Позитивно изненадена. Веќе една недела го користам, ниту остава бели треаги, ниту се лепи. Евтин е, а делува беспрекорно. И свежо мириса.
Го користев неколку месеци и ми беше сосема ок, не замирисував, нити оставаше траги. Решив малце да сменам па го купив само розевиот, не најдов сликичка. Дали поради промената или што не знам почна потта да ми мириса забележливо појако што ужасно ми оди на нерви. Се вратив повторно на Нивеата но подобрување нема. Сега сакам да купам некој стик, ве молам препорачајте ми некој подолготраен и да не остава премногу бели траги
Алое вера стикот од ForeverLivingProducts најтопло ти го препорачувам, нема никаков мирис, на база на алое вера, го забавува потењето а потта воопшто нема непријатна миризба. Само што не знам дали го има по аптеки, од една форумџика прочитав дека се набавувал од дистрибутерите на ForeverLivingProducts, но ако сакаш можам да прашам и да ти кажам по ЛП
користам гарниер моментално и не сум баш задоволна а премногу потам под пазувите кажетеми убав антиперспирант..
Најмногу имам користено од Nivea, но различни видови. Ролоните не ми се допаѓаат баш, зошто треба да ставам па да чекам да ми се исуши, а јас немам толку време моментално имам Nivea Happy Time рол он. Ова многу ми се допадна, но мислам дека спрејчињата брзо се трошат и не ми се исплаќа или не?
Подолго време веќе го користев овој Блек енд Уајт на Нивеа и се беше океј, барем така мислев. Ама вчера се изнервирав кога видов дека на белата кошула ми се направиле жолти флеки под пазувите. Нели поентава е да не прави бело на црните и жолто на белите? Исто се нервирам што вчера кога беше мааалку потопличко, јас се препотив, и сакам некој посилен антиперспирант. Цело време користам стикови, што мислите, што е посилно, стикот или како спреј што е? Дури некаде имам прочитано дека ако се потам повеќе, да употребувам машки? СОС, хелп ми.
И јас така поштено си се зезнав со нивеата неколку маици уништив. Сега користам рексона стик и позадоволна сум, прво користев дезодоранс ама стикот ми е по практичен дека помалку се троши ваков е само во стик.
Користам исклучиво дезодоранс и ги менувам на некое време, затоа што после некое време како да ми се заситува кожата од еден вид, па помалку делува Него мене ме интересира кои од антиперспирантиве не содржат алуминиум? Постојано се зборува за тоа дека е штетен, а нема антиперспирант што не го содржи. Само кај лидерата имам приметено дека го нема,ама тоа е део крема и не го спречува потењето туку само ја неутрализира миризбата.
Дузи, мене стиковите ми се посилни т.е. поефективни. Барем кај мене така. Инаку, ова е најпрекрасниот стик, преубаво мириса: А од дезодоранси најдобри се покажале од Adidas со сино капаче и Rexona, оваа светло зелената:
Мене не ми се допаѓаат спрејчињата, некако ко да немаат дејство, а и мирисот брзо им се губи. Задоволна сум од стиковите на Рексона, Дав и рол-ончето Силк од Орифлејм, коe моментално си го користам. Патем, ме интересира кои се потрајни, стиковите или рол-оните? Jас лично не сум приметила некоја посебна разлика, ама ме интересира.
И јас мислам дека еднаш имам пишувано и пак ќе напоменам КАТАСТРОФА!Не очекував таков неквалитет на Буржоа.дезодорансите им се никакви.Не се лажете.Јас го имав светло розевиот.