Обично си користам стикови на Рексона преку лето ама машки, некако посвеж мирис ми имаат и подолготрајни се . А сега претходниов месец во Туш маркет на акција беше овој Дулгон и викам ајде да го пробам и се изненадив , никакво потење нити пак непријатен мирис. Ептен сум задоволна.
сите од нивеа скоро особено оние како сапунче, тие течните помалце (ми лепат) и најзадоволна сум од invisible розевото, виолетовото дабл и исто од лејдис спид спрејот го користев invisible ама ај да сменам и едвај чекам пак да си купам
Го имам целиов сет и го користам овој на Орифлејм моментално, инаку си ги менувам сакам повеќе да пробам, немам стрикно одредено еден и само тој да го купувам, сакам да мешам
Што се случува со Нивеа? Разочарана сум скроз! Значи купив вчера и гел за туширање исто Нивеа,од Космо. Геловите кои ми беа отсекогаш најубави и чиј мирис се задржуваше по цел ден,сега немаше мирис за жал,исто како вода да имаше во него Деодорансот имаше преубав мирис,многу ми беше ефикасен,а вчера на работа воопшто не ми држеше и исто нема никаков мирис.А имаше многу јак и убав мирис. Изгледа овие од Космо забушаваат.Не е првпат.На мм му купив од Тинекс исто таков 48 часа,не да мириса преубаво и му држи цел ден.Исто и млекото за тело на Нивеа им е ко гола вода. Е веќе не одам во Космо ќе им ја фрлам картицата! Еднаш ми се деси со пудра ,сега пак,ако ми е,којзнае што има ставено во шишенцата
Пишав на друга тема и сега дури видов дека постои темава. Сакав да кажам за сите што сакаат антиперспирант без оваа Aluminium Chlorohydrate состојка која што е канцерогена и многу штетна,единствен што не ја содржи е спрејот на Себамед. Го има во Јуник и е околу 600 ден.Го немам сеуште купено,но во план ми па ќе ви пишам каков е. Инаку сите производи на Себамед се медицински и не содржат штетни состојки како што содржат другите.
Спрејовите - не ме штитат доволно и брзо се трошат. Рол-оновите - не ме штитат доволно и ме нервираат додека се исушат. Стиковите - ме штитат ама многу оставаат бело на алиштата. И сега не знам што да користам??? Се што користев досега ми е здосадено и многу им е расипан квалитетот. Нивеа не е тоа што беше. Лејди спид стик, исто. Рексоната ми е преагресивна на кожата. Имам користено кристален камен, и други органски средства без алуминиум, ама многу малку штитат. Треба на секои 3 часа да ставаш од нив.
Одличен рол он го добив на поклон бев скептична затоа што имав лошо искуство со рол оните имено секогаш под пазувите ми беше влажно и иритирано, ноо овој ме изненади, ем мирис на чисто и свежо, ем воопшто не се потам, не иритира и што е најважно ми е суво под пазувите. Досега го користев стикот на Дов, но не издржува. Епа :up: :up: за Балеа, уште еднаш ме изненади.
Го користам некое време и сум презадоволна.Некогаш чат пат за промена си земам Rexona стик и тоа машки.Имаат убав мирис и факт е дека се мноогу долготрајни
Јас преферирам повеќе стикови од дезодоранси, зашто тие повеќе штитат (иако спрејовите повеќе ладат). Задоволна сум од стиковите на Фа и Виши, и дезодорансите на БиЈу и Фа. :up: А не сум задоволна од дезодорансот на Рексона. Прв пат користам нешто од Рексона и од старт ме зарочара. Заштитата не трае долго, а знае да остави и бели траги на облекава или кожава. own:
Од се што имам испробано,се ми остава бели траги на облеката.Освен овој што го користам моментално Lady Speed Stick ...ептен сум задоволна од него и не го менувам ни под разно!
Последно земав сапунче-дезодоранс од Лаш и дефинитивно е ефикасно! Башка-не содржи штетни материи, а тоа беше основната причина поради која решив да го пробам, а богамии и фактот што со си уништив неколку маички со спрејовите со пудра . Сега за нанесување е малку проблем бидејќи знае да се подизрони, ама и да се испотиш држи цел ден без проблем!
Девојко, пробај ги на DOVE спрејовите нежни се и држат пот подолго време, а пред се не мирисаат премногу нападно..