Јас досега користам цело време некои ролони од Авон и пријатно мирисаат, но сакам сега да го пробам новиот стик од Нивеа invisible for black and white. Се надевам ќе бидам задоволна од тој. Инаку секако знаете сите дека се штетни повеќе антиперспиранти, но ми имаат кажано дека Rexona е многу штетна, бидејќи во својот состав содржи алуминиум кој може да предизвика дури и рак на кожата. Откако го дознав тоа, не користам Rexona повеќе.
Користев до пред некое време Garnier mineral но го сменив са Nivea invisible for black and white и двата се добри
Стикови и ролони не користам, стиковите ме нервираат кога ќе ставиш како да се ронат, а ролониве мрсни ми се некако, + и стиковите не се добри за кожата. Затоа златен дезодоранс си користам, таман.Најчесто ги користам Нивеа и Фа, ефикасни се и поефтини. Моментално го користам овој, многу е убав.
Стикови не сум користела, имам сува кожа и не се потам многу, затоа најубави ми се ролоните на Нивеа. Најдобар до сега е Nivea energy fresh Green grass, прекрасен свеж мирис што не ти дава да замирисеш на пот, по него ми е Pearl & Beauty, ја омекнува кожата и ја прави многу убава, а исто така не замирисува на пот.. Не ви го препорачувам Invisible for black & white, навистина не остава траги на бела и на црна облека, меѓутоа не е добар антиперспирант, повеќе се потам и повеќе замирисувам од него..
Стикови ниту јас не сум користела, а и не планирам. Еднаш си купив еден рол-он од ФА, ама не го ни дотрошив. Не дека не бев задоволна, него некако многу лигаво и мрсно се чуствував. А и нели не се добри за кожата. Сега користам дезедоранси, Нивеа, некако најубави ми се, убаво мирисаат и доста се трајни. Прснувам кога излегувам, и не берам гајле. Моментално го користам Спојлер убав е, многу убаво мириса и не замирисуваш на пот. Ги имам користено и Спојлер и сите ми се свигаат и се трајни. Едит: единствено ова не ми се свиѓа Спојлер
Ако видиш на состојките на другите антиперспиранти, ќе видиш дека и другите содржат алуминиум. Така да сите се штетни. Ама рексона најмногу, бидејќи во поголема количина го содржи.
Рексона дезодоранс користам веќе со години. Пробав да го сменам со друг, ама пак се вратив на стариот. Моментално го користам овој, во новата амбалажа
Стикови активно користам последниве неколку години, откако конечно сфатив дека дезодорансите по измиена кожа, не траат многу. За разлика од стиковите, кога го нанесувам откако ќе се избањам, дефинитивно ја гледам разликата. Користам Рексона плавото, од тие малите што ги има низ маркетиве на каса, и Dove.
После долго користење на Нивеа Pearl, го сменив за овој и многу сум задоволна. Одличен за секое денарче.
скоро сите на нивеа ги имам пробано и стикови и дезодоранси со години ги користам и сите се добри освен pure&natural ме разочара тотално воопшто не траеше,а и рексона се многу добри.
Долго време го користам и немам никакви забелешки многу ми е убав, но решив малку да сменам и го земав убаво мириса, но некако ми е чуден, многу сув, ќе видиме понатаму како ќе се покаже, но по се ми изглеа дека ќе си се вратам на стариот и добар Dove.
Моментално го користам Преубаво мириса,добра заштита нуди,само што да се прашувам јас би земала спрејче,зашто ова додека да се исуши ми е некако Ама најдобри три до сега ми се 1. 2. 3. И Рексона Teen Spirit ама тој веќе го нема на пазарот Сега сакам да земам Боржуа,ама поскапи се па да не фрлам за џабе пари,некој ако ги користел нека каже некое зборче за нив. Спојлер
Ја го користам BU Heartbeat. Прекрасни се сите од ВU. Долго траат и преубаво мирисаат. А Rexona roll on- за СТОП на непријатната миризба од потта!
Одсекогаш користам нивеа а Нивеа calm&care посебно бидејќи имам чувствителна кожа која е многу подложна на инфекции и црвенило . Трае по цел ден и за тие што се физички поактивни .
девојки доколку се грижите за вашето здRавје прочитајте што се содржи во нив доколку наидете дека содржи ALIMINIUM HLOR HODRAT VO NIKOJ SLUCAJ NE UPOTREBUVAJTE !!! алуминиумовите соли предизвикуваат рак на градите ви зборувам од искуство мајками пред 7 години се оперирше од рак на градите за срека се помина добро, нивеа фреш го пронајдов и супер е, GRIZETE SE ZA VAшETO ZDRAVJE !
Морав да те предупредам,немој ни на сон да си го купила тој плавиот,леле толку грдо нешто немам видено во моиве 22 години....абе КАТАСТРОФА,јас го дотрошив конечно и тоа е првиот и последен пат што јас ќе купам дезодоранс од нив....