AБ Канал

Дискусија во 'Филм и ТВ' започната од manja666, 23 октомври 2011.

  1. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.039
    Допаѓања:
    17.437
    Кое е вашето мислење за оваа телевизија ? Јас искрено најмногу ја гледам од македонскиве. За разлика од останатите не тупат со турски и шпански серии и има разни емисии со интересни содржини. Ми се допаѓа и тоа што понекогаш даваат документарни емисии и исто така пуштаат македонска музика. Вестите мислам дека колку - толку им се реални.Единствено мислам дека им фали малку повеќе филмска програма.
     
    На crazylady и Tajnaotrovna им се допаѓа ова.
  2. RiRii

    RiRii Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2011
    Пораки:
    208
    Допаѓања:
    45
    Пол:
    Женски
    Се согласувам со тебе дека фали повеќе филмска програма :nod: ,инаку е интересен онака има многу емисии поготово наинтересна ми е она со миленичињата(ех ја заборавив како се викаше)...
    Мене секогаш ми беше пуштен тој канал порано но сега незнам сега дали има нешто ново кај него..бидејќи го запоставив |(
     
  3. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    7.693
    Допаѓања:
    103.492
    Ја презирам телевизијава со се нејзиниот газда кој е све! Месар,механичар,економист,воен офицер,сега доктор,има универзитетска стоматолошка ординација која го носи неговото име,па дури и телевизијата ги има неговите иницијали.По ѓаволите секаде е овој самобендисан дебелко!!!
    Само на овој канал една емисија има повеќе водителки отколку гости,истите водителки ги водат сите емисии,а сега Мелита има нова,језива,сјајна,пластично-бела насмевка и нозете кои упорно ги рекламира и тврди дека и се најубав дел од телото...ако тие и се најубав дел,не сакам да и ги видам останатите!
    Абе ќе седнам да гледам телевизија и ко што е ред,вти,вти,вти по каналите од 1 до последниот и увек истите луѓе ги гледам на каналов,втам,втам,втам 10 мин и се откажува.Сепак подобра одлука е воопшто не гледањето телевизија! |(
     
    На Dpokahontas, JuLleE, Trendafilka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.883
    Па имаат да речам забавна програма, во смисла емисии што ги следи актуелностите кај нас, дали на музички, културен план.
    Не ми се допаѓа таа пренападност на Мелита во телевизијата. ЗНАМ, значи ЗНАМ дека е главен и одговорен уредник на таа редакција, но не треба од секоја емисија каде што таа вмешала прсти сите да ја гледаат ко Бог, и иако е најискусна таму, не значи дека сите други треба да и се потчинуваат на нејзе, барем таков впечаток мене ми има оставено. Водителките вака да ги видиш арни фини, скоцкани, стискаш желба на напудрените лица, а кога ќе отворат уста, отвараш и ти со нив у смисла -> :o
    Никаков речник немаат девојките. Веќе се изгуби критериумот за да бидеш водителка, гледам. Треба да и се упикуваш на шефицата, она команда, по некој шаблон сите треба да бидете напувлани, скопски моми, со носот во небо, као која сум јас, нели. Те истиот речник го користат сите, се прашувам да не повтораат по Мелита што треба да кажат, можда ? :^) Па и она, почнува емисијата еве сега Клуб Ин, на најавата слика од нејзиното височество, де бре жено да не претера си мислам?


    Поради овие работи, веќе одбегнувам да останам на овој канал повеќе од 5 минути. А и освен вакви емисии ништо друго немаат да понудат. Филм не сум видела кај нив на програма. Значи имаш програма:

    09:00 Утринска програма, unknown водителка
    11:00 Музички блок
    12:00 Клуб ин(Мелита) реприза
    14:15 Вести
    15:00 Пет Шоу(Мелита)
    16:30 Клуб ин(Мелита) ново издание

    итн. репризите од госпожава се вртат во текот на цела програма.
     
