Порано најчесто користев рол-он или стик, ама веќе со години наназад користам само дезодоранс и тоа стриктно Рексона. Имам пробано и други, ама некако Рексоната се покажала како најдобра. За на пролет најубава ми е онаа од цитрус, ептен е свежа. А моментално ja користам cotton
Производи за лице од кои сте задоволни, а од кои не сте Дезодорансов веќе НИКОГАШ, НИИИИИКООООООООГААААААШ!!!!!!!!!!!! Ми направи такво страшно црвенило, чешање, дури и мали пликови.
http://2.bp.blogspot.com/-0X-37bOYTBc/U ... t-50ml.jpg јас ова го користам од Авон и презадоволна сум од него
Откритие ми е овој! Претходно користев Нивеа или Рексона, но овој мириса ептен свежо и трае стварно долго.
Мора да ти е до организмот, некоја состојка можеби не ти одговара, бидејќи ова е единствениот производ од Нивеа што го користам и многу ми се допаѓа, го купувам трет пат и тоа баш бев скептична бидејќи буквално ниту еден производ од оваа фамозна Нивеа нит ми се допаѓа нит ми одговара. Ама ете, дезодорансов испадна исклучок
Го користам овој моментално Трет пат веќе го купувам. Првите пати кога го користев бев презадоволна, убав мирис на чисто, на свежо и добра заштита, ама последниов пат како да не е тоа тоа. Дали нешто има сменето во составот не знам, ама веќе не е траен како порано и му се менува мирисот после некое време Како за белја, го имам дома и дезодорансот од истава линија, па реков ај и него да го пробам, иако мразам дезодоранси од дното на душата и признавам само стик Ставив само два пати и никогаш повеќе! Не ми се допаѓа едноставно, со дезодоранс се чувствувам мокро под пазувите, како запотена, а и немав чувство дека штити најискрено. Така што, сега мајка ми го користи и дефинитивно решив дека ни под разно веќе мојава пазува дезодоранс нема да види Да го дотрошам стиков на Гарниер, па ќе си го купам пак Dove. Најдобар ми е убедливо, му нема замена. Имам пробано се` живо - Нивеа (катастрофа невидена), Фа, Рексона (ок се, ама ич не ги сакам, не знам зошто ). Што и да пробам ново, секогаш му се враќам на Dove. Омилен, со мирис на бебе. Еве овој
Има баш ги видов има лила со пеперутки и бело-зелен сензитиве, и прочитав позади дека е за под пазуви, не остава бели траги, 48часовно дејство...... убаво мирисаа ама не земав а дезодорансите се други, знам на кои мислиш
Oткако Dove ми откажаа љубов и тотално ме разочараа,Dove зелен од краставица,првите неколку тури ок,за да последната смрди буквално,и те поти уште повеќе (купен од Веро,ако нешто значи),морав во потрага по нешто ново. Со оглед на тоа што ги имам користено мини стикчињата нa Rexona,иако скептик заради тоа што дездорансите не ми беа ефиксни,сепак купив големо стикче на Рексона,зелено од Алое Вера. Освен што осеќам цело време свеж мирис,воопшто не ме поти Супер задоволна ,205 ден од Тинекс.
Само Рексона дефинитивно :up: и тоа само зелената од алое вера.Јас сум навикната на неа,поточно на дезодорансот а и стикот му е супер имам и други пробано ама не е то то,не се осеќам сигурна си мислам дека смрдам од другите
Хм не ми е јасно зошто нивеа ги толку критикувате? Јас исклучиво користам нивеа аниперспирант значи спреј.. Постојано експериментирам со мирисите па последен ми е Nivea energy а оодлични се и nivea pearl, тој со морски екстрат и сега во моментотне ми текнуваат кој други сум ги користела но сепак нивеа според мене се незаменливи
Моментално користам стик Фа Спорт. Претходно користев стик Рексона од алое-вера, ама бидејќи немаше таков купив стик Фа. Катастрофа е. Едвај чекам да го потрошам и пак да купам Рексона.
Имам пробано секакви ама Rexona е Rexona Досега го имав користено само овој а последен пат кога купував го немаше па го земав овој,одличен мирис кај и да е ќе треба пак да купувам и сакам и од другите да испробам да видам кој најубаво ќе ми мириса,па кој ми го препорачувате?