Ајде и јас да се вклучам Свирам над 30 год гитара,имам пробано акустични од Мелодија,Такамине, Јамаха, Фендер сквајер и тн.Од електрични имав Гибсон Мексико и телекастер.Сега немам електрична гитара, имам pickup на акустична.и вклучувам на појачало или систем или лаптоп.Се зависи што сакаш да правиш.Дали сакаш само да "дрнкаш" 3,4,5 акорди, друштво итн или сериозно да "влезеш" во штосот,што подразбира вежбање на разноразни хармонии,вежбање на прстите, ритам, начини на штимање, "лик" или"кикери" за блуз или украсување на мелодијата,значи има поприлично.Акустучната гитара е "море на неоткриени убавини".Само да е убав звук и да "лежи". Денес има доста "дрнкачи"кои мислат дека знаат да свират, научиле 5 песни или сола.Јас се утепав од барање со некого да седнам,еден спроти друг и да се изнасвириме онака ,без обврска, од кејф ама ........се уште барам