    На Dpokahontas му/ѝ се допаѓа ова.
  5. mops

    mops Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    150
    Допаѓања:
    118
    потполно се согласувам со lilit водителкиве се :x поготово онаа мелита и онаа другана плавуша елена се крај а мелита не пропушта се се испофали со тоа што го носи дека гардеробата и била од грција, саатот од сваровски ...препотентно суштество до немај каде
     
  6. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.039
    Допаѓања:
    17.437
    Девојки потполно се согласувам со вас за Мелита и за нејзината најнова купена насмевка, btw ужасно и стои . Но за разлика од другиве телевизии сепак има нешто повеќе да понудат..На другиве телевизии неможеш да најдеш ништо освен шпанско - индиско - турски серии , вести и филмови кои ги репризираат неколку пати дневно . Водителките се за никаде ама понекогаш имаат интересни гости во емисиите , и мене ми се допаѓа емисијата за домашни миленичиња со дотичната госпожа. Исто така ми се допаѓа емисијата каде што има вести од светската сцена..онаа емисија Статус понекогаш ја гледам..не е ништо посебно но е нешто ново на нашиве простори .И алелуја му текна на некого да направи летна програма. Според мене за разлика од останатите македонски телевизии колку - толку понудија нешто ново .
     
  7. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.159
    Допаѓања:
    15.272
    Дал знаеш дека кога му се обраќаш сака и потенцира да го викаш Доктор?
    А ќерките му се обраќаат со Генерале?
    Побогу искомплексирано човечиште.

    Фала му на Бум што не ја има АБ во својата програма, а и Мелита ми е така антипатично човечиште поантипатично и од Бојо, така да среќна сум што ни на 1 секунда не ја гледам дома додека ги вртам каналите. Многу е лицемерно суштество, се смешка и ти се топи, а под неа се крие злоба.
    Како да сакам човечиште што ја гледам на свадба и соблекува огромно бундиште? Не ме интересураше етикетата дал е природно и вештачко и вака и така грдо и изгледа а труби на емисии против крзното.И продава кучиња од селски српски фарми, фалсификува педигре и продава за 700 евра кучиња.
    Мрш мори глупачо!
    Не ја сакам ни неа, ни Бојо, ни сакам да им го гледам каналот.
    Чекам само некој ден трач во весник како се спукале и двајцата, тоа сакам.
    Фала ви на вниманието иако во постов 1 % се збори за каналот АБ :D
     
    На Johny и JuLleE им се допаѓа ова.
  8. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.747
    Допаѓања:
    22.389
    Пол:
    Женски
    Поубаво неможеше да се каже! :bow:
    Како вика владата, знаењето е моќ, знаењето е сила,ама во овој случај парите мои се моќ, парите мои се сила, ќе си праам што саакам, и ќе го имам пола Скопје, никој ништо не ми може! |(
    П.с заборави дека имал и печатница господинот, ма ни тоа не заслужува да се нарече!
    П.П.С зарем имаат нешто друго на програма освен онаа лигавана мелита! И која програма боже мили, вести, емисија ин, нешто фејсбук имаа едно време, сеа нема и тоа, многу им беше изгледа :^)
     
  9. la.diva

    la.diva Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2011
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    15
    Едно време ми беше многу интересна програмата, посебно она што беше Самр клаб, но сега веќе ми станаа досадни. И да, се сложувам дека Мелита треба малце да стивне а не само неа да ја има на сите емисии :)
     
  10. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.030
    Допаѓања:
    4.074
    Пол:
    Женски
    Мене многу ме интересира новинарската улога, и често ги пратам сите емисии на тв, барем оние што се во моментот додека гледам тв. Ќе ги погледам сите по некоја минута, значи паралелно гледам неколку канали и емисии, а АБ често ми е на репертоарот и ги фаќам емисиичките како Клуб ин, Сцена, Музичка кутија, Свадбата, Здравје и убавина.
    Сметам дека добар концепт имаа како тазе телевизија, но сега ооткако Мелитка си отиде ми се изгубија во свемир и простор.
    Пример, во Клуб ин, 2 новинарки ем ги спремаат сите прилози, ем ја водат емисијата, односно вкупно се сега 4 водителки се на се (Јасмина, Соња, Биљана и Елена) и истите сами си ги прават и прилозите и ја водат емисијата, што е крајно напорно, и затоа си постојат едни новинари задолжени за позади камери, други за пред камери, а за тоа збори и ситуацијата на редовен термин за емисија да оди постара емисија, наместо нова ( повеќе пати сум фатила во ударниот термин на Клуб ин оди некоја застарена, исто и за емисијата Статус важи, давале стари емисии во терминот во вторник за нова што е).

    Ако не превземат нешто од раководството и не направат некои редуцирања, незнам како ќе тера телевизијава.