклонувам на силата и ви посакувам што побрзо да си гушкате по едно сонце како ова моево.
Веќе подолго ве читам и навистина се прашувам од каде наоѓате сила ... нова сум на форумот и сега собрав сила да напишам но со солзи кои не сопираат. Со сопругот се обидувавме да имаме дете 8 години... пат кој повеќето го знаат ... и сега после толку време сонот за бебе ни се оствари... веќе сум 10 недела но само еден ден по трансферот неочекувано ја изгубив мојата мајка која ми беше најголемата подршка ... нјаголемата желба беше да биде баба а не ни дозна за тоа... болката е неподнослива и само се молам се да биде добро ...
Со лесно мила.. Животот продолжува, еден оди друг иди. Ти го кажувам ова од свое искуство. Бебчето мое е 2 недели. Јас го изгубив таткоми во 38+ недела. Но за тоа мало суштество мора да сме силни и храбри. Биди среќна дека имаме ангел на небото кој не чува и се радуваат на нас те гушкам
Посакувам овој текст никогаш да не го напишам, но животот е полн со изненадувања, некогаш убави некогаш лоши... мојата приказна почнува вака... Забранета љубов... се боревме и мислев дека единствен стрес ми е тој, неможев јавно да бидам со љубовта... две цртички... среќа... страв... испомешани чувства. Неможам да го опишам чувството зошто тогаш беше поизразен стравот од прифаќањето на најблиските. Собрав сила и соопштив, беше стрес и за мене и за моите. Но стресот го поминавме и љубовта помеѓу мене и мојот сакан почна се повише да расте, овој пат цврсто за рака пред целиот свет... близначиња, среќа до небо.... цело време додека ми растеше мешето тато им збореше колку ги сака, а јас се топев додека слушав како тато им збори... почнавме да купуваме минијатурни чорапчиња, алиштенца,гледавме креветчиња, колички... го шиев фустанот за свадба... можете да замислите која среќа собрана на едно место. 17 дена пред свадбата ме фатија страшни болки, хитно отидов во болница, бев спремна се да откажам сите пари да ги дадам и да лежам само да бидат моите ангелчиња добри. Кога ме ставија на стол до ден денес ми одзвонуваат зборовите како докторот и кажува на мајка ми... жал ми е, излегуваат... не бев свесна што ми се случува, молев да ги спасат, молев да е само сон ова... ги изгубив, живи беа ама премногу мали за да може да преживеат на овој свет. Можете ли да замислите каков ми беше светот? Црн... ни се сруши целата среќа, сакав да викам на цел глас... да можев да ги гушнам барем да им се извинам што не издржав да ги исчувам. Сопругот ми ја држеше раката додека ме носеа во соба, ми се насмевна и ми кажа дрка најважно му е дека јас сум жива, а очите му беа црвени и потечени, како да ми кажуваше со нив дека светот и него му се сруши... дојдов дома, никој неможев да погледнам во очи, толку сакаа да дојдат да ме видат но бев очајна и кој и да ме прашаше како сум, неможев да му одговорам, бегав подалеку од сите... знаев дека морам да се дигнам, свадба ме чека за неполни две недели... дојде свадбата, и помина... поминаа и 8 месеци од денот кога мојот свет стана црн, и не посакувам ниедна жена да ја носи таа боја во очите... Сега душата ми плаче и го чекам денот кога во моето црнило ке се појави мала светлина која ке ми го врати животот.... тоа е мојата приказна, а се надевам во брзо време ке напишам дека светнало мало жарче кое ке ми даде сила да бидам јака и ке имам за кого да живеам...
зашто имам чуство дека кад тад ќе пишеш дека случајно си останала бремена !? Може поради марфи ама.. дај боже да сум во право нели
Како што денов мие некако тежок после постов уште потежок. Боли душо ќе боли за навек и кога ќе имаме куп дечиња ама тоа е. Јас пред две ипол години на први октомври ја родив мојата ќеркичка мртва на трети бев невеста како што беше се мие како бунило. После две години останав пак бремена со близначиња и имав ран спонтан. Одиме секако понатака ама боли бе.
Posakuvam nikoj da ne go oseti toa cuvstvo na bolka... glavata gore mila, morame da prodolzime so borba za smisla na zivotot... dusata mi place ama moram gordo da prodolzam, a uteha mi e deka na toj svet me cekaat dve mali angelcinja. Nie zenite sme stvoreni da osekjame bolki povekje od mazite no i izdrzlivi za da mozeme da prodolzime...