Јас не верувам во чудотворното дејство на анти-перспирантите и мислам дека е тоа маркетиншки трик во делот пшто се однесива до спречување на потењето. Додека што се однесува до отсранувањето на непријатниот мирис и мекоста на кожата да, верувам и сум постигнала добри резултати во тој поглед. Значи потењето неможе ништо да го спречи освен елиминирањето на стресот, бедејќи стресот е бр1 причина за потењето, бидејќи сетете се на милион ситуации кога ниту било жешко, ниту спарно а вие сте биле жива вода. Инаку разните анти-перспиранти многу лошо влијаат на облеката и знаат многу брзо да ја уништат во пределот на пазувите, особено стиковите и рол-онинте. Инаку да, во поглед на свежината и нежноста на пазувите помагаат анти-перспирантите што се на база на алое. Секако потењето и грубата кожа под пазувите може да придонесат за губење на самодовербата кај многу девојки. Јас имам другарка која од тие причини не се осудува летно време да облече маица со прерамки бидејки смета дека кожата под пазувите не и е доволно нежна и има некој комплекс. Инаку да се вратам на ефикасноста на анти-перспирантите во поглед на потењето. 1. Неможеш да ставиш стик или рол-он на целата мишка буквално туку нормално ќе ставиш на стредината а потта ќе излезе од останатите пори во околината и ефектот е ист. 2. Доколку излегувате со маица на прерамки добро потрудете се стикот да се впие добро пред да излезете бидејки е непријатна глетката да ви останат грутчиња како да ви свршувал некој под пазувите. Исто така кога нанесувате рол-он немојте да ставате 1 ќило и да светите кога ќе кренете рака. Ставете малку 15 минути пред да излезете за да има врме кожата да го впие пред да се појавите во јавност, бидејќи и да ставите 1ќило само ќе се улепите и мишката ќе ви изгледа како никогаш да не сте се измиле а ефектот ќе биде ист. Значи елиминирање на стресот и отворени маички на прерамќи е лекот за летниот период бидејќи кога не е покриен делот на пазувит има подбар проток на воздух а и можност да се забришете со палома и да продолжите понатаму без никакви последици т.е кругови под пазувите.
Имам користено многу антипреспиранти ама скоро сите ги имам пробано, отсекогаш слушав дека се штетни ама кога се мора се мора. Вчера земав еден на Балеа, читам таму без алкохол ова она, викам ај ок е, и после доаѓам дома кога гледам има алуминиумска сол , уствари сите ја имаат а баш таа била штетната и јас дури вчера открив И одам денеска пак да купам некој нов без алуминиумска сол и имаше баш таков исто на Балеа , арно ама па тој има некоја состојка Sodium benzoate , и сега читам на интернет била нешто како парабен значи ако го нема едното го има другото и обратно Добро има антипреспирант без овие состојки?
Прочитав за антиперспирантот на Боржуа тука на форумов, и го земав. Одличен е, вреди за парите! Во составот вика дека е без алкохол и дека има 24 часовен ефект благодарение на состојките на кристалниот камен. Има пријатен мирис, го препорачувам. Од Космо го земав 180-190 денари. И овој на Нивеа е фин, го користев лани летото, многу е свеж, и си го земав пак, за наизменично користење, а инаку антиперспирантите на Нивеа се по 129 денари во ДМ.
Душкајки во последно време по антипеспирантиве некако ме јаде мисла што се ставам а имаат штетни состојки од кои ми се крева косата на глава.Лани едно време користев сода бикарбона ама ми недостигаше да има пријатен мирис.Минатата недела налетав на еден рецепт па реков што ме чини да пробам.Значи се земаат 2 лажици сода бикарбона 1 лажица густин и неколку капки масло од еукалиптус.Тоа ви е во оние мали шишенца.Може да ставите било кое за мирис кое на вас ви одговара.После туширање прстите во тегличката и само се поминувам дури сум во када да не правам неред.И...нема мирис дури и пријатно мириса од еукалиптусот.Е сега не знам како ќе се покаже за баш топливе денови што доаѓаат,ама и за ова сум задоволна.Да напомененам не го спречува потењето -што и не треба нели-само ете убаво мириса а не користиш штетни состојки.А и не е скап. Човек кога нема пари свашта пробува.
Јас го имам користено првиот,само порано беа во други пакувања,мене мноооогу убаво ми мириса,да има во стик се тој ќе го користам,вака дезедоранс не ми се исплаќа да го земам оти за 2 недели го трошам.
ЗНАЧИ ВАКОВ АНТИПЕРСПИРАНТ НИКОГАШ ПОВЕЌЕ .. УЖААС НЕВИДЕН ! .. беа на акција нешто овој розевиот и зелен ист таков, си реков да купам да видам какви се .. колку само смрдатт .. оставаат и бели траги на маиците а па за заштитување од потта да не зборуваме .. own:
Според мене антиперспирантите на нивеа се најдобри. Прво го користев и беше супер, многу долготраен. А сега бидејќи неможев да го најдам во маркет, незнам поради која причина го нема никаде , го земав овој новиот , има мирис сличен на првиот, тоа беше и причината затоа што го земав, се надевам ќе се погоди.
Ги користев порано на Нивеа дезодорансите, но сите ми оставаа бело на облеката и некако влажно осеќав под пазувите.Додека Dove invisible dry не остава бело, сув е а мириса прекрасно.
Здраво, девојки Сакам да земам антипереспирант од колекцијата на Dove, е сега се двоумам измеѓу стиковите и дезодорансите, Ваше искуство, мислење..
Mасима,подобро дезодоранс си земи,плус летно време е ,нема да ти остава бели траги. јас имам лошо искуство со стиковите
Апел до младите да не претеруваат со користенје на антиперспиранти т.е стикови, рол они, дезодоранси.... Ја знам потребата од ова нужно зло особено летно време но апелирам да не се претерува со нивно користење бидејќи штетните последици од нивно прекумерно користење не се чувствуваат веднаш туку многу покасно. Нормално е кога ќе излезете да ставите тенок слој кој ќе ви дава свежина но не да ја циментирате мишката мислејќи дека што повеќе ставите дека ќе спречите да не се потите. Лага е дека постојат антиперспиранти кои го спречуваат потењето, антиперспирантите само и даваат пријатен мирис на потта. Но исто така не заборавајте дека по враќањето дома треба да го отстраните антиперспирантот од телото, најдобро е со туширање но може и со одмивање само на тој дел од телото. И, една многу битна работа, барем кога сте дома оставете го телото да дише, оставете да барем вие го почувствувате природниот мирис на сопственото тело бидејки веруам дека голем дел од вас се толку опседнати со нанесување на аниперспиранти што и самите заборавиле како мириса нивното тело. Не заборавајте најбитно е редовното туширање доколку тоа не го правите тогаш ниту еден антиперспирант нема да ви помогне.
Јас минатиот пат кога бев во ДМ земав од овој антиперспирант и мноооогу сум задоволна. Буквално 24 часа заштита,убаво мириса,не нападно,за околу 100 денари. Мене лично,овој антиперспирант ми е подобар и од Нивеата(некако многу тешко ми мириса тоа),и од сите. 10/10