Дали свирите акустична гитара? На оваа тема сакав да споделиме туторијали и песни кој може да се свират на акустична гитара... http://www.youtube.com/watch?v=X5Nb6i6J4c0 http://www.youtube.com/watch?v=TGmAzYW6-Yk http://www.youtube.com/watch?v=aew5BntIFi0
Aгустична Гитара Акустична, не агустична, oд acoustic guitar. И да не бидам само оф, имам желба од како знам за себе да научам, и верувам дека еден ден и ќе научам барем неколку акорди.
Почни веднаш,не чекај ни момент..јас си научив сам иако последиве години таа повеќе фаќа ,,прашина,,...никогаш не сум свирел за никого освен за себе и подоцна за мојата фамилија.. во еден таа беше мојот единствен пријател и сопатник...
Гитара - единствената љубов која никогаш нема да те напушти. Најубавото нешто во животот е тоа п.с кој има желба веднаш нека почнува јас на 15 години почнав да учам ... иначе не е многу тешко .. сепак секој почеток е тежок но со тек на време се навикнуваш ... акордите се учат за 2-3 часа значи 1 цас неделно за полеток е доволно после тоа Finger style се учи тоа е потешко ... иначе се совладува се <3 само желба да имаш и бар малце да знаеш да пееш .. другото ќе си дојде само со тек на време ...
И јас имам акустична,умрев додека ја купив . Ама...малер сум ,после месец дена ми се скина 5тата жица ,а таман наоѓав слободно време за да ги учам акордите и ете,бидна што бидна...Се надевам дека за брзо време ќе купам жица,долго време чекав да ја купам гитарата,повеќе не сакам да чекам.
Ќе купиш жица ... и ќе ги науќиш акордите и ќе си свириш се има и на интернет и брзо се учи и не чекај многу убаво е додека желбата ти е пресна .. so srekja
Ме интересира дали остана некој што свири ? или не знаел а научил ? Јас свирам скоро 6-7 години. Би било кул ако има со некој со кој може да се разменат мисли и искуства
Зависи што учите да свирите.. имам пар страни кои сакам да ви ги препорачам за учење гитара. 1. www.Justinguitar.com 2. www.guitarlessons365.com 3. www.guitarjamz.com Исто така имате и ЈуТуб канали од истиве
ми треба гооолема помош, планирам да земам акустична гитара онака фор фун за рок музика, нирвана, риблља чорба случно такво нешто, е сега некој да ми каже каква вака како за полетник? не се разбирам ни во жици ни во врат на гитарата ништо, ајде некој да ми пообјасни. + може малку несмислено прашање, сите акустични гитари може да се поврзуваат со кабел или како се вика тоа?
Мене ми имаат кажано дека класичната гитара како за почетник била подобра, помеки се и полесно можело да се научи да се свири,јас на мојава живци кинам бидејќи треба многу стегање,а гитарата од другарка ми(класична) е многу полесна. За второто прашање,сите гитари мислам дека не можат да се поврзат со кабел,мојава еве нема. За се' што те интересира детално најубаво би било да си прашаш во музичка продавница од каде што ќе купуваш гитара или па ако имаш некој близок што има искуство со свирење.
Ај, да живне темава малце - еве една корисна алатка апликација за лесно штимање на акустични гитари - Free Guitar Tuner: https://play.google.com/store/apps/details?id=tutorial.DrawSample&hl=en А иначе: Као за проба, ти предлагам да земеш некоја поефтина гитара, за да ако не те бендиса свирењето (ии учењето), не бидеш у голем зијан. На плоштад, до Лондон паб, има една продавница - Интергрос, имаат доста ефтина музичка опрема - мислам дека гледав акустични за околу 3000. Е сеа, кинески се (нормално), али као за „фор фан“, мислам дека ќе ти сврши работа. А ако решиш да пуштиш срце, ОК варијанта е Squier, ги има за 5000-6000 во Мими, у Беверли. Исто така, можеш и по огласи да побараш некоја половњача - се наоѓаат убави, а ефтини гитари. Не, тие гитари се викаат акустични-електрични или озвучени. Ако ти се многу „тврди“ жиците за акустична, можеш на акустичната да ставиш жици од електрична - помеки се и полесни за свирење, а квалитетот на звукот не трпи. Проверена варијанта.
^Благодарам за советот. Инаку,се сложувам во врска со апликациите за штимање,јас ја имам ProGuitar Tuner,апликацијата е супер,а читав некаде по интернетов дека имало некоја друга апликација,се вика Yousician,имаше позитивни коментари,наводно била корисна,па би препорачала оние кои се почетници да разгледаат нешто повеќе на интернет ако се заинтересирани. http://play.google.com/store/apps/details?id=com.yousician.yousician&hl=en Исто така,еве линк од една друга корисна страна: www.guitarworld.com
https://www.facebook.com/1534609081...3460908172849/336230423229229/?type=3&theater јас сеа се кандисав да си купам една ваква. од малечка си имам желба да научам да свирам гитара и сега стварно ке се кандисам да отидам и да си купам една ваква гитара.
Имам едно прашање. Моментално имам класична гитара и знам да свирам неколку кордови, но повеќе Fingerstyle и табови. Сега сакам да си купам нова гитара, ама акустична. Дали е потешко да се свират на неа табови? Знам дека имаат потенок врат и полесно се свират "bare chords" што е плус затоа што не можам никако да ги погодам на класичнава, но не знам какво е чувството на жиците.