Да и јас имам слушнато дека претераното користење на антиперспиранти е штетно, ама јас знам за дезодоранси, а ролон или стик дека не било толку Баш една другарка и излезе под пазувите нешто како циста и и рекле дека од прекумерно користење на дезодоранс.. Кој знае.. Јас ставам еднаш-два пати на ден зависи колку долго сум излезена..
Јас имам читано дека стиковите се штетни. Со нивно често користење доаѓа до појава на црвенило и иритација под пазувите.
имам проблем и би сакала доколку знаете да ми помогнете премногу се потам неможам да носам облека во боја па дали има некој перспиранти кои би можел да ми помогнат
Значи дали е спреј, рол-он или стик апсолутно нема никаква разлика.Станува збор за ист производ во различен облик.Не на секого му одговара ист производ затоа измислиле варијации на тема.Многу поважно е што содржат во себе,од типот на ал.соли....
На мене ми помага стикот Рексона. И дезодорансот е добар. Пробај еден од тие два или пак некој друг стик или дезодоранс.
Убедливо само Dove! Имаат солиден избор на различни мириси мене invisible dry сега за сега нaјмногу ми се допадна, мириса нежно ама буквално на чисто бањано бебе ми ме асоцира , без да ја усмрдам цела соба дома со мирисот како што се случува со другите марки а и се задржува доволно долго за биде доволно еднаш во ден да се ставам само. И да нормално дека се потам во иста мера, само барем мириса на чисто. Сега за сега сум најзадоволна од Dove, другите или ми имаат лоши или јаки мирис и не ми траеше свежината повеќе од 3-4 часа. Знам дека се штетни и не треба да се става повеќеод 2 пати во ден, затоа и мислам дека Dove се најдобра солуција. Во Дм се на попуст, некои видови, од 220 на 180 денари.
Значи употребата на дезодоранси на кои пишува антиперспирант, ни малку не е добра. Имав читано на некоја статија дека предизвикуваат рак ако ги користите постојано. Јас користам дезодоранс на кој не пишува антиперспирант, и не остава бело под пазувите..
И јас знам дека се штетни ако прекумерно се става, ама ај не стави... Несакам да бидам непожелна за околината. Зашто реално колку и да немате некоја јака пот или што и да е на ова жешко сакал нејќел мораш да ставиш нешто за против потење. Дури и да ставиш се потиш, а не да не ставиш ама барем мирисаш убаво ако имаш ставено. Како и да е. Јас цел живот си го користам Rexona стикот. Имам пробано онака некогаш од мерак и други ама секогаш си се враќав на Rexona. Најмногу го користам зелениот и преубаво ми мириса, останува мирисот и цел ден да сум излезена.
Ова е одлична замена за сите оние хемикалии што ги содржат антиперспирантите и дезодорансите. Јас веќе три пати досега го правам, фантастичен е! Само треба да се чува во фрижидер на ова топло време, не може да го носите со себе во чанта или било каде. Мириса прекрасно, нема прекумерно потење, и не остава флеки на облеката. Пробајте го, нема да зажалите. Јас го најдов уште минатата година на интернет, еве го и на македонски Домашен део стик со кокосов путер вреди, верувајте! Дозата ќе си ја прилагодите според тоа каде ќе го чувате. Кокосовото масло или путер го имате во Зегин, Рамстор, во делот за здрава храна во Веро и Супер Тинекс, во БиоКулт во ГТЦ.
^ Аууу.. прв пат слушам т.е. читам за вакво нешто. Малце сум скептик ама мора да се проба, ептен ме заинтересира. Ако ништо друго барем од љубопитност ќе пробам па макар и ништо на крај да не излезе.
Поголемо срање од ова не сум користела, катастрофа е .. Сега го користам овој на Нивеа, и задоволна сум. Не ги преферирам многу Нивеа, ама овој солидно се покажа.
јас имам забележано дека кога користам појаки дезодоранси повеќе се потам, а кога користам поблаги верзии не се потам скоро ич, освен ако е екстремно жешко или сум во стресни или напнати ситуации. Вака за летен период многу ми е освежителен nivea energy fresh а исто така сум задоволна и од рексона розевиот.
Мене дефинитивно најубави ми се Dove, бидејќи не мирисаат јако (да потсетуваат на некој пафрем), а и за чудо ме чуваат сува под пазувите неколку часа, што не се случува со друг антиперспирант. Инаку за Fa и јас имам негативно мислење откако добив еден на поклон и со едно мало прскање ме угуши и плус не ме заштити од потење, така да не планирам да ги пробувам и стиковите нивни.