Сум користела најразлични ама откако пред една година го пробав овој на Рексона повеќе не го мењам. Убаво мириса и најважно не остава траги на алиштата и за секунда се суши.
Моментално користам ваков, убаво мириса Сепак пак ќе си кажам, рексона си се рексона не се заменливи, ни Нивеа ни Лејди спид стик не може да ги заменат.
Nivea - double effect (white senses) дезодоранс. Порано користев Lady Speed Stick ама еднаш ја видов Nivea-та кај една другарка, многу убаво ми мирисаше и решив да си го купам. Дефинитивно не згрешив. Не остава никакви траги, потењето не е толку силно и има преубав мирис.
Имам испробано секакви, ама највеќе сум задоволна од рексона и моментално во последниве 3-4 месеци користам рексона алое најубава ми е
Си имам од Орифлејм и си го сакам, стварно ми помага особено кога сум надвор на пеколов во ташна во мене секогаш и раат сум си
незнам дали се сложувате со мене но овој на мене воопшто не дејствува - па и има обратно дејство кога го ставам се потам уште повеќе за разлика од овој кој ми супер
Има два од кои што сум задоволна Лејди спид стик и Нивеа Драј комфорт. Моментално го користам Нивеа, блек енд вајт.....навистина не остава траги по облеката, но сепак драј комфорт има поголема ефикасност.
Од одамна ги користам од како го пробав новиот на нивеа black and white презадоволна сум не остава никакви траги за разлика од други,а и доста добро делува.
Моментално ги користам овие два, си се прскам зависно од расположение и прекрасно ми мирисаат и двата па затоа неможам да се одлучам за еден.
Моментално користам Рексона спреј и задоволна сум, убаво мириса и штити. Сакам да ве прашам што користите користите пред плажа? Мислам спреј, рол он или пак стик? Што мислите дека е најдобро за таа примена? Не можам да не ставам ништо ич затоа што сепак е сонце, топло. Одма ќе се измие да, ама барем малку од малку.
Имам сменето повеќе антиперспиранти, но никој посебно не ми помогнал бидејќи премногу се потам Сега користам Рексона и да речеме задоволна сум, подобра ми е од другите кои сум ги користела
Бидејќи антиперспирантите се штетни (поради алуминиумот), се одлучив од од ова лето натаму да не ги користам повеќе. сега користам камен од ројал, не знам дали сте чуле. чини 600ден., а трае околу 2 год., сосема е природен, лесен за употреба, се потиш нормално, а нема никаков мирис, кожата нормално си дише, а и не остава траги на облеката. иначе претходен користев само од Dove, тие ми беа најнежни и во мирис и на самата кожа